verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Немало хакерски напад на веб-страницата на претседателот

on 1 - 03 - 2017       

24 TV

[Рецензија: Хакирана веб страницата на претседателот]

 

Написот пренесува неточна информација која не е детално истражена и објаснета, а веројатно поради недоволно познавање на проблематиката, погрешно е пренесена ситуацијата која била забележана на веб-страницата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Последните два пасуса од текстот изгледа како да „висат“, тие немаат никаква врска со главната вест  за наводниот хакерски напад на официјалната интеренет-страница на шефот на државата.

Хакирана веб страницата на претседателот 24 ВЕСТИЛинк до оригиналниот напис: Хакирана веб страницата на претседателот 

Датум и време на објавување: 27.02. 2017

Датум на рецензирање: 28.01.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

„Хакирана е официјалната веб страница на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, www.president.gov.mk.

Насловната страница е во функција, но не можат да се отворат известувањата за активностите на претседателот“.

Главата на веста зборува за хакерски напад, но во следната реченица се наведува дека насловната страница е функционална иако не се отвораат потстраниците. Ваквата информација е контрадикторна, имајќи предвид дека при хакерски напад веб-страницата е целосно недостапна, а не само некои нејзини делови.

Еве за што, всушност, станува збор.

Воопшто не се работи за хакерски напад, туку за неажурирани програмски делови на веб-страницата. Односно, поедноставно кажано, технолошкиот гигант „Гугл“ периодично прави надградба на безбедносните системи на својот пребарувач „хром“. При ваквите надградби, веб-страниците што содржат постари верзии на одредени софтверски решенија, се прикажуваат како потенцијално опасни за интернет-корисниците. Во такви случаи, наместо да се прикаже бараната веб-страница, се појавува црвена страница со предупредување, какво што се покажало на официјалната страница на претседателот на Р. Македонија. На самата страница има линк за напредно појаснување, на кое детално се објаснува дека веб-страницата може да биде опасна за корисникот, но на негов ризик тој може да премине на бараната страница ако кликне на соодветниот друг линк.

Доколку се следеле инструкциите и се имало некакво основно познавање од интернет-технологиите, немало да се направи грешка, односно немало да се тврди дека станува збор за хакерски напад. Особено, зашто во такви случаи хакерите оставаат трага на веб-страницата и испишуваат соодветна порака која сакаат да ја пренесат, а тоа не е направено во конкретниот случај.

Друг проблем е тоа што за воочената грешка не е објавена корекција на написот, туку истиот е отстранет, но линкот постои и води кон празна страница. Во согласност со новинарските стандарди, секоја информација треба целосно да биде проверена, а во случај на објавување погрешна информација, треба да се објави исправка.

Page not found 24 ВЕСТИ

Остатокот од веста, пак, никако не е поврзан со настанот, туку се дава преглед на најавените активности на претседателот поврзани со поднесувањето потписи за добивање мандат за влада, за на крај да се затвори написот со информацијата дека ДУИ сè уште нема одлука дали ќе коалицира или ќе оди во опозиција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *