Рецензии

Рецензија: Не може да се минимизира улогата на министерот за одбрана

на 11. 03. 2013 | |
. „Не може да се минимизира функцијата на министерот за одбрана. Таа е многу важна за безбедносниот систем на Армијата. Иако министерот нема командна функција, тој одлучува за буџетот на Армијата заедно со владата, ја носи одбранбената стратегија заедно со Врховниот командант, па дури има и овластувања да предлага именување на воени старешини од понизок ранг…“ ова е така во ТВ прилогот. Овој телевизиски прилог е важен бидејќи се надоврзува на говорот на премиерот на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, каде Груевски истакна дека не е важно кој е министер за одбрана или негов заменик додека ВМРО ДПМНЕ е на власт, со што се минимизираше позицијата и функцијата на тукушто поставениот министер за одбрана, Талат Џафери. Новинарката Сања Васиќ

Рецензија: Членови на ЛДП преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

на 11. 03. 2013 | |
Класичен пример на еднострана вест, манипулација и спин, чија цел е да фаворизира една, а да омаловажи друга политичка партија, во екот на кампањата за локалните избори.

Рецензија: Политичката криза за кумановци не е завршена

на 8. 03. 2013 | |
Едностран осврт на актуелната политичка ситуација во Куманово, со анонимни соговорници, кои искажуваат ист став и без спротивно мислење и сугерираат политичко определување.

Рецензија: На Заев на старт му откажаа најблиските!

на 7. 03. 2013 | |
. „Социјалдемократскиот сојуз ја стартуваше својата изборна кампања за локалните избори на 24-ти март со митингот на Зоран Заев во Струмица. Она што беше повеќе од очигледно е дека нивниот миленик Заев не беше поддржан од голем дел од раководството на партијата кои не му ја укажаа честа да присуствуваат на митингот во неговата Струмица. Тој на говорницата излезе единствено со поддршка од неговиот шеф Бранко Црвенковски и лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кои кажаа неколку добри зборови за Заев“. Агенцијата излегува со вест од митинг во Струмица со спин дека кандидатот за градоначалник на Струмица, кој е апсолутен фаворит на опозицијата е оставен на цедило од сопартијците, што со текстот и фотографиите не може да се докаже и останува