verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Манипулативна изборна математика

на 23. 05. 2016 | |

[Рецензија: Лидер: Расте гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и на „коалицијата за подобра Македонија“]

  Проблемот со овој текст не е толку содржината и начинот на кој таа е пренесена, колку елементите што укажуваат на манипулација: сугестивноста на насловот и контекстот во кој е објавен написот. Се работи за напис на еден портал, кој потоа го пренесуваат само медиуми наклонети кон владејачката коалиција и тоа во време кога сè уште е актуелна одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на предвремени парламентарни избори како единствен учесник на изборите, правејќи на тој начин негативен преседан од аспект на принципите на парламентарната демократија во земјата. Во таа смисла, овој напис може да се смета за манипулативен бидејќи може да влијае на начинот на кој граѓаните

А каде е скандалот?

на 18. 04. 2016 | |
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: Со пари на граѓаните СДСМ купува поддршка од соросовите невладини организации]

  Пред нас имаме текст кој нецелосно и пристрасно ги информира своите читатели за активностите на локалната самоуправа, конкретно во скопската Општина Центар. Тема на написот се средствата што Oпштината ги има алоцирано за активностите на неколку невладини организации, за кои написот тврди дека „или немаат активности или активностите им се насочени во промоција на политиките на СДСМ“. Написот, меѓутоа, не нуди аргументи за ваквото тврдење туку овој заклучок го извлекува врз основa на разгледувањето на фејсбук-профилите на две од четирите невладини организации за кои станува збор и содржината која таму е објавена. Проблематизирајќи ја одлуката на локалната самоуправа, за која станува збор, наместо да

Дезинформација за најобична манипулација

на 11. 04. 2016 | |

[Рецензија: Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павле Трајанов дефинитивно ќе оди на избори]

  Дезинформација од медиумот што го објавил, од медиумот од кој е пренесено, бизарна грешка на новинар кој свртел погрешен број или нешто сосема поинакво?! Дилемата околу тоа дали Демократскиот сојуз и неговиот лидер Павле Трајанов во само неколку часа на 7 април во некои медиуми излезе со две спротивни изјави околу тоа дали ДС ќе оди на предвремените парламентарни избори на 5 јуни или ќе ги бојкотира, уште не е расчистена. Текстот што го рецензираме тврди дека Трајанов изјавил дека дефинитивно оди на избори, притоа повикувајќи се на еден медиум кој се смета за близок до опозицијата. Само 20 минути откако тој текст беше објавен,

Насловот тврди едно, текстот друго

на 28. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ги украле цедињата со податоците за спорните гласачи]

  Главен проблем со написот што е предмет на оваа рецензија е – насловот. Тој содржи многу директно и сериозно обвинување на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА и ова тврдење потоа во текстот не е поткрепено со факти. Напротив, во самиот напис е објаснето дека партиските претставници цедеата со податоците за спорните гласачи ги подигнале од ДИК, откако формално се потпишале дека ги подигнуваат, што не асоцира на нелегално стекнување со нив, односно крадење. Поради ова, насловот може да се оцени како невистинит и како непотребен сензационализам.
Вториот проблем е што во написот не е понудено толкување од компетентен извор за тоа дали е законски

Пораките испратени, вистината заборавена

на 15. 03. 2016 | |

[Рецензија: Граѓаните од цела Македонија едногласни: избирачкот список е нова лажна причина на СДСМ за бегство од избори на 5-ти јуни]

  Ова е еден од тие написи во кои насловот навистина ви кажува сè. За еден новинарски текст тоа и не е невообичаено, затоа, впрочем, и служат насловите – тие се дестилат на содржината. Но, во овој случај, насловот на читателот му испраќа и најмалку две пораки. Првата е таа дека целосно е поддржан наративот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, актуелен изминативе неколку месеци, дека опозицискиот Социјалдемократски сојуз не сака предвремени избори и дека постојано бара причини договорените избори да ги одложи, а сега го користат избирачкиот список како изговор.
Втората е дека многу лесно се оперира со фрази како „граѓаните

Мачешки твитови и евтини спинови

на 11. 03. 2016 | |

[Рецензија: Чиј гласник е мачкарот Ванхауте?]

  Читајќи го написот што е предмет на оваа рецензија, ви доаѓа да се прашате дали  некој мисли дека во ерата на интернетот, социјални мрежи и на информациите кои се толку лесно достапни, може туку така да се пласираат смешни невистини и евтин (и лош) партиски спин? Но, токму тоа е случај со овој напис: тој се повикува на пишување на весникот „Ноје циришер цајтунг“ за кризата во Македонија и наведува дека овој угледен швајцарски дневен весник го осудил дејствувањето на преговарачот Питер Ванхауте, особено неговото приватно постирање на „Твитер“ на сликички од мачки со политички обоени коментари. Проблемот е во тоа што во овој напис цитатот од весникот, како и самиот наслов на

Напиши Сирија, а „мати вода“ во Македонија!

на 3. 03. 2016 | |

[Рецензија: САД сметаат дека среде војна во Сирија има услови за избори, а во Македонија нема?!]

  Проблемот со овој напис е што тргнува од претпоставка дека неговите читатели се неуки и неинтелигентни и нема да ги забележат сериозните проблеми со фактите и со вистината, кои тој ги има. Главната теза на која се потпира текстот е дадена во насловот – дека Соединетите Американски Држави имаат став дека во Сирија, растргната од воен судир, има услови за изведување парламентарни избори, а во Македонија, мирна и стабилна демократска држава – немало. Тезата се појаснува во поднасловот: „со оглед дека меѓународната заедница, предводена од САД немала никакви забелешки на најавите на претседателот Башар ал Асад за одржување на парламентарни и претседателски

Кромид си е кромид, па макар бил и патриотски

на 13. 02. 2016 | |
Кромид до кромид – од толку кромиди реата не може да се избегне. Колаж: СПФМ  

Не е претенциозно да се каже дека овој „кромид“ многу речито ја прикажува општата состојба во која живурка македонското новинарство во последната деценија, особено во последните четири-пет години, кога и се случува подемот на порталите со хиперпродуција на текстови, сработени во стилот „плукни-залепи“, кои трчаат по кликнувања и по прегледи наместо по вистината.

 

Ќор-фишек наместо мегаскандал

на 11. 02. 2016 | |

[Рецензија: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието дека Ван Хојте бил потплатен од СДСМ со 1.250.000 евра за рушење на медиумите!]

  Невистинит од насловот па сè до последната реченица. Ова би била куса дефиниција за писанието што користи форма на новинарски текст, но нема никаква врска со новинарството. Поттурен им е на читателите како информација за божемна коруптивна афера, опремен со бомбастичен наслов и потпрен на тврдење на сосема некомпетентен и нерелевантен извор. Овој текст неуспешно се затскрива зад маската на истражувачко или вочдог-новинарство кое трагало и дошло до вистината, но тој не е ништо друго освен евтин пропагандистички памфлет наменет за дискредитирање на европосредникот Питер Ванхауте. Линк до оригиналниот напис: МЕГА СКАНДАЛ: Во Брисел врие по откритието

Судија-жртва или невистина во служба на власта?

на 5. 02. 2016 | |

[ЕКСКЛУЗИВНО: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева]

  Кога читателот се соочува со наслов како овој на текстот што го рецензираме, очекува во содржинскиот дел да прочита ексклузивна информација за сериозниот настан што се најавува: малтретирање на претставник на судската власт од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Она што го добива е прераскажан случај на наводна уцена на неименуван судија од вработен во Специјалното јавно обвинителство, кој се повикува на анонимен извор. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева Датум и време на објавување: 03.02.2016 – 14:26 Датум на рецензирање: 04.02.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

АНОНИМНИ ИЗВОРИ, НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

Прво прашање што се наметнува

Претплатете се за најнови вести