verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Претсмртни ламенти: ако умрам ил’ загинам

на 30. 10. 2015 | |
Дел од „Тестаментот“ на ДПЛ. Фото: скриншот/колаж  

Тестаменталното портфолио на Драган Павловиќ Латас е засега единственото што треба да биде контрапункт на дипломатскиот тестамент за земјава што ни го прочитаа претставниците на меѓународната заедница

  Пишува: Љубомир Костовски   Деновиве голем дел од јавноста се прашува – што ќе стане со оваа земја ако веќе клучните политичките актери ги пробија сите рокови во решавање на кризата, бидејќи, минаа и

Наслов кој ја негира вистинитоста на „доказите“

на 24. 10. 2015 | | sq

[Рецензија: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?!]

  Некои средни училишта во Скопје во четвртокот осамнаа со непристојни пораки, испишани на ѕидовите. На тапет беа тие што учествувале на протестот по скопските улици и пред Министерството за образование и со нив беа обвинети дека заработиле пари кои им биле ветени ако дојдат на овој собир!? Основа за тоа беше текстот (прилогот) на ТВ „Сител“, преземен потоа од грото провладини медиуми за таа тема – овие ученици, наводно, имале бесплатен такси-превоз, а згора добиле и по 1.000 денари „џепарлак“. Нели, кој не би одел?! Линк до оригиналниот напис: По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?! Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:51 Датум на рецензирање: 23.10.2015

Пристрасно и дел од нескриен спин

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ?]

  Ако е земјата во голема криза, ако таа беше поттикната од откриените разговори во врвот на државата и ако, како излез од таа криза, меѓународните посредници воспоставија специјална и нова институција, со лекс специјалис, тогаш секако кочничар во надминување на кризата е секој оној, како поединец или институција, што не дозволува заживување на одредбите на законот. Оттаму, иритантно е кога текстот се обидува да ги заштити кочничарите на сметка на тие што треба да го вратат дигнитетот на институциите во земјата. Линк до оригиналниот напис: Дали притисокот врз обвинителите ќе влезе во извештајот на Хан за РМ? Датум и време на објавување: 20.10.2015 17:48 Датум

„Кафе-муабет“ со Мосад

на 21. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Дали лидерот на СДСМ направи дипломатски скандал со Израел?]

  Посетата на лидерот на СДСМ на Израел е постојана мета на голем дел од медиумите откако се случи. Таа беше оценувана најпрвин како приватна, потоа од верска природа (посета на црквата на Светиот гроб) за да се добие титулата „хаџи“ и слично, сè додека не дојде средбата со израелскиот претседател, потоа и со министерот за внатрешни работи, како и со човек на Мосад, како што беше речено од двајцата колеги што ја следеа оваа визита. Потоа провладините медиуми сакаа да ги омаловажат тие средби. За ова веќе имавме рецензија, но сега класичната пропаганда против дострелите на приемот на Заев од официјални лица во Израел достигнува кулминација со негирањето

Многу бабици, килави аргументи

на 15. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Пробиен обидот за лага на опозицијата – советниците за односи со јавност нека му ги вратат парите на Заев]

Брзината и потребата да се напише текст во некаква „дедлајн“ ситуација, веројатно е најважниот причинител за лошото здравје на новинарите. Нели, мора да има причина што тие, припадниците на т.н. седма сила, живеат по правило кусо, се под стрес и го трпат сè она што следува во такви околности на работење. Обично се сметало дека оние кои работат во неделниците се под помала можност да бидат жртви на стресот – не ги бркаат настаните, не е важно дали се тркаат со дневните изданија, а од нив се очекува за сметка на тоа да негуваат долги форми на комуникација со

„Истражувачко“ новинарство со капиџик во власта

на 15. 10. 2015 | |
Јавното обвинителство на РМ – дали одовде протекoа документите? Фото: skyscrapercity, 2012  

Додека во светот новинарите се оние кои „копаат“ по службени документи за да откријат како работи државата и дали ги почитува законите, овде кај нас власта сама им дава службени документи на медиумите и тоа со наредби да се објават и назнаки каков напад да извршат врз лицата засегнати од таквите документи.

Пишува: Љубомир Костовски   Годинешниот

Валканите Арапи и лесните Србинки

на 13. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: „Најдобриот секс во животот го имав со мигрант“ – неверојатна исповед на Србинка]

  Постојат многу форми преку кои се создава, негува и се одржува анимозитетот кон „инаквиот“ на теренот по кој се движат бегалците, оние кои со месеци минуваат и преку нашата земја на својот пат од Блискиот Исток кон Западна Европа. Тој отпор кон бегалците несомнено постои, иако можеби официјалните изјави на власта во некои земји во регионот се на линија да нè уверуваат во спротивното.
Од Турција и од Грција на истокот на континентот, па до Британија на западот, постојат секако изградени пропагандни клишеа со кои се гради отпорот кон бегалците. Што повеќе, при тоа, се „удира“ на примарните инстинкти, ефектот на таквите пропагандни флоскули

Прилог кој ни открива постоeње на еден парелелен образовен свет

на 13. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Авторот на книгата за „наркоманите“: уште им држам предавања на учениците]

  Прилогот кој е предмет на рецензијата ни открива дека крај нас постои еден парелелен образовен свет, за кого поголем дел од нас не се ниту свесни, но кој, за големо чудо, има своја репрезентативна статистика зад себе. Книгата „Дрога – болест на денешнината“ на авторот Бошко Томовски е, наводно, продадена во повеќе од 120.000 примероци и има две реиздавања на македонски, а печатена е и на албански и на српски јазик. Би била, со ваквото пребројување, белким, најзначајниот бестселер во земјава!? Притоа, пoдржувана е од образовниот систем, кој им ја дели на најдобрите ученици (и тоа и во основно и во средно училиште!), а

Групна анестезија

на 9. 10. 2015 | |

[Рецензија: Заев си избира обвинител, Јанева молчи, Башевска презакажува]

  Една од основните карактеристики на политичкиот живот годинава е аферата „Пуч“, која има и некакво свое судско пледоаје (обвинение). Сигурно дека оваа афера беше само една во низата други, отворени со сознанијата дека се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани кои откриваа дузини и дузини афери на самата власт. Тие, пак, афери немаа свое судско пледоаје, иако постоеше основа, па ова беше една од причините зошто меѓународната заедница инсистираше на формирање специјално обвинителство – отвореното сомневање дека најпрвин обвинителстото, а потоа и другите чинители на судската власт се способни за непристрасно и за правично судење. Впрочем, во тоа и се состои во голем дел и кризата: создадени се проблеми, а постoјните

Новинарите како носачи на техника во его-трипот на премиерот

на 8. 10. 2015 | |
Микрофонот секогаш подготвен. Колаж: СПФМ  

Дел од новинарите денес се сведуваат само на „носачи на кабли“, бидејќи тие нивни вечерни визури за ефикасноста на власта на неколкуте телевизии не трпат ниту креатива, ниту љубопитност и немаат потреба од некакво знаење кај известувачот. Дури, како помош, видовме во втората половина на септември, премиерот им помага на придружниците – мегафони со тоа што дел од „тонската техника“ ја носи самиот.

 

Претплатете се за најнови вести