verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички спин спакуван во божемна грижа за амбасадорите

on 17 - 02 - 2017       

sitel

[Рецензија: Соросоиди брутално против странските дипломати кои не се во нивна служба]

 

Овој текст е класичен пример на пропаганден текст маскиран во новинарски производ, напишан во манирот на замена на тези и, како таков, подметнат на читателите, односно на гледачите, наместо информативен материјал. За шлагворт е земен неодамнешниот случај на кривична пријава за 34-годишен скопјанец, обвинет дека преку „Фејсбук“ му се заканувал на амбасадорот на САД, на неговото семејство и на соработниците, за на него да се накалеми спинот дека за божемната загрозеност на странските дипломатски претставници во Македонија се виновни „соросоидите“, поточно медиумите и цивилниот сектор кои не се под капата на власта.

Но, и покрај наброените неколку случаи во кои новинари кои не се со провладина ориентација навистина критикувале странски амбасадори и дипломати за нивната улога во и околу настаните во Македонија, ова извртување на вистината е доста наивно и неуверливо, особено кога е познат ставот и односот на претставници на власта кон амбасадорот на САД и кон дел од другите дипломати од западните земји, бидејќи тие многу експлицитно беа изразени последниве месеци. Така што, тезата што се пласира во овој материјал – „да ги заштитиме амбасадорите од нападите на соросоидите“ – изгледа дури смешно. Едноставно, и покрај вложениот труд, фактите го зборуваат спротивното.

Рецензија: Спин спакуван како грижа за дипломатитеЛинк до оригиналниот напис: Соросоиди брутално против странските дипломати кои не се во нивна служба

Датум и време на објавување: 11.02.2017, 16:32

Датум на рецензирање: 16.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Како што е вообичаено за еден спин, и тука се работи за своевиден микс од вистинити факти и од извртена вистина, за нештата да изгледаат уверливо. Главата на веста е точна, но таа е само препишана од постара информација, објавена во истиот медиум, за случајот со кривичната пријава за 34-годишниот скопјанец. Точни се и наводите дека некои проопозициски медиуми објавиле критички текстови за одредени дипломати. Но, во најмала рака е смешно следново душегрижништво:

„Можете да замисилите каква слика имаат во Вашингтон, Брисел или Австрија кога дознаваат како се третирани нивните дипломати од медиумите блиски на СДСМ и Сорос“. 

 

СЛУЧАЈОТ СО НЕКРОЛОЗИТЕ – ЗАБОРАВЕН

А, не се споменува, да речеме, случајот со некролозите, каде истите дипломати и нивни колеги беа морбидно и навредливо претставени како покојници на една од социјалните мрежи. Настан кој се случи само ден по обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред насобраните симпатизери пред Државната изборна комисија по изборите на 11 декември, во кое тој остро нападна неименувани амбасадори на странски земји дека се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Тогашниот отворен напад на дипломатите од страна на Груевски истиот медиум го нарече „цврст државнички став“. Истиот став Груевски го задржа и по средбите со американскиот амбасадор Џес Бејли, претставникот на ЕУ, Самјуел Жбогар, и со другите странски амбасадори за време на преговорите за формирање влада.

Овој случај предизвика остри реакции од Брисел и од Вашингтон, а ВМРО-ДПМНЕ побрза да излезе со став дека Европската комисија требало да појасни од каде доаѓале нападите врз странските претставници.

Наивно, па дури и помалку чудно прозвучува и следниот пасус:

„Најбрутално и најнавредливо е пишувањето на Сашо Ивановски кој себе се претставува како Саше Политико, кој дури и во извештајот на ЕУ за Македонија  беше единствен споменат пример дека му се вршел притисок од власта. ЕУ го брани човекот кој пишува дека нивниот министер-еврокомесарот Хан е поткупен“,

со што се покажува дека не е разбран концептот на принципиелната одбрана на слободата на медиумите, кој е еден од темелите на ЕУ.

 

ЗАДОЦНЕТО ДУШЕГРИЖНИШТВО

Посебен проблем е нелогичниот, па дури и смешен наслов на ова писание, кое претендира да биде новинарски текст – почнувајќи од самата употреба на терминот „соросоиди“, крајно пејоративна и излезена од вокабуларот на функционерите и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, при што се сугерира дека наводно странските амбасадори се жртви на медиумите финансирани од Џорџ Сорос. Аналогно, и амбасадорот Џес Бејли, според написов, е некаква жртва на Сорос, но како тоа има логика кога пред само една недела група американски конгресмени побарале истрага токму за работата на Бејли, бидејќи имале информации од „кредибилен извор“ оти амбасадорот имал пристрасен однос и соработувал со истите тие „соросоиди“?

И ова што досега го анализиравме е доволно да се заклучи дека се работи за наивен обид да се замени тезата за спрегата на „соросоиди“ со амбасадори, со измислената „соросоиди“ против амбасадори и да се „продаде“ како задоцнето душегрижништво.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

има и точни и неточни наводи

има и веродостојни и неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести