Рецензии

Рецензија: Повредени полицајци при приведување затвореник пуштен на викенд

на 20. 05. 2013 | |
Иако на улиците на Топаана токму за време на традиционалниот ромски празник Ѓурѓовден владееше вистинска војна, а улиците во еден дел на градот беа блокирани за низ нив да нема сообраќај, медиумот го пренесува само соопштението на полицијата. Соопштението го минимизира настанот, а не споменува дека постоела т.н. прекумерна примена на сила.

Рецензија: Падна најголемиот дилер на кокаин во земјава од скопско Грчец

на 20. 05. 2013 | |
На Денот на полицијата Дневник настојува низ еден текст да даде некаков меланж од пофалби за работата на полицијата, а истовремено да ја одбегне статистиката и другите форми на споредба за сработеното како вистински ефект за дејствувањето на едно министерство или еден нејзин дел – одржувањето и грижата за јавната безбедност.

Рецензија: Кандидатите за претседател на СДСМ на „баци рака“ кај Црвенковски

на 20. 05. 2013 | |
Власта преку своите бројни медиуми се обидува да се пресметува со своите политички противници на два фронта. Првиот е отворен и е доста активен, а насочен е против градоначалникот Жерновски. Вториот е преку обидот на својот главен политички ривал – СДСМ да му го отежнува следниот изборен Конгрес преку спинување на стории. „Според извори на Република од понеделник сите четворица кандидати за претседател, Ивановски, Јовановски и Наумов треба пред Црвенковски да ги елаборираат своите програми со што практично се потврдува тезата дека финалниот избор на идниот претседател нема да го прават делегатите на Конгресот како највисоко тело на партијата туку Црвенковски и луѓето околу него“.

Рецензија: ФОТО: Пенов во фотелјата на Жерновски

на 16. 05. 2013 | |
Некогаш медиумите можат да бидат „видовити“ па да ги предвидат настаните кои ќе уследат во наредните денови. Порталот Курир, очевидно концентриран на градоначалникувањето на новиот избраник на Центар – Жерновски, како да предвиде дека еден државен орган, Трудовиот инспекторат, ќе интервенира и во кабинетот на градоначалникот Жерновски, според извештаите од 15 мај, каде ќе се бараат непријавени вработени. Или можеби текстот објавен во Курир и бил повод за оваа посета на Инспекторатот на кабинетот на Жерновски?