Рецензии

Рецензија: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми

на 15. 04. 2013 | | en
Обидот за експресно донесување на Законот за медиуми од страна на власта наиде на остри реакции меѓу новинарите, нивното мнозинско здружение (ЗНМ) и повеќе невладини организации. Се јавија бројни обвиненија за заобиколување на јавната расправа, имаше реакции и од меѓународната јавност, што доведе до успорување на донесувањето на еден обемен и сложен по својата материја законски текст. Неколку провладини редакции – очекувано – дадоа свој придонес во одбраната на владината брзина и содржината на тој текст, без да се навлегува во суштината на Законот за медиуми. Во функција на автоматска поддршка влезе и малцинското здружение на новинари без да ги респектира суштинските забелешки и да прикаже каков било аргумент кој би ја „покрил“ таквата рецензија за Законот.

Рецензија: Балканците сe потешко ги враќаат кредитите

на 11. 04. 2013 | |
По завршувањето на локалните избори, економските теми се враќаат во медиумите. Една од тие теми е блокадата на сметките на фирмите и поединците кај нас, со најновите податоци кои ги дава НБРМ. Тие се поразителни и говорат дека се наоѓаме среде голема економско-социјална криза. Но, дневниот весник „Дневник“ се обидува да ја релативизира таа слика и прави еден вид проширување на темата, ставајќи ја во регионални рамки и говорејќи притоа дека ние сме „најдобри во регионот“ по тоа прашање, небаре од тоа на народот и фирмите ќе им биде подобро.

Рецензија: Соросовиот трубадур со лаги за смртта на Никола Младенов

на 10. 04. 2013 | |
Смртта на новинарот и основач на неделникот и дневниот весник Фокус, Никола Младенов, ја потресе јавноста. Тој настан и ја отвори дилемата околу причините за неговата смрт – сообраќајка од невнимание, сообраќајка со учество на други возила… Во јавноста се појави еден текст на порталот Буревесник со кој се имплицира дека Младенов имал во рацете важен документ околу корупцијата поврзана со Словенечки Телеком, кој во текстот на ОхридСкај се спори, но без сопствени аргументи, со повикување дека полицијата ја знае вистината и дека после локалните избори, односно прецизно во сабота (веројатно 13 април) ќе ја објави.

Рецензија: Дали сендвичарата пред уривање го сврте левичарот Угриновски во десно?

на 5. 04. 2013 | |
Манирот на македонските медиуми да ги прикриваат своите коментари, на тој начин што ги прикажуваат како вести и извештаи, а се потпираат врз претпоставки и ризична атрибуција на обвинувачките наводи.

Рецензија: ДОМ ќе го поддржи Тодоровиќ

на 5. 04. 2013 | |
Партијата ДОМ, која себе се смета за еколошка партија, односно за партија која се заложува за воведување на еколошки вредности и критериуми во урбаното живеење, најави дека во вториот круг на локалните избори ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ. Оваа општина инаку е позната по тоа што бележи најголемо загадување во градот, има целосна девастација на зеленилото и се карактеризира со често менување на урбанистичките планови. Имавме однесување кое беше целосно спротивно токму на еколошките стандарди и на мерилата за хумано живеење.