verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

News laundering или перење вести

on 11 - 07 - 2015       

0710-MRT-MMF-1-crop-resize

[Рецензија: Стабилна економија]

 

Една од препораките во учебниците по новинарство, кога новинарите треба да известуваат од прес-конференции, е да знаат да ги разликуваат битните од небитните информации, новостите од службите за односи со јавноста од суштинските новости од јавен интерес и најважно од сѐ, меѓу другото, да не им потклекнуваат на притисоците и на самоцензурата и да ги скријат сите суштински информации – без разлика дали тоа му се допаѓало или не.

Наместо едно такво толкување на прес-конференцијата и на соопштението на канцеларијата на Меѓунарордниот монетарен фонд во Скопје (ММФ), пред нас е еден пристрасен, неодмерен телевиски прилог во кој се акцентирани и селектирани само оние оцени во кои има поволно мислење на тимот на ММФ за некои процеси во финансиското работење на земјата. За да се оправда оваа предумислена постапка, побарани се мислења од еден професор и од вицепремиерот на македонската влада, кои, всушност, се „злоупотребени“ во перењето на реалната слика што ја пренесоа експертите на ММФ во Скопје по надзорот.

0710-MRT-MMF-1Линк до оригиналниот напис: Стабилна економија

Датум и време на објавување: 09.07.2015 15:43

Датум на рецензирање: 11.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дали можеме да го аргументираме ова тврдење? Се разбира. Со едноставна споредба на изворното мислење на ММФ срочено во соопштението кое е презентирано на прес-конференцијата на 8 јули. Еве по ред:

Ова перење на МРТ почнува со оваа реченица:

„Монетарците ја потврдија макроекономската стабилност на земјава, проектиран е раст од 3,2 насто на БДП како еден од највисоките на континентот…“

Во оригиналното соопштение на ММФ Скопје, никаде не стои дека порастот од 3,2 насто на БДП е еден од највисоките на континентот. Како второ, можеби и побитно, со оглед на тоа дека 3,2 е само изведена статистика, монетарците предупредуваат дека:

„Сепак, домашната политичка несигурност и кризата во Грција, најверојатно, ќе го забави темпото како што слабее довербата, а и некои инвеститори сеуште немаат донесено крајни одлуки за инвестирање.“

Понатаму, во однос на придобивките од странските инвестиции, ММФ, освен што ги констатира, во многу поголем дел на заклучокот на оваа тема упатува дека се неопходни:

„…поголемо прелевање кон домашната економија. Ова подразбира континуирани напори за обезбедување полесен пристап до кредити за приватниот сектор, скратување на задоцнувањето на наплатата, вклучувајќи ја и наплатата од јавниот сектор, повеќе предвидлива законска и регулаторна рамка, поттикнувањето на работните вештини и намалување на неусогласеностите на пазарот на трудот, како и понатамошното поедноставување на улогата на бројни инспекциски тела.“

Овие сугестии на ММФ, освен што се минимизирани и се крајно обопштени, во медиумската содржина што ја рецензираме, воопшто не ја одааваат реалната слика во извешатјот на монетарците.

Во слична насока, крајно обопштено и еднострано се наведени само поволните оцени за банките и за финансискиот сектор.

Од друга страна, авторот на овој ТВ-прилог, целосно ги игнорира укажувањата на ММФ кои се однесуваат на фискалниот дефицит за кој предупредуваат дека:

„Послабата наплата на ДДВ и неданочните приходи, како и зголемувањето на платите за полициските сили и дополнителни капитални расходи произлезени од влошената безбедносна ситуација, најверојатно ќе резултира во повисок дефицит и покрај тоа што перформансите на приходите од данокот на добивка се посилни од проектираните во буџетот.“

Уште поголемо внимание од ММФ посветуваат на фискалната консолидација и на двојно зголемениот јавен долг во однос на тие стапки од 2008 година.

Сѐ на сѐ, пред нас е еден новинарски продукт, кој потклекнал на политичката пристрасност и создава нова, медиумска реалност која не е соодветна на објективната.

Според тоа, можеме да додадеме дека авторот на оваа содржина не го испочитувал вториот став од членот 1 од Кодексот на новинарите кој гласи:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Тоа, следствено, го довело до тоа, да потклекне на пристрасноста, на која, како на сериозен проблем, укажува членот 14 од споменатиот кодекс:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Или можеби обратно: новинарот веќе зазел страна, па почнал да пишува, или… Како и да е: овој новинарски продукт не е реален. Ова се нарекува перење вести или news laundering.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести