verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Наместо да информира, „води војна“ со опозицијата

на 28. 07. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ планира немири по изборите – затоа го бара МВР]

  Некогаш една реченица е доволна за да укаже на тоа дали написот за кој станува збор е објективен новинарски текст или пропагандно четиво. Во овој случај таа една реченица е тврдењето дека опозициската партија подготвува насилства на денот на изборите. Насадена среде извештај за текот на преговорите на четирите политички партии за излез од кризата, оваа фантомска реченица, никната од нигде-никаде, е  апсолутно непоткрепено тврдење со какви било факти, нема логична поврзаност со остатокот од текстот, а не смее да се занемари ниту фактот дека е сериозно и мошне опасно обвинување, на сметка на опозициската партија. Освен тоа, оваа реченица-фантом е срочена неписмено, содржи нелогичности и граматички

Спин скриен зад божемната грижа за прислушуваните

на 20. 07. 2016 | |

[Рецензија: САД и ЕУ притискаат за Јанева, но не и за криминалот врз 20.000 граѓани]

  Кога главната теза на текстот е манипулативна и во основa дезинформација, тешко дека за тој текст може да се даде дури и преодна оценка. А, токму таков е текстот што е предмет на оваа рецензија. Иако може да се каже дека се работи за занаетски коректно изработен осврт на актуелна политичка тематика, уважувајќи го правото на новинарот и на редакцијата да застапуваат конкретни политички ставови и мислења, сепак не може да се занемари фактот дека на читателите на таков начин им е поттурена невистина, со нескриена намера да се влијае на јавното мислење во склад со пропагандниот дискурс на владејачката политичка гарнитура. Линк до

Предлог-законот за владино рекламирање: Легализирано корумпирање на медиумскиот простор

на 15. 07. 2016 | |
Државните рекламни кампањи повторно на дневен ред. Фото: pixabay  

Една година откако го промовираше како гест на добра волја мораториумот на објавување државни рекламни кампањи во медиумите, власта реши дека добрата волја има рок на траење и на Собранието на РМ му достави предлог-закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Со овој потег таа експресно го врати на дневен ред едно од најболните прашања во македонската политика,

Јазикот на другиот и медиумите во Македонија – огледала на нашата паралелна реалност

на 12. 07. 2016 | |
Непознавање на јазикот, проблем во известувањето. Фото: pexels    

Дали се во право тие што тврдат дека за македонските медиуми вест за насилната смрт на едно албанско дете не е вест? И која е причината што некои од најголемите информативни портали непрофесионално се поставија кон овој случај, а го истретираа дури кога тој произведе пошироки општествени последици (еднонационални протести и зголемување на меѓуетничките тензии)? Има ли, конечно, во Македонија,

Дискредитирање наместо информирање

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: Пратеничката на СДСМ Лидија Димовска се повика на пратенички имунитет за да се заштити од казна за сообраќаен прекршок]

  Вистината вреди толку колку што со неа може да се манипулира, би можелo да се заклучи од информацијата што ја рецензираме. Повод за написот е еден вистинит настан во кој е инволвирана пратеничка на опозициска партија, примарен извор на информацијата е автентична снимка од местото на настанот, епилогот е јавно познат, но, сепак, сето тоа е искористено за манипулација со вистината во полза на спротивниот политички табор и за оцрнување на политички неистомисленик. Линк до оригиналниот напис: Пратеничката на СДСМ Лидија Димовска се повика на пратенички имунитет за да се заштити од казна за сообраќаен прекршок Датум и време

Научни невистини сервирани како факти

на 28. 06. 2016 | |

[Рецензија: Македонците се првите луѓе во Европа и сите европските народи имаат потекло од Македонците!!!]

  Пред нас имаме текст кој на ниедна основа не може да припаѓа на ниту еден новинарски жанр, а уште помалку има елементи на научно четиво, иако се обидува да критикува политички контекст зад еден сериозен научен труд. Всушност, темата на научниот труд само до некаде ја допира темата на написот што го рецензираме, а сè друго е плод на фантазијата, која очигледно била појдовната точка при неговото пишување. Насловот сублимира сè – и мотивите, и релевантноста на тврдењата, како и нивото на писменоста и ставовите кои  се промовираат во овој напис. Тврдењето дека Македонците се првите луѓе во Европа и дека сите други народи

Трите жртви на папарацо-спинот

на 9. 06. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Обвинителката Ленче Ристоска се гоштева после неуспешниот прес]

Текст и фотографија кои би требало да асоцираат на акција на папараци кои ѕиркаат во приватните активности на познатите јавни личности, а всушност се само маска зад која се крие напаѓачки и пропагандистички текст со политичка содржина. Ова е сублимирана оценка на написот што го рецензираме. Нема сомневање која била намерата да се објави фотографија на која се гледа една од помошниците на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска, додека руча во ресторан, а тоа е да биде само уште еден повод за неоснован напад на институцијата СЈО и на нејзините претставници. Притоа, не е обрнато внимание дали дискредитирачкиот текст и упадот во

Наместо информација, промоција на култ на личноста

на 3. 06. 2016 | |

[Рецензија: Вчера Груевски на Терен вршеше увид на градбата на струмичката болница, СДСМ и Заев фарбаа и сквернавеа објекти]

  Самиот наслов на овој напис кажува што била намерата кога бил пишуван – наместо да информира,  да биде материјал за пропаганда на потезите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе се претставуваат во најубаво светло и, паралелно, потезите на опозицијата, која ќе биде исмејана и критикувана. Во него се поентира за божемната деструктивност на противниците на власта, за сметка на домаќинската и градителски настроена власт, со посебен акцент на главниот протагонист, лидерот на владејачката партија. Притоа, забележливо е дека не е водено сметка ниту за вистината, ниту за објективноста, избалансираноста, ниту за едноставни, општопознати факти, кои на тврдењата ќе им дадеа сосема

„Војна“ со веганите или брзоплетост?

на 30. 05. 2016 | |

[Рецензија: Тројца вегани починаа при обид да се искачат на Монт Еверест]

  Рецензираме вест од домашна информативна агенција, за смртта на тројца членови на алпинистичка експедиција на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, која се случи минатата недела и која осамна на страниците на огромен број медиуми, не толку поради тоа што вакви вести секогаш се проследувани од средствата за информирање, туку поради еден бизарен факт: една од починатите планинари била – веган! Фокусот на интересирањето на многу од медиумите беше токму тоа што таа била проминентен заговорник на веганската исхрана и промотер на идејата дека и веганите се способни за големи спортски потфати, како и спортистите со „нормална“ исхрана. Но, токму тоа предизвика и лавина реакции дека се

За млечните крави и за чесните радиодифузери

на 25. 05. 2016 | |

АВМУ досега најдиректно го адресира горливиот проблем со електронските медиуми и нивната блискост со власта Фото: Принтскрин

Што ги вознемири трите најголеми телевизиски куќи? И колку навистина има основа оцената на Агенцијата дека тие се ставиле во функција на промоција на една политичка опција и тоа во еден чувствителен политички момент и амбиент во Република Македонија – среде сериозна политичка криза, во околности на распишани вонредни парламентарни избори и во

Претплатете се за најнови вести