verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Билјана Илиќ

Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?

на 23. 09. 2013 | |
Колку и да се трудеа паркобраните во Скопје да привлечат медиумско внимание, тие станаа вест на денот дури тогаш кога беа нападнати од полициските специјалци. Да се случеше тој настан истовремено со приказната за шлицот и со таа за Цеца во болница, можеби граѓанскиот активизам ќе однесеше победа во битката со „сензационализмот“. Кратка, еднодневна победа.   Пишува: Биљана Илиќ   Пред некој ден, приказната за откопчаниот шлиц на премиерот Никола Груевски стана вест на денот. Единствена сериозна конкуренција ѝ беше  веста дека познатата турбофолк ѕвезда Цеца Величковиќ била однесена во болница. Многу луѓе во Македонија, посебно некои што себеси нападно се рубрицираат како „интелектуална елита“, во ова видоа уште една потврда на тезата дека македонското новинарство го допрело „дното“ и

За голем човек, голема буква?

на 19. 08. 2013 | |
Примери има многу, а ние ќе наведеме само неколку, за да предупредиме на една очајна состојба, што налага брза акција во секоја наша редакција – новинарите и уредниците мора да развијат свесност за потребата строго да ги применуваат правилата на македонскиот правопис.   Пишува: Биљана Илиќ   На корисниот фејсбук профил www.facebook.com/lektor.mk  сретнавме вакво прашање: „Дали ќе може да ми кажете како би било правилно да се напише: Руската федерација

Да се објави или не?

на 16. 08. 2013 | | sq
Многу е важно да се препознаваат вестите што имаат потенцијал да генерираат општествено неприфатливо поведение, да се анализираат нивните атрибути и внимателно да се донесуваат добри уреднички одлуки.   Пишува: Биљана Илиќ   Со кусо предупредување дека станува збор за „скандалозно расистичко видео“ кое се однесува на Ромите, на Сорос и на СДСМ, само со една скромна реченица текст, еден портал деновиве објави неспорно расистички и навредувачки видео-запис, дело на

Не смее да се плагира, но ни да се бара монопол над вестите

на 6. 08. 2013 | | sq
Во последно време, новинарите во Македонија водат жестока јавна дебата за плагирањето на нивните трудови. Отворена е дури и посебна група на Фејсбук, на која новинарите објавуваат текстови за кои сметаат дека им се плагирани (или „украдени“), а потоа се водат лути расправи. Во основа, поттикнувањето на свесноста за тоа што е оригинал,  а што плагијат во новинарството, е добра работа, затоа што секој професионален новинар има етичка обврска да

Што беше тоа редакциски коментар?

на 17. 05. 2013 | | sq
Праксата на интегрирање на фактите и на мислењето нѐ враќа во времето на медиумското едноумие – коментарите треба прецизно да се рубрицираат, а не тезите и нивните автори да се кријат зад наводите и исказите на изворите. Пишува Биљана Илиќ

Рецензија: Дали сендвичарата пред уривање го сврте левичарот Угриновски во десно?

на 5. 04. 2013 | |
Манирот на македонските медиуми да ги прикриваат своите коментари, на тој начин што ги прикажуваат како вести и извештаи, а се потпираат врз претпоставки и ризична атрибуција на обвинувачките наводи.

Претплатете се за најнови вести