Рецензии

Рецензија: Дали сендвичарата пред уривање го сврте левичарот Угриновски во десно?

на 5. 04. 2013 | |
Манирот на македонските медиуми да ги прикриваат своите коментари, на тој начин што ги прикажуваат како вести и извештаи, а се потпираат врз претпоставки и ризична атрибуција на обвинувачките наводи.

Рецензија: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ

на 5. 04. 2013 | |
Партијата ДОМ, која себе се смета за еколошка партија, односно за партија која се заложува за воведување на еколошки вредности и критериуми во урбаното живеење, најави дека во вториот круг на локалните избори ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ. Оваа општина инаку е позната по тоа што бележи најголемо загадување во градот, има целосна девастација на зеленилото и се карактеризира со често менување на урбанистичките планови. Имавме однесување кое беше целосно спротивно токму на еколошките стандарди и на мерилата за хумано живеење.

Рецензија: СИТЕЛ: Жерновски е желба на Љубчо

на 4. 04. 2013 | |
Со оглед дека изборите за општината Центар се од најважно значење за власта во вториот изборен круг, написите за кандидатот на опозицијата Жерновски доминираат во дел од медиумите, со цел намалување на неговата предност пред кандидатот на власта.

Рецензија: Загинатите момчиња од Штип биле на свадба кај пратеничката Маринела Тушева

на 3. 04. 2013 | |
Една мала непрецизност и желба за сензација може да придонесе за погрешно поврзување на настаните и до неоправдана перцепција за вина на лицата спомнати во приказната.

Рецензија: Кој стои зад Аце Коцевски?

на 31. 03. 2013 | |
Непотпишан коментар, објавен со идентичен текст на три интернет портали речиси истовремено, како очигледна координирана негативна кампања против кандидат за градоначалник од опозицијата.

Рецензија: Жерновски укинуваше важни закони, а сега бара доверба од граѓаните

на 30. 03. 2013 | |
Меѓу два изборни круга во Општината Центар, каде кандидатот на опозицијата е во – условно – предност пред второто изјаснување на граѓаните, провладините медиуми, во кои порталот Курир има значајно место, не штедат напори да го оцрнат Андреј Жерновски. „Политичкото минато на кандидатот за градоначалник на Центар од здружената опозиција, не им оди во прилог ниту на опозициските политичари, а најмалку на граѓаните. Андреј Жерновски е човекот кој уништуваше, а не создаваше“ – се вели во воведот на темата под споменатиот наслов, која наведува на помисла на нешто навистина спектакуларно како сознание, а што ете, јавноста не го знаела, особено онаа од Општина Центар, која важи за натпросечно информирана. Накусо, авторот на текстот без потпис се повикува на два моменти: