verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Место факти, промоција на верски убедувања

on 23 - 02 - 2017       

deneshen

[Рецензија: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија]

 

Приказната дека наводно на лажицата што се користи за причестување во православните цркви немало ниту една бактерија, иако ја ставиле в уста сите верници кои присуствувале на верскиот обред и дека тоа, наводно, го потврдиле и научници, веќе неколку месеци се врти низ српските портали, а сега стаса и во македонските. Почнувајќи од насловот, кој е неверодостоен, преку содржината, па сè до илустрацијата, оваа информација е проблематична, бидејќи нема извори, верски убедувања пласира како факти и читателите ги наведува на погрешни заклучоци.

Рецензија: Место факти, промоција на верски убедувањаЛинк до оригиналниот напис: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија

Датум и време на објавување: 11.02.2017, 16:32

Датум на рецензирање: 22.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД „НАУЧНИЦИТЕ ВО МОСКВА“?

„Истражувањето во Москва покажа сосема неверојатен факт, научниците кои ја испитале истата лажица од која сите верници се причестувале, виделе дека во неа не постои апсолутно никаков вирус или  каков било вид бактерии“.

Тврдењето дека некаде некогаш имало научно истражување што покажало дека предмет кој бил во устите на десетици и десетици верници, односно бил користен за време на верски обред во православна црква, но по употребата останал сосема асептичен (без ниту една бактерија) е тешко за верување, а уште потешко кога не е наведен ниту еден релевантен извор кој би потврдил со својот авторитет дека тоа тврдење е точно. Фразата „Истражувањето во Москва“, тешко дека некого може да го убеди во тврдењето дека некоја релевантна научна институција воопшто спровела истражување со вакви резултати, бидејќи и на лаик му е до некаде познато дека не може да има асептичен или стерилен предмет кој е изложен на воздух, а не пак, на допир или, ако бил во нечија уста.

„Нучниците останале зачудени откако неколку пати го повториле истражувањето и на неколку различни локации, а резултатот секогаш бил ист – немало никакви бактерии, што покажува дека Господ нѐ штити“.

Ништо од кажаното не може да упати на заклучок дека за наводната стерилна лажица со која јаделе повеќе луѓе, е заслужен Господ, па дури ниту повикувањето на неименувани научници. Она, меѓутоа, што е научен факт е дека одредени метали, како, на пример, златото и среброто, имаат специфичен ефект на микроорганизмите, наречен „олигодинамичен ефект“, односно имаат својство да бидат токсични односно „биоцидни“ за поголемиот број познати бактерии.

 

 

НЕ ГИ УБИВА ГОСПОД БАКТЕРИИТЕ, ТОА Е СВОЈСТВО НА БЛАГОРОДНИ МЕТАЛИ

Ова својство на благородните метали ѝ е познато и на Црквата и поради тоа лажиците за причест најчесто се сребрени или  златни (како што се гледа и од илустрацијата на текстот). Но, тоа во ниеден случај не значи дека лажицата по употреба можела да биде стерилна, туку, според објаснувањето од една научна студија, на површината на металот се случува хемиски процес кој за резултат има драстично редуцирање на количеството на бактерии на даден простор. За жал на промоторите на религиозни содржини, овој феномен има строго научно објаснување.

Тешко е да се поверува дека во 21.век, во медиум кој нема стриктно верски карактер, ќе се најде текст кој се обидува науката демагошки да ја злоупотреби за да пласира научна невистина, односно наивно срочена верска пропаганда.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести