verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Крвавиот плен не е рекорд за пофалби

on 2 - 02 - 2017       

 

prespa

[Рецензија: Нов рекорд во Македонија: Ловџиите совладаа 19 диви свињи во Преспа (ФОТО)]

 

Оваа фото-вест предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради својата содржина и насловот. Имено, се работи за информација дека група ловџии отстрелaле 19 диви свињи и со тоа се пофалиле на јавноста, фотографирајќи се со својот плен. Вообичаено, вести за исход од нечиј лов ретко го наоѓаат својот пат до медиумите освен кога се работи за некаков рекорден улов или за отстрел на таканаречен „штетен дивеч“, најчесто волци кои нападнале нечии стада овци. Во овој случај се работи за невообичаено голем број убиени животни за време на отворена ловна сезона. Она што боде очи е лошо срочениот наслов, кој изгледа цинично и несоодветно, а во комбинација со фотографиите на убиените животни распослани врз окрвавениот снег, е вознемирувачки за јавноста.

Рецензија: Крвав улов не е за во весникЛинк до оригиналниот напис: Нов рекорд во Македонија: Ловџиите совладаа 19 диви свињи во Преспа (ФОТО)

Датум и време на објавување: 29.01.2017

Датум на рецензирање: 1.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

СОВЛАДАА ИЛИ ОТСТРЕЛАА?

Каква вест е тоа дека група луѓе со пушки отстрелала 19 животни? Би рекле – неинтересна, депласирана или можеби вест која би можела да најде место во специјализирано списание за лов и за риболов, наменето за конкретна читателска популација. Но, освен тоа, во насловот е избрана крајно несоодветна конструкција за да се соопшти веста – тешко дека поинаку освен како малициозно може да се оцени тврдењето дека ловџиите „совладале“ 19 диви свињи, небаре биле голораки против нив. Реалноста ја покажуваат самите фотографии – се работи за млади, мали примероци од овој животински вид, отстрелани од ловџии опремени со софистицирана опрема и оружје, па тешко е да се поверува дека им било тешко да ги совладаат.

На вебстраницата на медиумот кој ја објави оваа фото-вест сè уште трае жестока дискусија помеѓу бројните читатели, згрозени што масовното убивање на животни во само еден ден (па макар и во ловна сезона) некој воопшто може да го прогласи за „нов рекорд“ и да го поздрави како „совладување“, и помалубројните, кои сметаат дека сè било направено во рамките на законот. Првите потсетуваат дека дивите свињи биле отстрелани во деновите на најголем студ, односно поларна температура и под минус 20 Целзиусови степени, што придонело целиот дивеч да биде истоштен поради недостиг од храна, а поради тоа и лесен плен за ловџиите. Од овој агол, насловот изгледа уште понесоодветно, а целиот напис, всушност, прилега на непотребна промоција на насилство над животните.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

невкусен и несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести