verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И снегот (зло)употребен во политички цели

on 12 - 01 - 2017       

republika

[Рецензија: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)]

 

Дали веста што ја рецензираме информира, дезинформира или оцрнува? Одговорот на ова прашање ќе се добие доколку се анализира содржината и фотографиите што ја дополнуваат. Се работи за таканаречена „фото-вест“, односно информација која појаснува фотографија од местото на случувањето, поточно од неименувана улица во Куманово, прекриена со снег, за време на неодамнешниот студен бран што ја зафати Македонија кусо по новогодишните празници.

Рецензија: И снегот употребен во политички целиЛинк до оригиналниот напис: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)

Датум и време на објавување: 6.01.2017

Датум на рецензирање: 10.01.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Според расположливите информации од медиумите, Куманово со денови беше еден од најстудените градови во Македонија. Дополнително, се информираше за тоа дека улиците и тротоарите низ градот не се исчистени, па повеќе жители на овој град во северниот дел на земјава се повредиле паѓајќи на подмрзнатите улици. Според тоа, главата на веста, нејзиниот ударен информативен дел е точен:

„Комуналните служби на Куманово не излегоа на улиците како во другите поголеми градови. Најзагадениот град во државава е парализиран, зашто градските власти очигледно биле затечен од најавеното невреме“.

 

 

ПРЕТЕНЦИОЗНОСТ

Но, потоа следува следново:

„Наши читатели ни ги испратија фотогафиите на кои се гледа дека кумановци нема да имаат можност оваа година да се подготват за Бадник и Божик, зашто општинската власт на СДСМ не им обезбеди основни услови за живот“.

Со овој коментар, всушност, се проследени фотографиите на кои се гледа празна помала уличка со само едно паркирано возило и еден човек во движење, прекриена со неисчистен снег од неколку сантиметри, сликана од неколку различни агли. Меѓутоа, звучи, во најмала рака, претенциозно тврдењето дека од овие фотографии воопшто може да се согледа состојбата со неисчистените улици во Куманово, бидејќи тие не ја даваат вистинската слика за состојбата, односно не информираат за тоа каква е состојбата со главните, фреквентни сообраќајници, кои треба да имаат приоритет во расчистувањето.

Локалната самоуправа во Куманово ја прозваа и други медиуми за лошата состојба во градот и за ненавремен ангажман околу расчистувањето на снегот од градските улици, но тоа го сторија документирајќи ја состојбата со фотографии и со снимки од главните сообраќајници, како и со податоци од кумановската болница за бројот на повредените граѓани.

 

ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ПОВАЖНА ОД ВЕСТА

Поради тоа, од приложените фотографии не може да се види ништо, а најмалку тоа дека „кумановци нема да имаат можност оваа година да се подготват за Бадник и Божик, зашто општинската власт на СДСМ не им обезбеди основни услови за живот“. Патем, целата реченица е без смисла, бидејќи звучи неверојатно дека кумановци комплетно ќе се откажеле од подготовките за божиќните празници поради неколкуте сантиметри снег на улиците, а истакнувањето на податокот дека за тоа е виновна „општинската власт на СДСМ“, само укажува на политички пристрасното коментирање во насока на оцрнување на конкретна политичка партија, бидејќи за целовитоста на информацијата во овој момент не е важно на која партија ѝ припаѓа градоначалникот на Куманово, туку како тој работи во полза на граѓаните.

И покрај тоа што критиките упатени кон општинските власти во Куманово се покажаа објективни, веста што беше предмет на оваа рецензија покажа висок степен на необјективност и на политичка обоеност во пристапот.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

има и точни и неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести