verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Црвенковски имал здравствени проблеми. На лекар во странство

on 17 - 04 - 2013       

Здравствена состојба на политичарите не е информација од јавен карактер, ако таа не е пресудна за извршувањето на јавните работи.

Рецензија: Црвенковски имал здравствени проблеми. На лекар во странствоЛинк до оригиналниот напис: Црвенковски имал здравствени проблеми. На лекар во странство

Датум и време на објавување: 14.04.2013, 13:07:53

Датум на рецензирање: 17.04.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост на факти: Текстот на порталот Либертас претендира да соопшти факти за здравствената состојба на лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски. Со оглед на тоа што не е јасно од каде потекнуваат тие наводи, а и нивната очигледна непрецизност (се зборува за слабост и за стрес, што е далеку од прецизен опис на наводните здравствени проблеми), тешко е да се заклучи дали станува збор за точни и веродостојни факти.

Извори на информации: Написот се повикува на само еден, анонимен извор, именуван како „извори од партијата“ и „нашиот извор“. Со тоа, авторот врз себе ја презема улогата на извор и понатамошните евентуални преземања на овој текст, се атрибуираат на Либертас.

Не знаеме дали било можно да се консултира засегнатата страна (самиот Црвенковски или неговиот кабинет), но секако требало да се направи обид и за тоа да се извести јавноста во написот.

Содржајност: Се нема впечаток дека веста прикрива информации за здравствената состојба на лидерот на опозицијата, иако е сосема јасно дека таа е несеопфатна, веројатно поради недоволната амбициозност на авторот, кој не се потрудил да истражи некои факти до кои можело лесно да се дојде (на пример, во јавноста веќе беше кажано дека Црвенковски неодамна патувал во Виена).

Пристрасност: Контрадикторно со етичката дилема што ја наметнува овој напис, дали здравствената состојба на Црвенковски е информација од јавен карактер, авторот е благо наклонет кон засегнатиот лидер на опозицијата, кого го прикажува како жртва на кампањата. Таа, по малку изнасилена емпатија, ја толкуваме и како политичка наклонетост.

Коментирање: Тврдењето во написот дека „Црвенковски силно го погодиле лагите за него во црната кампања што ја прави власта, но и неединството на партијата околу бојкотот на локалните избори“, атрибуирано на „нашите извори“, читателот сепак го доживува како коментар на авторот.

Тој коментар е поткрепен со мала приказна за односот на сопартијците на Црвенковски кон него при преговорите со Филе, која, според нашите сознанија, е блиску до вистината, но непоткрепена со конкретен исказ на конкретен извор, таа приказна делува неуверливо.

Плагијат: Авторот не е наведен.

Квалитет на насловот: Насловот ја носи основната, како што рековме – недоволно прецизна информација во написот. Сепак, формата на насловот, составен од две реченици, од кои втората („На лекар во странство“) е без предикат и е незавршена, е збунувачка.

Фотографија: Текстот е придружен со портрет-фотографија на Бранко Црвенковски.

Заклучок: Текстот на Либертас, иако напишан со очигледна емпатија, па дури и наклонетост кон главниот лик, лидерот на опозицијата, сепак ја покренува дилемата дали неговата здравствена состојба, во овој момент, е информација од јавен карактер.

Во околности кога здравствената состојба на политичарите битно влијае врз нивната работа, која е поврзана со јавните работи во општеството (избори, вршење јавна функција, активности со општествен импакт и слично), медиумите имаат право да пишуваат за неа, без оглед што таквите информации ја засегаат приватноста на луѓето.

Во овој случај, кога изборите се завршени и кога постои една битна осека во политичките активности воопшто, впечатокот е дека здравствената состојба на Црвенковски не ги засега јавните работи и поради тоа, требало да се остави во сферата на приватноста.

Рецензија: Црвенковски имал здравствени проблеми. На лекар во странство

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести