verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Знаењето најдобро штити од грешки во текстовите

on 28 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

A1 ON

[Рецензии: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати]

 

 

Рецензираме напис со видеоприлог кој донесува интересно стручно согледување на актуелните политички состојби во македонското општество, гледани низ стручната диоптрија на клинички психијатаар. Но, текстот поради погрешно разбран збор треба да добие негативна оценка, бидејќи ги дезинформира своите медиумски консументи.  Имено, на прашањето на новинарот како ги толкува актуелните испади на јавни личности, кои преку социјалните мрежи отворено застанаа зад агресивната пропаганда на една политичка партија, па дури и отворено повикуваат на насилства, психијатарот тие личности ги оквалификува како веројатни „нарцистички психопати“, односно личности со клиничка дијагноза со патолошки манифестации на однесување. Тој истакнува и дека меѓу политичарите има доста нарцистички психопати и тие се способни да мотивираат големи маси на луѓе што може да доведе до крвопролевање.

Рецензија: Знаењето најдобро штити од грешки во новинарствотоЛинк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати

Датум и време на објавување: 20.02.2017, 14:13

Датум на рецензирање: 26.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

„НАЦИСТИЧКИ“ НАМЕСТО „НАРЦИСТИЧКИ“

Проблемот со овој напис е што во насловот, а и во самиот текст, називот „нарцистички“ е заменет со зборот „нацистички“, што на самиот исказ на психијатарот му дава комплетно поинакво значење. Не треба посебно да се елаборира дека нарцисизмот (нарцизмот) е нарушување на личноста и како такво предмет на проучување на психологијата, додека, пак, нацизмот е тоталитаристичка идеологија. Поенатата е дека исказот на соговорникот, поради оваа непрецизност, е погрешно пренесен и таа грешка го довела изворот на информацијата, во случајот соговорникот, кој е сосема квалификуван извор, во позиција да биде неверодостоен.

„Меѓу политичарите има таканаречени нацистички психопати, голем дел од нив се такви кои сметаат дека нивното право е единствено право, дека имаат право да одлучуваат за нас и тоа е најопасно, вели за А1он Хаџи-Ангелковски“.

Коректно е, сепак, да се истакне и дека на снимката на разговорот со психијатарот зборот „нарцистички“ е релативно неразбирливо изговорен, што може да биде причина зошто потоа е така напишан. Сепак, претпоставка е дека еден едуциран новинар би требало да знае да ја направи разликата и дека има основни познавања на стручната терминологија како на психологијата, така и на социологијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Повеќето наводи се точни, но погрешно е пренесен клучниот поим

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

насловот е збунувачки бидејќи содржи грешка

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести