verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски

на 17. 07. 2013 | |
Уште еден во низата текстови во кои новинари се занимаваат со други новинари, посебно кога тие мислат поинаку од нив е и текстот на ДЕНЕШЕН, кој ги анализира и критикува ставовите на новинарот Бранко Героски за случајот Вранишковски, објавени на неговиот приватен профил на Фејсбук. Тргнувајќи од повеќе години присутното, непишано правило дека околу случајот Вранишковски домашните медиуми во старт треба да имаат униформен став, авторот на написот во ДЕНЕШЕН, критиките на Героски упатени до колегите, со кои тој бара нивен попрофесионален пристап кон темата, веднаш ги прогласува за поддршка за Вранишковски, иако таа поддршка Героски никаде, de facto, не ја искажува. Самиот напис, кој се однесува на активноста на Геровски на оваа социјална мрежа и нема друга поента, освен

Рецензија: После се жали дека го бркаат од Собрание

на 8. 07. 2013 | |
Фото-веста се занимава со еден банален детаљ од секојдневието на новинарската галерија во македонското Собрание, каде колегата Насер Селмани си ги собул патиките за да си ги одмори нозете, додека ја следеше седницата. И додека ваквата фото вест, со соодветен наслов и легенда, ќе делуваше дури и симпатично (и новинарите се луѓе, да речеме, и тие се изморуваат или ги мачи горештината, итн…), наднасловот и насловот во овој случај се во функција на лична дискредитација и исмејување на Селмани на верска и национална основа, како и врз основа на неговиот претходен професионален настап (алузија на настаните од 24 декември 2012). Авторот успеал во само две реченици да се потсмева на името, националната и верска припадност и професионалниот ангажман на Селмани

Претплатете се за најнови вести