verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Откако ги стави во беља МПЦ и Миладинови, Азманов го мести и Орце Камчев

на 31. 10. 2013 | |
„Бизнисмените Орце Камчев и Зоран Азманов имале блиска средба на прославата на адвокатската канцеларија “Апостолски” што се одржа во четвртокот во МКЦ, јавуваат интернет-порталите. Истите извори наведуваат дека во пресметката, што се случила пред очите на стотината присутни гости, истакнати личности од политиката и јавниот живот, подебелиот крај го извлекол Азманов кој добил неколку шлаканици и си заминал предвреме со скината кошула.
Двајцата имаат свои верзии за инцидентот и за причината за пресметката. Азманов вели дека Камчев му барал пари, непостоечки долг додека Камчев рече дека не сака да го коментира настанот.“ Судирот на врвот на политичко-економско-безбедносната елита во клубот „Арабеска“, пет дена по тој настан, стана една од подоминантните во медимите. Навистина, една доста покуса вест имавме на некои

Рецензија: Брзорастечкото дрво пауловнија станува бизнис од илјадници евра

на 28. 10. 2013 | |
„Изработка на мебел, чамци, дрвени куќи, штици за сурфање или музички инструменти, се само некои од производите за кои се користи брзорастечкото мазно дрвото без јазли. По потекло од Kина, пауловнија сѐ повеќе почнува да се одомаќинува и во Македонија. Насади со чудно дрво со високи стебла и со огромни листови во облик на срце веќе може да се видат во Струмица, Прилеп, Штип, Јегуновце, Радовиш, Гевгелија, Градско, Неготино и во Скопје“. Медиумот донесува сторија за нов вид дрво кое, за оние што го одгледуваат, носи вистинско богатство. Не веднаш и бара трпение, ама затоа има речиси сигурен пазар. Самиот напис е практичен совет за нашите земјоделци и не само за нив, туку за секој кој располага со малку парче

Рецензија: Политички сме на историски максимум, ни следува економски бум!

на 24. 10. 2013 | |
„Средба меѓу поклоненици на Конфучионизмот, научници по вокација, политичари по занимање може да помине само успешно. Вака со една реченица може да се опише првата средба меѓу Претседателот Ѓорѓе Иванов со неговиот кинески колега Си Џипинг во Пекинг на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Двајцата констатираа дека политичките односи се на највисоко историско ниво со тенденција за нивно продлабочување“. Релативно долгиот извештај од стартот на посетата на претседателот Ѓорѓе Иванов на Кина содржи прилично поединости за тоа со кого се сретнала македонската екипа, само што немаме никаков конкретен „доказ“ дека дописникот е навистина на лице место – ниту една изјава од домаќините (само една протоколарна од домаќинот – кинескиот претседател Џипинг) – политичари, бизнисмени, здравствени

Рецензија: Студент со бизнис-план доби 5.300 евра

на 19. 10. 2013 | | sq
„Може да имате милион идеи, но сите се безвредни доколку не преземете нешто да ги реализирате. Можеби сакате да основате свој бизнис, да креирате нешто ново, и секогаш си велите дека не е вистинското време. Вистински момент не постои, треба сами да го создадете.“ Ова е цитат на еден од поударните текстови за студентите-претприемачи, што го рецензираме овде. Пишувањето за студентски теми и згора за вистинско, издашно помагање на креативноста на нашите високошколци е толку ретко, така што темата за наградените претприемачи навистина делува освежително. И тоа со суми од кои обичниот човек го боли главата. Но, ако случајно побарате да ги видите тие наградени млади луѓе, немате шанса. Во ниту еден медиум нема фотографија на која ќе видите кој

Рецензија: Џумерко и ќерка му – од курназ, покурназ!

на 16. 10. 2013 | |
„Некои велат Прилеп е град на тутунот, за други градот под Марковите кули е град на пивото, заради фестивалот кој веќе стана препознатлив во целиот регион… Ама Прилеп е и град на мајмуните, оти нели така ги нарекуваат неговите жители…, иако во Прилеп мајмун не игра, оти нема кој да му го држи стапо!“ Весникот Вечер својот централен текст за празникот реши да го презентира низ една репортажа за градот-првоборец и тоа стартувајќи од домот на актерот Џумерко, продолжувајќи потоа низ неколку градски музеи. Ова е еден од ретките текстови кои нè потсетуваат на традицијата на нашето новинарство, во доба кога визуелните медиуми беa помала конкуренција. Доброто преплетување на локалниот јазик, мудростите пласирани на „вистинско место“ и низа други дребулии

Рецензија: Акцијата „Претседавач“ е именувана според функцијата на Шиповиќ во „Машинопромет“

на 14. 10. 2013 | | sq
„Тврдењата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев дека по името на акцијата „Претседавач“ може да се заклучи дека акцијата е политички мотивирана, се невистина и претставуваат замајување на јавноста, велат извори од МВР.“ Повикувајќи се на неименувани извори во полицијата текстот настојува да го одржува во живот тврдењето на власта дека потерата по првиот човек на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ не е политички мотивирана, туку дека се работи за „подгревање на стара манџа“.
Имаме кусок на извори на информации за еден проблем, кој барем во една димензија е доста стручен, но воедно и лесен за покривање, а тоа е прелистување на Законот за трговски друштва. Недостасува и содржајност, бидејќи тврдењата на опозицијата се нецелосно дадени

Рецензија: Газдата на Миравци ги тепал своите фудбалери зашто не му ја додавале топката на – син му!

на 14. 10. 2013 | | sq
„Јавно истакнувам дека без да ме смени јас ќе си заминев од клубот бидејќи на средбата со Локомотива, на која не успеавме да победиме во текот на целиот меч, вулгарно ги пцуеше играчите и на крајот од самиот натпревар дојде и го го удри Томче Мижоров . Причина – затоа што не проигрувал со неговиот син Дарко Штерјов. Со ова тотално ја наруши атмосферата во екипата и тоа е единствената причина за недоразбирањето и што јас си заминувам од клубот”, вели за ’Спортефе’ Штерјовски“. Порталот „мкд.мк“, кој има голема понуда на спортски вести, покажува дека има добри конекции со т.н. провинција и умее да извлече атрактивни теми и онаму каде најголем дел од другите портали не наоѓаат ништо интересно или

Рецензија: Ова се најопасните антибиотици кои се продаваат во аптеките

на 10. 10. 2013 | | sq
„Ако го слушнете името ципрофлоксацин, гемифлоксацин, левофлоксацин, моксифлоксацин, норфлоксацин, офлоксацин бегајте! Тоа се шест антибиотици кои можат да предизвикаат трајни оштетувања на нервите, што потврдила и американската Агенција за храна и лекови (ФДА)“. Во последно време зачестија текстовите со кои се изразува скепса кон антибиотиците. Еден од нив, со сензационален наслов и содржина, го провлекува вниманието. Се работи за широка палета на лекови што ги употребуваат многу лица во овој миг и кај кои веста секако предизвикува шок. Но, од тоа произлегува и обврската со ваквите вести да не се биде „скржав“, туку да се дадат повеќе образложенија и да се види како кон неа се однесуваат нашите здравствени власти (Бирото за лекови, на пример). Но, затоа веста се презема

Рецензија: Албанците не се за балканска унија, но главен град да биде Тирана

на 9. 10. 2013 | | sq
„ Албанскиот премиер Еди Рама во вторникот попладне ја одржа својата прва онлајн-конференција, на која одговори на многу прашања поставени од граѓаните. Најголемо внимание во албанските медиуми предизвикаа одговорите на прашањата за формирањето на балканската унија, составена од Македонија, Србија, Албанија, Kосово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, која според албанската јавност е ризичен проект за оживување на Југославија и проект што ги провоцира Албанците. Премиерот на Албанија истакна дека проектот за нова Југославија не постои и ја негира вмешаноста на Сали Бериша во ова прашање, кој според црногорското МНР дал согласност за ова при една тајна посета на Црна Гора. ’Нема ваков проект. Претходната влада има многу вини, но не и оваа’ – рече Рама.“ Уште еден напис на

Рецензија: ЕЕЗ и од Бугарија и од Хрватска барала да ги објаснат договорите со Русија

на 7. 10. 2013 | |
„Енергетската заедница побара од македонската Влада појаснувања за одделни делови од договорот за кои сака да види дали се во согласност со Третиот енергетски пакет, односно со обврските што земјава ги има преземено со него. Во Владата одговорија дека го добиле писмото од ЕЕЗ и дека ќе го анализираат и ќе се изјаснат за сите моменти“. Една од потенцијално најкоруптивните активности на Владата, за која се подигна прав во Собранието,  по повод изјаснувањето Спогодбата со „Газпром“, дневниот весник се обидува да релативизира и тоа го прави на два начини: се минимизира интересот на ЕУ за оваа Спогодба и се дозволува портпаролот на Владата да ги толкува чекорите на Брисел. ЕУ тука е присутна само рутински, а опозицијата стои дури во

Претплатете се за најнови вести