verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За квалитетна вест, важна е прецизноста

on 13 - 02 - 2017       

 

A1 on

[Рецензија:  Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев]

 

За да биде добро напишана, една новинарска вест треба да биде куса, прецизна, разбирлива и да ги содржи сите елементи што ќе ја пренесат целосната информација. Предмет на оваа рецензија е една куса вест, од само две реченици, за тоа со кого сè ќе се сретне еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, за време на посетата на Скопје, во екот на постизборните преговори за формирање влада. Одговорот е даден и во насловот: „ Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев“, со што се сугерира дека, освен со Димитриев, Хан ќе се сретне и со некој друг, во случајов тоа се парламентарните партии. Сепак, начинот на кој е срочена веста, иако навидум сите елементи се запазени, прави таа да биде збунувачка и нејасна.

Рецензија: И прецизноста важна за квалитетна вестЛинк до оригиналниот напис: Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев

Датум и време на објавување: 8.02.2017

Датум на рецензирање: 10.02.2017, 21:35

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ЗБУНУВАЧКА РЕЧЕНИЦА

Главната информација, освен во насловот, е дадена и во главата на веста – во првата реченица: „Актуелниот премиер на Република Македонија, Емил Димитирев ќе оствари средба со Јоханес Хан, за време на неговата посета на Скопје“. До тука, на читателот му е јасно и кој и кога и каде. Но, втората реченица е збунувачка:

„Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ доаѓа во Македонија за да присуствува на министерскиот состанок посветен на енергетиката, а ќе оствари и средба со парламентарните политички партии како и со претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев“.

Откако ја најави средбата на Хан со Димитриев, веста повторно вели дека Хан ќе се сретне и со параментарните политички партии и со претседателот на Владата на РМ, Емил Димитриев. Иако е јасно дека премиер и претседател на Влада се едно исто, конструкцијата на реченицата е таква што наведува на помислата дека или се работи за некоја друга средба или дека ќе има две средби. И покрај тоа што се гледа намерата втората реченица да ја дообјасни првата, целта не е постигната, а читателот останува збунет. Само мала интервенција во редоследот на зборовите во втората реченица ќе ги поставеше работите на своето место и таа би можела да звучи, на пример, вака: „Покрај средбата со Димитриев, еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, кој доаѓа во Македонија за да присуствува на министерскиот состанок посветен на енергетиката, ќе има состаноци и со парламентарните политички партии“.

Во веста не е земена предвид и спецификата на актуелниот момент. Имено, Димитриев е наречен премиер иако на предвремените парламентарни избори минатата година е избран за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, но, поради тоа што не е формирана новата влада, сè уште ја врши функцијата на претседател на владата која е во заминување. На тој начин го нарушува уставното начело на неспоивост на функциите од законодавната и извршната власт. Вообичаено, во вакви периоди на интеррегнум, и за владите и за носителите на министерските позиции се нагласува дека се „во оставка“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести