verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми

on 15 - 04 - 2013       
Овој напис го има и на: Англиски

Обидот за експресно донесување на Законот за медиуми од страна на власта наиде на остри реакции меѓу новинарите, нивното мнозинско здружение (ЗНМ) и повеќе невладини организации. Се јавија бројни обвиненија за заобиколување на јавната расправа, имаше реакции и од меѓународната јавност, што доведе до успорување на донесувањето на еден обемен и сложен по својата материја законски текст.

Неколку провладини редакции – очекувано – дадоа свој придонес во одбраната на владината брзина и содржината на тој текст, без да се навлегува во суштината на Законот за медиуми.

Во функција на автоматска поддршка влезе и малцинското здружение на новинари без да ги респектира суштинските забелешки и да прикаже каков било аргумент кој би ја „покрил“ таквата рецензија за Законот.

„Министерот Ивановски информираше дека во насока на транспарентноста на донесувањето на Нацрт предлог законот за медиуми и аудиовизуелни услуги, Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со состаноците со јавните расправи со социјалните групи“ – се вели на почетокот на оваа вест која главно цели кон тоа да прикаже транспарентност кај донесувачот на Законот.

Рецензија: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми Линк до оригиналниот напис: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми

Датум и време на објавување: 15.04.2013, 17:36

Датум на рецензирање: 15.04.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Основниот недостаток на тезите во веста за разговорот на МАН со министерот Ивановски е во фактот што се премолчува дека се работи за иницијален контакт со фелата, наспроти, од неа се прави некаков континуум, односно средбата се преставува како „една во низа“.

По враќањето од Брисел, каде несомнено беше укорен за начинот на кој ја води постапката, министерот Ивановски, според негови зборови, од аеродромот дојде во Сител, за во понеделникот да разговара со претставници на МАН. Тука редакцијата на Сител игра важна улога, особено бидејќи потоа вечерта замина на вториот канал на Сител, како гостин во „Јади бурек“…

Тоа се многу средби, без да се излезе од врата, така да се рече! И сето тоа кај читателот треба да остави впечаток дека постои транспарентност во водењето јавна дебата.

Извори на информации: Како извор за докажување на транспарентноста во донесувањето на овој Закон, авторот ги наведува самите свои колеги од МАН и не се обидува да објасни зошто е лоша реакцијата на нивните колеги од мнозинскиот ЗНМ и од каде таму извира чувството за сокривањето на Предлог-законот и обидот да се намонтира наводна јавна расправа која би почнала и завршила во еден ден.

Содржајност: Текстот не донесува ниту еден аргумент зошто МАН смета дека законскиот текст е добар. Не е објаснета и единствената забелешка која МАН му ја кажала на министерот Ивановски (прецизирање на изразот слобода на изразување), а министерот е во меѓувреме соочен со бројни и суштински забелешки што ги даваат другите сегменти од спектарот на јавните гласила.

Нема ниту трага и од фактот дека Ивановски беше посебно повикан да замине во Брисел за лично да ги чуе критиките во врска со нетранспарентноста во носењето на Законот за медиуми, што согласно на времето на водење на разговорот меѓу МАН и Ивановски беше „свеж настан“.

Напротив во текстот се вели дека:

„МАН изразува едно незадоволство од европските институции особено што целата нивна комуникација е свртена само кон ЗНМ, бидејќи МАН смета дека е едно од најрепрезентативните здруженија и информираше дека МАН ќе побара комуникација и со европските институции, за како што рече, тој дел од комуникацијата да биде насочен кон нив“.

Добрата страна на оваа вест е дека низ неа се докажува претпоставката дека МАН и служи да биде поткрепа на власта во градењето на нејзината слика за успешност, а не како критички коректор, што би се очекувало од организација која е микс меѓу новинарски синдикат и здружение.

Пристрасност: Текстот нема никаков линк со другите новинари, други форми на јавност, особено што Здружението на новинарите претходните денови одржа собрание по повод носењето на Законот. Негативна е реакцијата и кај експертите, поискусните новинари, адвокатите… Тој впечаток за „серија јавни расправи“ кој им се нуди на консументите на веста е невистинит и неточен.

Текстот не навестува, а камоли да го отвора прашањето на бојкотот кој постои меѓу најголем дел од новинарите и власта во дијалогот по повод Законот, а тоа е утврдување на одговорност за инцидентот со новинарите од 24 декември 2012 година.

Коментирање: Написот користи директни форми на обраќање на актерите на таа средба за да се наметне еден став.

Плагијат: Курир не наведува дека текстот е преземен, па може да се третира како оригинален, а истиот нема авторски потпис.

Квалитет на насловот: Насловот е „административен“ односно сака да ја нагласи деловноста на министеровата агенда и затоа нема обид да биде креативен.

Фотографија: На фотографијата е министерот кој одговара на прашања на две новински куќи, кои важат за провладини и од таа гледна точка истата точно информира за ареалот во кој Иво Ивановски се движи со јавната расправа за законот.

Заклучок: Написот целосно се вклопува во стратегијата на власта да докаже две неточни тези – дека јавна расправа за овој Закон постои, дека постои добра фреквенција на настани во таа насока и дека текстот на еден голем и обемен закон веднаш од страна на новинарите е прочитан како одличен и применлив.

Тој текст е дел од притисок на власта упатен кон ЗНМ, како и кон низа новинарски НВО-а, пред да започне вистинскиот дијалог на власта, ако започне. Власта имено посочува дека има „свој партнер“ во МАН кој е погоден да ја изглуми јавноста и да даде речиси безрезервна поддршка за Законот за медиуми.

Рецензија: Состанок на работниот тим на МИОА и МАН за Нацрт законот за медиуми

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

Претплатете се за најнови вести