verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степени

на 25. 03. 2013 | |
Во скопската рубрика на дневниот весник Дневник излезе текст кој се однесува на започната градба на неколку облакодери во населба Аеродром. Како трусно подрачје и заради други урбанистичко проблематични приоди кон олку високите згради во Скопје, кон инвестицијата со право постоеја подозренија. Весникот се обидува да ја сопре недовербата кон тие градби со написот во кој се вели дека: „До август годинава ќе заврши изградбата на двете од четирите 42-катници во Аеродром, уверени се инвеститорите од претставништвото на турската компанија „Џеваир холдинг“, кои со реализација на овој зафат почнаа во јули лани… Секоја зграда има од 180 до 185 столба, широки по еден метар, а длабоки по 24 метри. Тоа ќе бидат најбезбедните згради, способни да издржат земјотрес од 10

Рецензија: Николовски: Нов ТАТ во Охрид

на 22. 03. 2013 | |
Порталот Република објави вест од Охрид во која се вели дека „Бранко Црвенковски и Александар Петревски по сценарио од 1997 година создале нов ТАТ во Охрид“. Веста се повикува на изјава на високиот функционер на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски, пратеник во републичкото Собрание. Притоа се прави кармакашија од економски категории, па загуби на комуналните претпријатија се прикажуваат како пирамидална штедилница.

Рецензија: ЛП нема право да дислоцира споменици од „Скопје 2014“

на 22. 03. 2013 | |
. „Анкетата со која Либералната партија го преиспитува мислењето на скопјани дали спомениците, што се дел од проектот ‘Скопје 2014’, треба да се дислоцираат од плоштадот е лоша идеја за собирање политички поени. Откако на својата официјална страница партијата ја постави анкетата, на која граѓаните може да се изјаснат со ‘да’ и ‘не’, архитектите се огласија дека не може прекуноќ и инкогнито која било структура што ќе дојде на власт да одлучува за нешто што е утврдено преку многу дебати, со факти и што е констатирано од стручна комисија.“ Со текст чиј пролог го цитираме, потпишан со иницијали Л.Ѓ., дневниот весник „Дневник“ прави обид да одговори на иницијативата на една партија која наидува на интерес кај граѓанството и е сосема

Рецензија: СКАНДАЛ: Кадар на охридскиот градоначалник во џакузи со млади девојки (ВИДЕО)

на 20. 03. 2013 | |
На два дена пред изборниот молк провладините медиуми вадат „тешка артилерија“ и ги прават најнедозволивите монтажи на настани и вести со цел да се оцрни политичкиот противник. Така, агенцијата Нетпрес објавува пренесена вест од Сител телевизија и од весникот Вечер во која на спот и на фотографии се гледа во базен едно постаро лице во друштво со млади девојки и во врска со тоа се вели дека се работи за директорот на охридското средно училиште ЕМУЦ.

Рецензија: Бокрош – Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи

на 18. 03. 2013 | |
. „Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи, оцени унгарскиот европратеник Лајош Бокрош, кој е еден од водечките реформатори на унгарската економија во 90-тите години.“ Ова е воведот во прилогот од Вашингтон за собирот на конзервативците од целиот свет, каде насловот е извлечен од текст, во кој на прашањето на македонската економска политика одвај да има една десеттина од текстот, во кое нема објаснување зошто Македонија е интересна за опсервација. Во воведот на текстот стои само дека Бокрош мисли „дека Македонија веќе има полза од овој нов вид на либерално и конзервативно размислување. Ние во Европа мораме да ги обновуваме батериите на пазарната конкуренција, додека Македонија направи значителен напредок во тој план“. Ова е текст кој во контекст

Рецензија: Најавите за поројни дождови ги кренаа надлежните на нозе

на 12. 03. 2013 | |
. „Вреќи со песок ќе се доставуваат до кризните региони, а се апелира и за расчистување на малите канали со цел да се намалат ризиците од поплави. Надлежните институции ги започнаа подготовките за справување со поплави до кои може да дојде доколку се остварат прогнозите на метеоролозите за поројни дождови во наредните неколку дена.“ Оваа активност нема никакви врски со евентуалните поплави, бидејќи, другите надлежни органи се немаат пројавено, но има со локалните избори, бидејќи ја подигнува тензијата и по автоматизам прави атмосфера од неопходност на присуство на „силна држава“, со што се нагласува потребата од поврзување на локалните потреби со централната власт.

Рецензија: Не може да се минимизира улогата на министерот за одбрана

на 11. 03. 2013 | |
. „Не може да се минимизира функцијата на министерот за одбрана. Таа е многу важна за безбедносниот систем на Армијата. Иако министерот нема командна функција, тој одлучува за буџетот на Армијата заедно со владата, ја носи одбранбената стратегија заедно со Врховниот командант, па дури има и овластувања да предлага именување на воени старешини од понизок ранг…“ ова е така во ТВ прилогот. Овој телевизиски прилог е важен бидејќи се надоврзува на говорот на премиерот на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, каде Груевски истакна дека не е важно кој е министер за одбрана или негов заменик додека ВМРО ДПМНЕ е на власт, со што се минимизираше позицијата и функцијата на тукушто поставениот министер за одбрана, Талат Џафери. Новинарката Сања Васиќ

Рецензија: На Заев на старт му откажаа најблиските!

на 7. 03. 2013 | |
. „Социјалдемократскиот сојуз ја стартуваше својата изборна кампања за локалните избори на 24-ти март со митингот на Зоран Заев во Струмица. Она што беше повеќе од очигледно е дека нивниот миленик Заев не беше поддржан од голем дел од раководството на партијата кои не му ја укажаа честа да присуствуваат на митингот во неговата Струмица. Тој на говорницата излезе единствено со поддршка од неговиот шеф Бранко Црвенковски и лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кои кажаа неколку добри зборови за Заев“. Агенцијата излегува со вест од митинг во Струмица со спин дека кандидатот за градоначалник на Струмица, кој е апсолутен фаворит на опозицијата е оставен на цедило од сопартијците, што со текстот и фотографиите не може да се докаже и останува

Претплатете се за најнови вести