verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Навреди и невистини во одбрана на наративот на власта

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Ван Хојте му се заканува на Петровски поради објава на Фејсбук!]

  Понекогаш е многу тешко да се анализира напис од аспект на новинарски стандарди кога во него нема никакви новинарски елементи туку претставува само листа на навреди, дискредитации, исмевања и на невистини. Еден таков „тежок примерок“ е и текстот што е предмет на оваа рецензија. Се работи за напис кој, поаѓајќи од спорната објава на Филип Петровски,

Вистината избркана, спинот „дивее“

на 16. 11. 2016 | |

 [Рецензија: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ]

  Написот што го рецензираме се издвојува меѓу десетината објавени информации за сообраќајната незгода во која учествувала Мила Царовска, функционер на Социјалдемократскиот сојуз. Она по што тој се издвојува е исклучително необјективниот пристап, претераните и навредливи квалификации и коментирањето на кое не му е место во една информација – вест за настан. Целиот напис има исклучително силна политичка обоеност, која е неприлична за репортерско известување. Линк до оригиналниот напис: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ Датум и време на објавување:12.11.2016, 16:59 Датум на рецензирање: 15.11.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

Ништо од објективноста кога се манипулира со фотографијата

на 11. 11. 2016 | |

[Рецензија: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност]

  Овој текст се обидува да прави паралела помеѓу два концепциски сосема различни настани и тоа го прави со жар на навивач за омилениот фудбалски тим, пристрасно и некритички, заборавајќи на основните новинарски правила за објективност и за вистинитост. Кога се известува од настани на кои го гледаш само тоа што сакаш да го видиш, резултатот е некаде на пола пат помеѓу вовед во репортажа од времето на соц-реализмот и проширена вест полна со почетнички грешки, скуден стил и вокабулар. Вистината е избркана, спинот царува. Линк до оригиналниот напис: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност Датум и време на

Актуелно и аргументирано, рецепт за добро новинарство

на 7. 11. 2016 | |

 

[Рецензија: Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец]

  Пред нас е текст кој претставува пријатно изненадување кога се во прашање новинарските стандарди – тој, главно, има сè што е потребно да биде оценет како објективен, содржаен и веродостоен, а згора на тоа, обработува една мошне актуелна тема – богатството на партија на власт, олицетворено во речиси завршеното велелепно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Овој објект стана симбол и е незаобиколен дел од имиџот на партијата како субјект на моќ во македонското општество, а јавноста има мали или никакви сознанија како се случи тој да стане реалност. Пред фактите и боговите молчат, а во овој напис од нив едноставно не може да се избега! Линк до оригиналниот напис: Како жолтата

Насловот „крвав“, читателот измамен

на 2. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Крв на скопските улици: 35 лица завршија во болница]

  Кога ќе се прочита наслов како овој на прилогот што го рецензираме, прва асоцијација кај секој читател, гледач, би била дека медиумот известува за некоја голема несреќа што се случила во Скопје, факт кој неминовно би вознемирил, загрижил, растажил, односно би предизвикал негативни чувства. Но, кога ќе се прочита целиот напис под ваквиот наслов и ќе се дознае дека, всушност, се работи за прераскажан билтен на сообраќајната полиција на СВР Скопје за изминатиот викенд и дека во него станува збор за збирна информација за сообраќајни инциденти со лесни последици – лица со лесни телесни повреди, помала материјална штета, како и поминувања на црвено светло, неврзан сигурносен појас и користење

Внимание: вклучен партискиот детектор за небулози!

на 31. 10. 2016 | | sq

 [Рецензија:Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма (ФОТО)]

  Една од првите работи што се учат во новинарската практика е дека и „немам што да изјавам“ е – изјава! Од друга страна, пак, изјави, искази на јавни личности, политичари и на припадници на други јавни професии, без оглед колку и да се штури и неодредени, невистинити, груби, се вистинско богатство бидејќи јавно искажаниот збор е еден од темелите на кои треба да се потпира вистинитата информација, како основа на објективно и професионално новинарство. И затоа, насловот „Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма“, на написот што го рецензираме е првиот аларм што се вклучува 

Од лапсусот не се гледа веста

на 4. 10. 2016 | |

[ШТО МУ Е ПРВО НА УМ НА ЗАЕВ: Другарки и другари, пред да го излажам… (ВИДЕО)]

  Извештајот односно проширената информација од некој настан е форма на новинарско изразување кое се заснова на правилно презентирање на клучните факти и детали од настанот, за јавноста да стекне што е можно попрецизна слика што навистина се случувало и тој не остава простор за толкување, коментирање или пласирање на лични ставови и согледувања на новинарот – репортер. Но, овој извештај од работата на Конгресот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не ги запазува основните новинарски правила и на читателите им го нуди она што сака – а тоа е првенствено да пренесе порака до читателите во која ќе го исмее, оцрни и омаловажи претседателот

Нема вест, ама има невкус

на 3. 10. 2016 | | sq

[Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии]

  Целосно безначајно, нерелевантно за јавноста, но затоа невкусно и бескрупулозно е писанието што го рецензираме овојпат. Како поинаку да се оцени кусата објава во која приватна фотографија на една личност од опозицијата во друштво со уште двајца свои сопартијци, во неформална атмосфера, објавена на приватниот фејсбук-профил, е искористена за грубо и за плукачко коментирање? Линк до оригиналниот напис: Мухи со познатите фаци се учи како да монтира фотографии Датум и време на објавување: 27.09.2016, 23:00 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

ВЕСТА Е ДЕКА НЕМА ВЕСТ!

Уште на почеток треба да се истакне – се работи за напис кој навредливо коментира објавување на приватна фотографија на приватниот 

Фали го Груевски, плукај по „соросоидите“ и – ете ти текст!

на 29. 09. 2016 | |

[Рецензија: Груевски со нови проекти, СДСМ/Сорос со деструкција и фарбање]

  Во овој напис информацијата за настанот за кој станува збор е филувана со политичка пропаганда, на која не ѝ е место во информативен жанр каков што е извештај од прес-конференција, туку во коментар. Текстот  што го рецензираме е хибрид кој не ги исполнува основните новинарски стандарди за објективно, точно, непристрасно и целосно информирање на медиумските консументи, бидејќи им наметнува ставови и им сугерира мислење за она за што информира. Линк до оригиналниот напис: Груевски со нови проекти, СДСМ/Сорос со деструкција и фарбање Датум и време на објавување: 26.09.2016, 20:23 Датум на рецензирање: 28.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска   Она што овој текст, сосем некоректно им го премолчува на своите читатели

Весела математика во служба на пропаганда на власта

на 23. 09. 2016 | |

[Рецензија: Телма во мртва трка за послушност кон Заев: 30 % повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ]

  Основната теза врз која е граден овој текст  е невистинита. Поточно, се работи за манипулација со факти која не може да се оправда со неразбирање или нецелосно достапни информации бидејќи бројките и табелите што се во самиот текст, со кои се илустрира тезата за наводната пристрасност на телевизија „Телма“ кон опозицискиот Социјалдемократски сојуз, зборуваат нешто сосема друго. Линк до оригиналниот напис:  Телма во мртва трка за послушност кон Заев: 30 % повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 18.09.2016, 13;46 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска   Веќе површно читање на овој напис ќе укаже

Претплатете се за најнови вести