verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А што е битно како се храни внуката на Заев?!

on 28 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

Заеви-се-хранат-со-кавијар-од-1500-евра-ФОТО-zurnal.net_

[Рецензија: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО)]

 

Текстот претставува политичка пропаганда, што е надвор од новинарските стандарди, особено ако се земе предвид дека не станува збор за јавна личност, туку за роднина на еден експониран политичар. Идејата на написот е преку внуката на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, да се дискредитира Заев.

Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра ФОТО zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Заеви се хранат со кавијар од 1500 евра (ФОТО)

Датум и време на објавување: 20.02. 2017

Датум на рецензирање: 27. 02. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

САМО ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ

Бомбастичниот наслов, кој е класичен пример за собирање кликнувања, најавува дека тоа што внатре може да се очекува е сензационализам. Споменувањето на презимето „Заеви“ асоцира дека текстот што ќе следи ќе се однесува на потесното семејство на Зоран Заев. Но, всушност, целиот текст е граден околку неговата внука, чиј идентитет, веројатно, намерно не е целосно сокриен.

„Внуката на Зоран Заев која е позната по луксузите кои ги споделува на својот инстаграм профил, пред два дена уште еднаш ги потсети своите 20-тина илјади следачи дека е дете на милионери и објави фотографија од својот најнов оброк, скапоцен кавијар“.

Името на внуката на лидерот на СДСМ не е наведено во текстот, но тоа може јасно да се види од сликите што се објавени. Нејзиното име е само привидно скриено, што претставува нарушување на приватноста.

Главниот проблем во написот е тоа што не станува збор за лице кое е јавна личност, ниту, пак, за трошење на средства на граѓаните. Внуката,всушност, тука е само искористена за да се оцрни лидерот на СДСМ, особено во период кога сè уште не е оформена влада и кога политичките партии преговараат. Со ваквите написи се прави обид да се урне рејтингот на Заев, а неговата внука во случајот е „колатерална штета“.

Во насловот стои дека кавијарот чини 1.500 евра, а во текстот се наведува дека порција во ресторанот може да чини и „до“ 1.500 евра. Не е направена проверка колку чини конкретната порција, која е објавена на социјалната мрежа, ниту, пак, е направен обид да се добие изјава.

На крајот на коментаторскиот текст се наведува дека граѓаните на социјалните мрежи коментираат, но овие коментари никаде не се прикажани со принтскрин, како што тоа е направено со објавата на внуката на Заев.

Написот се коси со неколку членови од Кодексот на новинарите, кој налага да се почитува приватноста, да се објавуваат проверени инромации, да се прави разлика меѓу факти, мислења, вест и коментар, да се обезбеди професионална дистанца при информирањето и свесно да не се создаваат ниту да се преработуваат информации кои ги загрозуваат човековите права или слободи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести