verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Албанските медиуми во Македонија со објективен пристап кон СЈО

на 25. 02. 2017 | | sq
Сосема друга приказна – телевизиски станици на албански јазик. Фото: скриншот  

Фактот што дури 82,7 отсто од анкетираните македонски Албанци имале позитивен став кон специјалната обвинителка Јанева и кон нејзиниот тим се должи и на отсуството на негативна кампања во медиумите што се консумираат од овој сегмент на населението

  Пишува: Љубомир Костовски   Анкетата што ја направи телевизија „Телма“ неодамна, во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка,

Текст кој алармира без голема врева

на 23. 02. 2017 | |
   

[Рецензија: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија]

  Драматични настани што ги загрижуваат сите граѓани не се случуваат само во Македонија. Такви настани има и регионално, само што загледани во една точка или кон еден проблем, кон „дрвото“, стануваме дефокусирани за „шумата“, односно за оној сплет на односи, а понекогаш комплекси од релации кои дури како имаат врска со она што ни се случува или ќе ни се случи. Ова е текст кој покажува дека без пренасилена драматика и со релевантни извори може да се говори за некакви светски „планови“ на Балканот. Линк до оригиналниот напис: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија Датум и време на објавување:  20.02.2017, 17:50 Датум на рецензирање: 

Професија: ловец на лажни вести

на 16. 02. 2017 | |
Оклопно возило на армијата на САД на должност во Полска како дел од непостоечките „3.600 американски тенкови“. Фото: Википедија, 2015    

Присуството на толку многу лажни вести во информатичкиот простор доведува до тоа државите да отвораат нови работни места – ловци на лажни вести, кои треба да ги отстранат информациите што не се вистинити, а можат да направат штета!

  Пишува: Љубомир Костовски   Бен Нимо е еден од

Професионално и фактографски сработена жешка тема

на 9. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија]

Фактографски и сеопфатно, тоа е задачата која e исполнета со овој текст за американскиот конгресмен Дана Рорабакер. Ваквите написи секако треба да се поздравуваат, бидејќи укажуваат на тоа дека и многу жешки теми треба да се примаат мирно, што би се рекло во фудбалскиот жаргон, најнапред да се „стопираат“ и потоа да се обработат професионално, без да им се подлегне на емоциите. Линк до оригиналниот напис: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија Датум и време на објавување:  07.02.2017, 16:03 Датум на рецензирање: 08.02.017 Рецензент: Љубомир Костовски    

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ

„Како вознемирувачки ги оцени денеска македонското Министерство за надворешни работи изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер

Прилог на ТВ „Сител“ содржи омраза и меѓунационална нерпеливост, вели регулаторот

на 6. 02. 2017 | |
ТВ „Сител“ на удар на членот 48 од Законот за аудио и аудио-визуелни и медиумски услуги. Фото: flickr/колаж    

ТВ „Сител“ бил предмет на надзор на Агенцијата непосредно пред Нова година (30 декември), а предмет на опсервација биле телевизиските дневници на оваа куќа во 10 и во 23 часот, во периодот од 2 до 6 декември, значи во периодот непосредно пред парламентарните избори (11 декември). Мотивираноста на оние кои

Клеветнички текст против Мето Колоски

на 1. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира]

  Ова е еден од низата текстови (објавени деновиве во повеќе медиуми) во кој  се напаѓа  претседателот на Обединетата македонска дијаспора во САД – Мето Колоски,  дека е „приврзок на СДСМ“, без да се посочи за какви конекции се работи. И без да се почитува основниот демократски постулат дека совпаѓањето на одредени размислувања на некој човек со друг или со група луѓе, па и партија, е дел од суштествувањето на политиката. Линк до оригиналниот напис: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира http://kurir.mk/makedonija/vesti/kolovski-od-omd-tsvrsto-po-taktot-na-sdsm-see-magla-i-manipulira/ Датум и време на објавување:  22.01. 2017  – 10:25 Датум на рецензирање: 29.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски  

Поменот на самопрогласениот српски генерал не е вест

на 18. 01. 2017 | | sq
 

[Рецензија: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)]

  Веста со која треба да се потсетиме дека во Белград му бил даден помен на познатиот криминалец и воен злосторник Аркан, укажува дека дел од медиумите кај нас кон овој темен лик од поблиската историја на Балканот сè уште негуваат емотивни врски. Преносот на таквата вест, најверојатно од српските медиуми, нема никакво оправдување за третман во тукашната средина.   Линк до оригиналниот напис: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО) Датум и време на објавување:  15.1.2017 – 16:14 Датум на рецензирање: 16.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски   ПРИВАТЕН ПОМЕН, ЈАВЕН ИНТЕРЕС? „Познатата српска пејачка Цеца

Текст што сокрива детали и ја тера водата на една воденица

на 16. 01. 2017 | |
  [Рецензија: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада,­ ќе има нови избори]   Компликувањето на ситуацијата со составување коалиција која би обезбедила потребно мнозинство за да добие „изим“ од претседателот на државата Иванов, односно за да излезе „на мегдан“ во Собранието, создава некаква политичка нервоза на која не одолеваат ниту медиумите. Кај некои од нив таа се открива полесно, особено ако при тоа се креирани „факти“ кои се обидуваат да направат конфузија во теоријата и во практиката на парламентаризмот. Текстот што го анализираме е еден од тие. Зошто?   Линк до оригиналниот напис: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада – ќе има нови избори Датум и време на објавување: 11.01.2017 ­ 17:45 Датум на рецензирање: 13.01.2017

Слободните медиуми се непријатели само на невистината и ничии други

на 9. 01. 2017 | |
„Медиумите на Сорос“ како најголеми виновници за сите проблеми. Фото: скриншот  

Во големото интервју на Груевски, покрај невладиниот сектор, и медиумите се цел на напади на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа особено оние неколку портали и оние неколку емисии на телевизиите помогнати од странски донации, кои слободно и критички ги опсервираат настаните во земјава и го збогатуваат македонскиот медиумски простор. Интервјуто создава слика како небаре овие медиуми (покрај

Мочуриштето на невистината претставено како „поствистина“

на 5. 01. 2017 | | en
На поствистината не ѝ треба викање, туку само ехо-одаја. Фото: Garry Knight, 2012  

Изборот на зборот „поствистина“ како збор на годината за 2016 година од страна на лингвистите на Оксфордскиот речник е поттикнат главно од кампањите на Брексит и од претседателските избори во САД. Но, и политичките прилики во земјава со години покажуваат јавна негрижа за фактите, а политиката се води само врз основа на повладување на веќе создадените

Претплатете се за најнови вести