verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЗНМ бара одлагање на донесувањето на законот за медиуми

on 11 - 04 - 2013       

Кога новинарите дури и за настаните кои се однесуваат на нив не можат да се согласат што, всушност, се случило.

Рецензија: ЗНМ бара одлагање на донесувањето на законот за медиумиЛинк до оригиналниот напис: ЗНМ бара одлагање на донесувањето на законот за медиуми

Датум и време на објавување: 08.04.2013, 15:38

Датум на рецензирање: 08.04.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост на факти: Фактите што се соопштени во овој текст произлегуваат од официјално соопштение на ЗНМ. Нема замерки на точноста и на веродостојноста.

Но, на изненадување на рецензентот, во овој и во текстот кој следи два часа подоцна, Капитал не објавува речиси ни збор за настанот со кој е поврзано ова соопштение и подоцнежната изјава на министерот Иво Ивановски.

Рецензија: ЗНМ бара одлагање на донесувањето на законот за медиумиИзвори на информации: Како што веќе рековме, единствен и секако едностран извор на текстот е соопштението на ЗНМ. Но, два часа подоцна, порталот го објавува и ставот на другата страна. Па сепак, проблемот лежи на друго место.

Содржајност: Веста не го задоволува минималното ниво на сеопфатност и таа, веројатно без намера, прикрива суштествено важни информации за настанот. Имено, станува збор за почеток на јавната расправа за новиот закон за медиуми.


Проста споредба на двата текста на Капитал со текстовите објавени во другите медиуми, покажува дека на овој настан се одиграла вистинска мала драма – пред почетокот на расправата, новинари и претставници на Здружението на новинари, Синдикатот на новинари и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми се појавиле во Домот на армијата и делеле летоци, во кои информираат за причините поради кои се решени да го бојкотираат законот за медиуми.

Министерот Иво Ивановски бил единствениот кој одбил да го земе летокот на новинарите. Во моментот кога Ивановски седнал да ја отвори расправата, поголемиот број новинари станале и си заминале. Навистина е чудно зошто Капитал не известува за овие работи.

Пристрасност: Написот делумно и мошне скромно ја прикажува вистината за спорот меѓу ЗНМ и подготвувачот на новиот закон за медиуми. Не само професионалната солидарност, туку и љубопитството, наложувало новинарот да се обиде да го опише драматичниот настан, така како што се случил. Дополнително, повеќе медиуми се обиделе да ја опишат суштината на спорот, користејќи изјави од двете страни.

Во текстот на Капитал, кој следи по првичниот, се пренесува изјава на министерот за информации Иво Ивановски. Таа изјава и игнорирањето на бојкотот на расправата во првичната информација, оставаат впечаток за извесна наклонетост кон владата за ова прашање. Би било претерано, во овој случај, таа наклонетост да ја опишеме како политичка.

Плагијат: Авторот не е наведен.

Заклучок: Двата текста во Капитал кои се однесуваат на почетокот на јавната расправа за новиот закон за медиуми, наспроти очекувањата, отскокнуваат од дузината написи во другите медиуми за овој настан. Просто е неверојатно и необјасниво зошто во анализираните написи целосно се испуштени фактите за драмата на овој настан.

До следните написи на оваа тема, од кои можеби ќе се осознае дискурсот на порталот кон проблемот, ни останува единствената логична претпоставка дека станува збор за банален пропуст.

Рецензија: ЗНМ бара одлагање на донесувањето на законот за медиуми

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести