verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пијан Грк предизвикал сообраќајка на патот Струмица – Банско

on 16 - 04 - 2013       

Не е секој Грк пијан, а особено не додека тоа не се докаже со правосилна судска пресуда.

Рецензија: Пијан Грк предизвикал сообраќајка на патот Струмица - БанскоЛинк до оригиналниот напис: Пијан Грк предизвикал сообраќајка на патот Струмица – Банско

Датум и време на објавување:  16.04.2014, 11:44

Датум на рецензирање: 16.04.2014

Рецензент:  Биљана Илиќ

Вистинитост на факти: Кусата вест на Прес 24 соопштува наводи за сериозна сообраќајка, но, за жал, без атрибуција. Поради тоа, читателот не може да се увери во точноста и веродостојноста на објавените наводи.

Извори на информации: Веројатно како ненамерен пропуст, написот за сообраќајката на патот Струмица – Банско не се повикува ниту на еден извор. Претпоставка е дека изворот на оваа информација е полицијата, но тоа во кусата вест не е соопштено.

Отсуството на извор ја доведува во прашање веродостојноста на приказната за настанот.

Содржајност: Целата вест е една долга и пренатрупана реченица, која, сепак, не одговара на сите основни прашања поврзани со сообраќајката. На пример, нема податок за тоа кога се случила несреќата и во какви временски услови. Нема ништо за состојбата на коловозот, а ниту подетална информација за тоа колкаво било присуството на алкохол во крвта на возачот и како е тоа утврдено.

Пристрасност: Во отсуство на официјален извор на веста, како и во отсуство на верзијата на осомничениот грчки државјанин, останува впечатокот дека веста делумно ја прикажува вистината и дека авторот е наклонет кон претпоставената полициска верзија за настанот.

Приклонувањето на новинарите кон полициските верзии за ваквите настани е вообичаен манир во нашите медиуми.

Плагијат: Не се наведени ниту авторот, ниту евентуално изворот на веста. Оттаму, не можеме да заклучиме дали станува збор за оригинално дело или за преземен текст.

Квалитет на насловот: Насловот на веста е „кремот“ на кусата приказна за „пијаниот Грк“ кој предизвикал сообраќајка. Насловот и малициозната глаголска форма во поднасловот „си заработи“ (кривична пријава) сведочат за тенденција во насловниот дел на текстот и за една забележителна нота на сензационализам.

Фотографија: Фотографијата на лента со натпис „полиција стоп“ е вообичаена за илустрирање на вакви настани, иако нејзината информативна вредност е скромна.

Дополнување: Отпосле фотографијата е отстранета.

Говор на омраза: Во Македонија, при известување за настани од ваков карактер (сообраќајни несреќи, криминални дела и слично), доколку постои објективна потреба да се посочи на државјанскиот или националниот статус на лицата за кои станува збор, вообичаено се опишува и нивната државјанска припадност и нивната етничка припадност. Така, на пример, се зборува за „македонски државјанин од албанско етничко потекло“, а не само за „Македонец“.

Во случајов, истакнувањето на државјанската припадност на актерот на несреќата е битен елемент на приказната (странец е осомничен за такво дело), но не е јасно каква е неговата етничка припадност. Што ако е Македонец од Грција? Дури и да се согласиме дека тоа не е битно, едностраноста на приказната и приклонувањето кон обвинувачките факти за Гркот (тоа дека наводно бил „пијан“), го става во позиција на дискриминирана страна.

Заклучок: Многу е важно вестите за настани од ваков карактер, во кои има осомничени за сторени кривични дела и жртви, да бидат сеопфатни и избалансирани. Притоа, дури и при постоење на само еден, официјален извор на информации, полицијата (во случајов, ни тој извор го нема), мора да се води сметка за темелното правило на пресумпција на невиноста.

Со сигурност ќе може да се каже дека Гркот бил „пијан“ и дека е виновник за несреќата, дури откако тоа ќе се потврди во судската постапка. Во конкретната вест, дури ни основаното сомневање за стореното кривично дело не е поткрепено со аргументи.

Рецензија: Пијан Грк предизвикал сообраќајка на патот Струмица - Банско

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести