Рецензии

Рецензија: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развој

на 9. 05. 2013 | |
За време на велигденските празници премиерот Груевски беше во посета на различни објекти и градови во Западна Македонија (Кичево, Струга, Вевчани и Охрид). Според хроничарите, на овие посети тој се сретнал со двајца градоначалници, а со двајца не се сретнал, со оној на Кичево и на Струга, ниту остварил какви било контакти со општинската управа за прашања кои се битни за односите меѓу централната и локалната власт. Веста на Нетпрес индиректно покажува дека премиерот останал селективен во посетите, како и дека новинарите тоа не го забележуваат на кој било начин. Селективноста на премиерот е идеолошка, но и етничка! Згора, посетата се одвива во екот на срамниот скандал со Субрата Рој, за кој нема ниту ретче во веста, а секако бил

Рецензија: Разговор – Моите хонорари се најмали

на 30. 04. 2013 | |
По долговремено молчење пред јавноста, Утрински излезе со своја вистина за примените хонорари на вајарката Валентина Каранфилова Стефановска. Ова би бил голем успех за која било редакција, ако се знае фактот дека авторката и официјално е посочена како апсолутно најнаградуван уметник на овие простори, во кое било време. Таа сега има потреба да објаснува пред јавноста – зошто примила толку високи хонорари, зошто УЈП не ја споменува во милионерите од наше тло, како таа ги добива сите главни споменици и како воопшто успева да одговори на обврските? Ова се секако само дел од можните прашања, кои во разговорот ги нема или ние не ги гледаме во финалната верзија?

Рецензија: Наградени топ 100 лекари во Македонија, меѓу нив и штрајкувачи

на 26. 04. 2013 | |
По неколкумесечните штрајкови на белите мантили против начинот на кој се вреднува трудот од страна на министерот Никола Тодоров и кусата пауза во примената на неговиот казнено-награден метод, деновиве одново стартуваше примената на старо-новиот модел. „Министерството за здравство јавно ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, во согласност со критериумите од проектот за плаќање по успешност. Ресорното министерство смета дека треба на овие вредни лекари да им се валоризира работата, бидејќи, тие во февруари годинава најмногу се залагале на своите работни места пружајќи им стручна медицинска помош на пациентите“. Индикативно е дека сите провладини медиуми на ниту еден начин не го проверија моделот со наградените. Секако и со казнетите или прескокнатите, но беше нагласено дека

Рецензија: Седум години немаат тапии, а сами се снаоѓаат и за ладење и за греење

на 24. 04. 2013 | |
Во неколку медиуми во земјата во кус период во втората половина на април се појавија написи поврзани за неволјата на група станари од елитната населба Бардовци кои имаат проблем со човекот кој им продал станови, а тие сѐ уште немаат затоплување и ладење, немаат по две паркинг места и немаат имотни листови за објектот кој го купиле. Би се рекло дека се работи за уште еден нов контингент на измамени купувачи во сферата на станоградбата. Во написот на Дневник како извор на доста опширна информација се јавува адвокатката на лицата кои обвинуваат, речиси и да нема изјава од другата страна (освен една реченица на синот на сопственикот), а не се цитира ниту пресудата со која судот ги одбива наводите на

Рецензија: Макрадули, Бендевска и Спасовски фатени при пишување графити во општина Центар?

на 23. 04. 2013 | |
Кога некој свесно ќе објави лага, тоа е како да расфрла пердуви од перница – кога се демантира, тоа е како да се собира пердув по пердув.

Рецензија: „Kатр ди“ – кумановска лозинка за гласање

на 23. 04. 2013 | |
Во периодот кога заврши веројатно и последниот круг од изборите на градоначалници и совети на општините, вреди да се навратиме на тоа како се пишуваше за валканите практики при гласањата. Веројатно најголемиот текст од тој тип, напишан во комбинирана коментаторско-репортерска и стручно-консултативна форма, што го објави скопскиот весник Дневник, јасно покажува дека при освртите на весниците постоеше селективност во укажувањето на некои евентуални нерегуларности. Постоеше и чудна синхронизираност во дел од текстовите со жалбите на владејачката партија, која како да е „насетена“, па написот треба да биде нешто како „ин флагранти“, во корист на таа идна жалба (тужба) на ВМРО-ДПМНЕ. Се работи инаку за прикривање на случај каде за првпат во историјата на гласањето во земјава се користи судски истражен