verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Професионално и фактографски сработена жешка тема

on 9 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

dterspnm

[Рецензија: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија]

Фактографски и сеопфатно, тоа е задачата која e исполнета со овој текст за американскиот конгресмен Дана Рорабакер. Ваквите написи секако треба да се поздравуваат, бидејќи укажуваат на тоа дека и многу жешки теми треба да се примаат мирно, што би се рекло во фудбалскиот жаргон, најнапред да се „стопираат“ и потоа да се обработат професионално, без да им се подлегне на емоциите.

dterspnmЛинк до оригиналниот напис: Кој е конгресменот што и стави „крст“ на Македонија

Датум и време на објавување:  07.02.2017, 16:03

Датум на рецензирање: 08.02.017

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ

„Како вознемирувачки ги оцени денеска македонското Министерство за надворешни работи изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер дека Македонија е пропадната држава и затоа најдобро е да биде поделена и да исчезне. За повеќе од дваесет години независност Македонија нема слушнато ваков став од САД од каде што, напротив, стигнуваа само поддршки за стабилност и за територијалниот суверенитет на државата“. 

Изненадувањето од изјавата на Рорабакер во земјава е општо и најнапред беше медиумско. Се работи за политичар кој служел многу мандати во Конгресот уште од 1989 година, следел неколку воени жаришта, а во моментов е член и на Комитетот за надворешни работи во подгрупата одговорна за нашиот регион, или, поедноставно кажано, групата која ја крои политиката за Балканот.

Посебно е автентично инсистирањето на овој новинарски производ, на случајот да се гледа од регионални рамки, бидејќи, како што се забележува, има понуда и да се направи размена „северот на Косово за југот на Србија“, што се квалификува како своевиден политички егзибиционизам, особено во запаливиот Балкан.

Во написот се прикажани повеќе реакции: од МНР, од српскиот премиер Вучиќ , како и кусата порака од Амбасадата на САД во Македонија дека „САД го признаваат и му даваат поддршка на територијалниот интегритет на Македонија и таа политика не е променета“.

Многу е важно што во прилогот се оди чекор понатаму и се отвора вистинската дилема – „дали за оваа изјава (на Рорабакер) бил инспириран од албански кругови, како нивен лобист или настапил како слободен „стрелец“ е прашање на кое ќе треба да се одговори што поскоро. Текстот се навраќа и на негови претходни изјави, така што ја доловува сликата  „дека се работи за егзотичен лик во надворешната политика на Конгресот, кој и досега излегувал со уникатни ставови за разни кризни жаришта, а не толку ретко за промена на граници и на други држави, што изгледа му е универзален одговор за земји во криза“. Притоа, како примери се посочуваат негови изјави  поврзани за Ирак, кризата со ИД…

Ваквиот пристап кон темата ги смирува страстите кај читателската публика, бидејќи открива „повеќедецениска егизбиција“ кај споменатиот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *