verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Преку шпекулација до дискредитација

на 19. 09. 2016 | |
  Пред нас имаме една лесна задача – да рецензираме текст чија единствена функција е да дискредитира, да навреди и да омаловажи, притоа не одбирајќи зборови. Тој содржи и информација, и тоа во форма на шпекулација, која во услови на вжештен предизборен амбиент има пазарна вредност, но впечаток е дека и таа е пласирана само како параван зад кој се крие вистинскиот мотив, а тоа е да се искористи секоја можност за оцрнување на политички неистомисленик. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Што бараше осудениот за криминал Љубе Бошкоски на средба со техничкиот министер Спасовски? Датум и време на објавување: 16.09.2016, 15:37 Датум на рецензирање: 18.09.2016 Рецензент: Југослава Дуковска Шпекулацијата што ја донесува текстот е следнава: Лидерот на Обединети за Македонија,

Спинови и навреди сокриени зад „истражувачка сторија“

на 5. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири]

Како да се окарактеризира текст кој го критикува изборот на доскорешниот новинар Мухамед Зекири во централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, користејќи  спинови, навреди, невистини и небулози, повреда на приватноста, што е особено важно – без трошка вистина, но со голем број навреди на лична, верска и на национална основа? Секако не е новинарство. Попрво ќе е – приземна политичка пропаганда подметната како кукавичко јајце на читателите во облик на новинарски текст!     Линк до оригиналниот напис: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири Датум и време на објавување: 1.09.2016, 22:19 Датум на рецензирање: 4.09.2016 Рецензент: Југослава

Необјективност „забетонирана“ во насловот

на 2. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Станува ли СЈО дел од Сорос и СДСМ?]

Дали обид за избалансирано информирање пропадна поради сугестивен, некоректен и политички обоен наслов? За написот што е предмет на оваа рецензија, одговорот е – да! Овој напис се базира на шпекулации, односно непотврдени информации, што, за жал, не е практика невообичаена за новинарството. Ако се изземе насловот од целата анализа на објективноста и запазувањето на новинарските стандарди, може да се каже дека во овој напис е направен обид да се пренесат сите сознанија околу темата, да се укаже на дилемите што постојат и да се запази и континуитетот во третманот на темата – вработувања во СЈО. Легитимно е обраќањето на новинарите до секоја државна институција и барањето информации, меѓу другото,

Тврдења има, аргументи нема

на 26. 08. 2016 | |

[Рецензија: „ФАНТОМИ НЕМА, АД ХОК ТЕЛОТО СЕ ОФОРМИ: Останува уште Заев да се охрабри и да излезе на избори“]

  Овој текст претставува мешавина на информација и на коментар. Информациите што ги донесува се дневно актуелни и се однесуваат на процесот на прочистување на избирачкиот список како услов за обезбедување амбиент за фер и демократски избори во земјава, но патем се поттураат и коментари и мислења кои се политички обоени и негативно настроени кон опозицијата. Од аспект на професионални стандарди, ваков „ни риба ни девојка“ напис, не може да добие позитивна оценка, бидејќи  под маска на информирање тој, всушност, ги манипулира читателите така што им подметнува политички ставови и сугерира мислење. Линк на оригиналниот напис: „ФАНТОМИ НЕМА, АД ХОК ТЕЛОТО

Целеле кон Шекеринска – го погодиле Стајковци!

на 22. 08. 2016 | |

[Рецензија: Шеќеринска не возела…кој ли ќе и верува?!]

  Насловот на овој напис предизвика бројни споделувања и негативни коментари на социјалните мрежи. И со право, бидејќи, под маска на информација за сообраќајниот инцидент во кој учествувало возило на потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска, на јавноста како сензационалистичка мамка ѝ се подметнува политички обоен коментар и во насловот и во наднасловот и во поднасловот. Не треба да залаже тоа што самиот текст содржи коректно пренесени детали за инцидентот, изјава на Шекеринска, извадоци од соопштенија на МВР и на СДСМ за овој настан. Непрофесионалноста и неоснованото инсинуирање од насловот речито зборуваат кои биле намерите сокриени зад маската на информирање. Линк на оригиналниот напис:Шеќеринска не возела…кој ли ќе и верува?! Датум 

Херои и предавници во гумени чизми

на 19. 08. 2016 | |
  Поплави, политика и медиуми. Фото: Мета и СПФМ   Десетти ден од страотните поплави состојбата е катастрофална. Луѓето се обидуваат да создадат барем минимум услови во своите домови додека војската и припадниците на КФОР да го расчистат ѓубрето. (24 Вести, прилог: „И по десет дена од поплавите Стајковци се уште во кал“, 16 август, 2016)   Сe поголем број исчистени улици и домови, се обновува инфраструктурата, дезинфекцијата е во

Кој тоа се осмелил да бара слобода?

на 16. 08. 2016 | |

[Рецензија: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија]

  Во пропагандистички стил, во манир на партиско соопштение, под маска дека информира, овој напис пренесува политички став за трибините во организација на невладината организација „Цивил“, кои се одвиваат во текот на август низ повеќе градови во Македонија. Иако е пласиран во форма на информација, написот нема врска со вистинско информирање, бидејќи од него читателот тешко може да разбере за што, всушност, станува збор. Линк до оригиналниот напис: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија Датум и време на објавување: 12.08.2016, 18:39 Датум на рецензирање: 15.08.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

НАВРЕДИ, ПОПУЛИСТИЧКИ ПАРОЛИ, ФЛОСКУЛИ…

Политичка парола има, информација нема!

на 15. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја]

Актуелен настан, исклучителни околности во кои се случува, со актер кој е високопрофилна политичка фигура, а веста која им се соопштува на читателите – нула. Се работи за веста дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, ги посетил поплавените делови на Скопје, донел помош и дури се фатил и самиот да помага во некои од куќите кои ги посетил со својата делегација. Веста, со сите детали, ја пренесоа бројни медиуми во земјата, но, за разлика од нив, ова писание се состои само од една единствена реченица, која е всушност став, односно мислење и не ги содржи потребните елементи што сочинуваат

Морбидна трка за пребројување на жртвите

на 9. 08. 2016 | |

[Рецензија: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50]

  Куса вест која заслужува и куса рецензија: веста е невистинита, непроверена и дезинформира, а ги нема ниту основните елементи што се неопходни за една вест. Линк до оригиналниот напис: Бројот на жртвите во Стајковци и околината се искачи над 50 Датум и време на објавување: 7.08.2016 Датум на рецензирање: 8.08.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

„Според информациите од терен кои ги добиваме дознаваме дека бројката на жртвите значително расти. Во овој момент бројката на жртвите погинати од невремето во Скопје и регионот изнесува околу 50“. Пред сè, веста е неточна. Официјалните информации веќе во времето на објавување на оваа вест беа дека има околу 20 жртви на

За расплаканите икони и линкот со новинарството во 21 век!

на 8. 08. 2016 | |

[Рецензија: Чудо на големиот празник Свети Илија: Заплакаа иконите во манастир]

  Како се случило вестите за „расплакани“ икони во некој манастир на верски празник, кои порано евентуално би биле поместени во рубриките насловени „Занимливости“ или слично, да го најдат местото во сериозните рубрики? Одговорот веројатно бара продлабочена анализа, но токму ваква вест си го најде местото во рубриката наменета за вести од Балканот, рамо до рамо со информациите за политичката состојба во Турција, со интервјуто на грчкиот министер за внатрешни работи или со веста за голем пожар во едно популарно грчко летувалиште. Сепак, несоодветниот пласман на ваква информација е помалиот проблем – самата вест има проблем со исполнувањето на основните критериуми за една новинарска вест – не е наведено

Претплатете се за најнови вести