verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

По секоја цена до свој јунак на денот!

на 12. 08. 2016 | |
   

Напис: Мајка и ќерка пронајдени живи среде остатоците од поплавата

Мајка и ќерка беа пронајдени вчера во поплавено поле во близина на обиколницата во Скопје. Бесим Весели од Хасанбег е човекот што им пружил помош. Тој раскажува за „Алсат М“ дека застанал на автопатот за да ги види штетите од поплавата, кога забележал во калта една човечка рака како бара помош. Тој објаснува дека кога се доближил, видел рака на жена од четириесетина години со нејзината мала ќерка покриени со кал. Откако ги извадил од калта, ги качил во неговиот автомобил и ги предал на Брза помош, која ја сретнал во населбата Маџари. Не ги прашал за нивните имиња, бидејќи, како што вели тој, тие биле многу уморни.“

Сеење страв со „Големиот брат“

на 27. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Со колку „црни“ пари се финансира СДСМ?]

  Во 2011 година одредени медиуми пуштија приказна дека Комерцијална банка го финансира СДСМ. Таа приказна не беше воопшто наивна и кај обичниот читател или гледач може да создаде многу погрешни слики за тоа како функционира банкарскиот систем во земјата, а особено да влијае на угледот на една од најголемите комерцијални банки кај нас. Денес 90 отсто од објавените стари текстови на таа тема се избришани или не можат да се отворат (најдат), што  говори дека некој, можеби, се плашел да не одговара за изнесените невистини. Истата приказна беше демантирана уште тогаш, но се чини дека по пет години и во пресрет на најавени избори таа може да му направи штети

Фикција што не е интересна, а ниту логична

на 22. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: СЕ ФИНАНСИРА ЛИ СДСМ СО ПАРИ ОД ТЕРОРИСТИТЕ: Оливер Спасовски земал пари од терористите кои влегле кај Липково?!]

  Веќе подолго време се шетаме по дното на она што треба да е новинарство, а низ овој пример што го рецензираме само докажуваме дека немаме веќе ниту „монтирани, лепени и сечени“ вести, туку дека имаме комплетен „фикшн“, значи „литература“ која е целосно измислена сторија, само што наместо искреирани имиња на јунаците, имаме конкретни ликови од стварноста, обично политичката. Немате ниту еден факт кој се извлекува од реалниот живот и се става во хронолошки или логичен ред, туку се прави сторија која, дури и како таква, производ на некаква фантазија, просто не е интересна, а ниту логична! Како наместо

Терористите се апсат на рати и со фанфари

на 15. 07. 2016 | | sq
„Ќелија 2“ – борба против тероризмот или пропаганда. Фото: МВР скриншот  

Како и во август минатата година при акцијата „Ќелија“ така и сега, при нејзиниот наводен втор дел, за голем дел од бараните лица воини на ИД, полицијата на Чавков нема точни оперативни сознанија. Оттаму и сомненијата дека за неговиот тим во МВР оваа битка има само пропаганден карактер

  Пишува: Љубомир Костовски   Во релативно ретките вести на

Недвосмислено поттикнување насилство

на 11. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: ЈАВНОСТА ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО: амбасадата еднаш гореше, амбасадорот спаси глава – овој пат нема!]

Ако објавите текст кој со насловот, коментарот во него и со додатно мислење, како наводна поддршка од јавноста, поттикнува некаква реприза на опожарувањето на Амбасадата на САД пролетта 1999 година, секако дека треба да го привлечете вниманието на органите кои се грижат за спроведување на правото и за одржување на јавниот ред и мир. Во случајот на статијата што ја рецензираме официјална реакција нема, освен лути коментари на „Фејсбук“ (оние кои ги видовме) зашто ОЈО молчи… Инаку, се работи за едно јасно и недвосмислено подбуцнување на јавноста на чинење насилство и тоа кон амбасада на првата странска сила, што, во принцип, е голем

Обид за оцрнување налик на шопска салата

на 8. 07. 2016 | |

 

[Рецензија: Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја троши по плажи: Политичката криза во Македонија ја одржува од Грција]

    Јавна анкета која еден медиум ја беше нарачал од институтот ИРИ и која просто се сокри од јавноста бидејќи очигледно, според нарачателот, не беше многу за покажување, односно не ги задоволила очекувањата, покажа дека специјалната обвинителка Катица Јанева е практично најпопуларна личност во земјата! Со неа, според тие резултати, не можеше да се мери ниту еден актуелен политичар. Очевидно дека тоа некаде е примено како факт кој треба да се промени! Истиот „извор на сознанија“ за (не)популарноста на Јанева и на нејзината екипа, за краток период потоа понуди многу поинакви „други“ резултати, што не само што ги

Западен Балкан е погабаритен отколку Македонија

на 7. 07. 2016 | |

[Рецензија: ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗАБОРАВЕН НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАРШАВА]

  НАТО-самитот кој се одржува на 7 и на 8 јули во Варшава е веројатно единствен собир од тој вид, од мигот кога првпат чукнавме на вратата на Алијансата, на кој нема да има македонски претставник. Статијата што ја рецензираме настојува тој факт и изговорот на претседателот Иванов за неговото отсуство во Варшава да го замени со тезата дека Западен Балкан не е во приоритетите на Алијансата, по што се изнесува заклучок дека отсуството на интерес кај организацијата – домаќин е „егал“ со празното столче на масата на коешто требало да седи македонскиот претседател! Да видиме дали за тоа има факти и доколку се понудени, дали се издржани?   Линк

Кои се московските синкретисти и со што ќе нè подлажат

на 15. 06. 2016 | |
Драгослав Анѓелковиќ и Хоакин Флорес – Русија им е во срцето! Фото: Медиа Центар, Белград и Јутјуб скриншот  

Во земјава стандардните напади на провладините медиуми кон САД и ЕУ и кон нивната улога во нашата криза проодолжуваат со несмалено темпо, со тоа што сега се користат сè почесто како потпора руски извори и личности и тоа „виа Белград“, каде има вистински калабалак на „москвичи“. Дел од нив добро камуфлирани.

Насловот го нема во веста

на 9. 06. 2016 | | sq
 

[Само Заев може да биде аболиран и никој друг]

    Се работи за соопштение од  СДСМ кое е коректно пренесено, но е врамено со сосема погрешен наслов. Имено, насловнатата конструкција целосно виси, воопшто ја нема во веста. Тенденциозност и политиканство при пренесување на најобично соопштение!  Линк до оригиналниот напис: СДСМ: Само Заев може да биде аболиран и никој друг Датум и време на објавување: 06.06.2016,20:52 Датум на рецензирање: 08.06.2016 Рецензент: Љубомир Костовски   НАСЛОВОТ ЈА УПРОПАСТИЛ ВЕСТА „Зборот е збор. Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи. Рековме, има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот. И тоа се случи. Рековме дека нема да има криминални избори на 5­ти јуни. И тоа

Драмска дилема за аматерска појава

на 8. 06. 2016 | |
 
[Чоревски се посрамоти со тотално измислена приказна за Груевски]

  Шекспир е автор на комедијата „Многу врева за ништо“, која е добро позната на театарската и на филмската публика. Во неа има многу ликови, настани, тензии и – среќен крај. За волја на вистината, во текстот кој е предмет на рецензијава има голем дефицит на сето тоа, иако се работи за нешто што се најавува како истражувачка сторија и тоа околу театарските денови на експремиерот Груевски. Од аспект на македонските стории за драмскиот бекстејџ и она што било на „штиците што живот значат“, појавата на Груевски како статист во една навистина култна претстава не значи ама баш ништо. Па, и нема елементарен повод да се прави од сето тоа

Претплатете се за најнови вести