verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лични навреди и квалификации подметнати како новинарство

on 9 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

 

[Рецензија: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес]

 

Рецензираме гневен и исклучително непрофесионално срочен текст, полн со лични навреди и со негативни квалификации наменети за голема група личности од јавниот и од интелектуалниот живот на земјава. Поводот за пишување на овој текст е неодамнешното писмо за поддршка на Амбасадата на САД и на земјите на ЕУ во Република Македонија од група македонски интелектуалци, упатено до американскиот Конгрес и до Европската комисија.

Рецензија: Личните навреди подметнати како новинарствоЛинк до оригиналниот напис: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес

Датум и време на објавување: 3.02.2017

Датум на рецензирање: 7.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

Главна цел на написот не е да информира, туку да пренесе нечии ставови за некоја актуелна дневно-политичка тема. Во овој случај, ставовите во написов тесно кореспондираат со ставовите што ВМРО-ДПМНЕ јавно и повеќепати ги искажа на сметка на неколку странски амбасадори во земјава. Во него, всушност, и нема информација, тој е коментар со јасни карактеристики на лична пресметка со личностите посочени во него.

 

НЕВИСТИНИ И ЛИЧНИ НАВРЕДИ ЗА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ

Според критериумите за објективно новинарство, меѓу кои вистинитоста, секако, го зазема првото место, наводите во овој текст се невистинити и неверодостојни. Еве само еден пример:

„Меѓу потпишаните се наоѓаат не само горенаведените профили добро познати за јавноста како „дрвени адвокати“ на опозицијата и соросови платеници, туку има и поранешни затвореници и шверцери кои решиле да пратат писмо до американските конгресмени и да им се мешаат во нивното право да бараат одговорност од своите амбасадори односно луѓето кои ги праќаат во мисија за да ја претставуваат нивната земја, испитувајќи дали ја извршуваат мисијата доследно или спроведуваат интервенционизам и го нарушуваат суверенитетот на земјата во која се, како и имиџот на Соединетите Американски Држави“.

Со ваков цитат не може да се полемизира ниту во него да се бара некаков новинарски приод, бидејќи ниту едно тврдење во него не се заснова врз некакви факти, туку се работи за паушални тврдења и за негативни квалификации и за навреди. И покрај тоа што сите потписници на писмото се универзитетски професори, публицисти, интелектуалци, во написот тие се оквалификувани како полу-реализирани и нереализирани луѓе со неоправдана самодоверба“.

Се наведува дека тие „пренесуваат потполно бесмислената пропаганда на СДСМ/Сорос и пишуваат дека „беа откриени големи скандали на неовластено прислушување од страна на МВР на сите оние кои поинаку размислуваа“, алудирајќи притоа на аудиоснимките што ги објави СДСМ и на доказите за масовно прислушување и на криминал, кои беа на тој начин обелоденети, нарекувајќи ги „лепените бомби“. „Квази-интелектуалците“, како што ги нарекува овој напис, „пишуваат валканици и потполни измислици за својата држава и за политичките опции кои не им се мили“, со што се прави обид една политичка партија, која била на власт во изминативе години, да се поистовети со државата.

Во оваа реченица, пак, навредите и невкусните лични квалификации го доживуваат својот врв:

„На листата на интелектуалци има и „нови“ имиња како еден од основачите на НСДП Милчо Пановски, насилниот професор Љубомир Фрчковски од СДСМ, увозникот на коли, парфеми и фелни од Брисел Нано Ружин исто така од СДСМ, поранешниот естраден уметник денес активист на СДСМ Јове Кекеновски, професорот со нула објавени научни трудови со импакт фактор Борче Давитковски, математичкиот гениј Ѓорѓи Спасов од СДСМ, лустрираниот Ѓорѓи Тоновски и осудениот криминалец Ване Цветанов…“

Извор на овој напис е пишувањето на „Журнал“, што е наведено во текстот и тоа е воедно и единствената негова допирна точка со она што би значело коректно новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести