verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

„Накалемен“ спинерски наслов на туѓа сторија

на 3. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија]

  Станува збор за преземена информација за едно осумчлено семејство од старонагоричанскиот регион, на која е „накалемен“ спинерски наслов кој има цел да извади кабаетлија политичар кој нема ама никаква врска со веста. За што, вушност, се работи? Линк до оригиналниот напис: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија Датум и време на објавување: 27.12.2016 Датум на рецензирање: 03.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски  

ИЗОСТАВЕНА ПОФАЛБА

„Хуманитарната организација „Крепост“ од Куманово подари шпорет на дрва и поголема количина на друга хуманитарана помош

Работата на ад хок телото: Предизборeн надзор на медиумите во време на поствистината

на 26. 12. 2016 | |
Вредеше ли да се биде предмет на предлози за казнување од ад хок телото за медиумски надзор? Фото: Ванчо Џанбаски, ФОСИМ  

Претворањето на одредени телевизии само во линк на една партиска предизборна програма даде контрарезултати. Не е добро да се претерува ниту во слаткарница, а ни на малиот екран. Евентуалните казни за таквите телевизии од страна на судот, а по предлог на ад хок телото за надзор, беа пресметан

Медиумски испрана посета: Урнат споменик и комплименти за домаќинката

на 1. 11. 2016 | |
Додека на Кајмакчалан се поставуваат и се кршат споменици, во Софија во 2011 година е организиран постмодерен перформанс во кој војници на Советската војска се претставени како јунаци од американски стрипови. Фото: Википедија  

Официјалните разговори меѓу македонската министерка за култура и нејзиниот бугарски колега го имаа како мотив влошувањето на односите меѓу двете земји заради т.н. споменични обележја. Или поточно – инцидентот со уривањето на бесправниот споменик на Кајмакчалан.

Како маркетинг-агенциите ја оценуваат слушаноста на радиостаниците во Македонија?

на 16. 10. 2016 | | sq
Кој колку е слушан, кој колку заработува. Фото: пиксабеј. Колаж: СПФМ  

Во најновите објавени податоци од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за состојбите на македонскиот медиумски пазар, има и некои збунувачки податоци

  Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ   Неодамнешниот извештај за состојбите на македонскиот медиумски пазар што го претстави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја отвори и дилемата зошто медиумите не добиваат

Медиумските колоси на Балканот и нивните идеолошки опашки

на 19. 09. 2016 | |
Н1 ТВ и „Спутњик радио“, нови регионални медиумски играчи – различни во секој поглед. Фото: Н1/Спутњик  

Телевизијата Н1 дојде како приватна компанија на поранешното југословенско тло, а „Спутник“ како државна компанија, чие седиште си остана во Москва. На првата ѝ беа потребни години за да добие дозволи за работа и постојано е на мета на власта, а втората едноставно „атерира“. Нивната позиција може да се мери врз основа на

„Решетање“ со многу промашувања

на 30. 08. 2016 | |

[Рецензија: Стојан Андов вмешан во бизнисите на Андреја Јосифовски]

  Најавата за преземање на една од нашите најдоходовни компании – „Макпетрол“, од страна на анонимна странска фирма (Балкан петролеум), сигурно дека го зголемува „гладот“ за текстови поврзани со сите актери во тие случувања. Секако, јавноста повеќе би била заинтересирана да дознае нешто за тие за кои ништо или малку се знае (потенцијалните купувачи на мнозински пакет акции) отколку за оние, главно наши сограѓани, за кои се знае доста или многу повеќе во однос на странците. Оттаму, текстот што е предмет на рецензија го привлекува вниманието уште со самиот наслов, секако и со фотографијата, со оние елементи со кои се отвора пред нас, а кои се чинат многу атрактивни. Стојан Андов,

Покомотен костум за прекршителите во изборната медиумска кампања

на 29. 08. 2016 | |
Комотен костум, кој ги држи медиумските надзорници на дистанца. Фото: Гугл/Википедија  

Јавната расправа за мметодологијата за надзор на изборното медиумско претставување покажа дека најгласните учесници во неа – телевизиските продукции со републичка концесија – навидум беа огорчени што одново изостана можноста да се контролираат порталите. Ним секако им беше јасно дека ако тие портали и би излегле на светлината на денот, власта би ја имала најголемата политичка штета. Оттаму,

Потпирање на еден извор е доволно само за мелодрама

на 29. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: На Матеј му треба нашата помош, треба да се лекува во Словенија]

    Секогаш е тешко да се зборува или пишува за туѓите несреќи, особено кога се однесуваат на здравјето на деца. Такви стории има сè почeсто во весниците и во другите медиуми и тие, главно, се придружени со слики од луѓе на кои им треба, по правило, скапа медицинска помош. И сторијата што е предмет на опсервација е таква и навидум по ништо не се разликува од сличните кои, како што веќе наведовме, ги има сè повеќе и повеќе. Сепак, дали тој факт не е повод на редакциските состаноци некој да помисли дека можеби нешто треба да се промени во начинот за известување за ваквите случаи и

Измислување крв по улици од кафуле на Ленинова

на 20. 08. 2016 | | en
Монтажа фотографија – монтажа текст. Фото: скриншот-dcleacks  

Иако нападите врз американското посредништво во нашите избори од страна на протагонистите на владиниот интерес сега не се упатуваат директно кон Вашингтон, се засилуваат нападите врз фондациите и врз невладиниот сектор како „експоненти на ЦИА“. Дури, за да се омекне впечатокот и самите Американци, во овие написи, се бранат од Фондацијата „Отворено општество“ Македонија, на пример, како небаре таа да сака ним

Информирањето за несреќите на МРТВ нè прави вечно млади

на 12. 08. 2016 | |
Шут од поплавите и медиумски шут – и двата прилично видливи. Фото: СПФМ  

Актуелниот комесарски начин на користење на медиумите нè враќа во едно време од барем 60-тина години назад. Токму кога во доцните 80-ти тој систем почна да се демократизира и да наликува на оној во развиените земји, ние на овој план направивме несреќен „камбек“!

  Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ   За сите недемократски системи вонредните ситуации не се

Претплатете се за најнови вести