Насловот го нема во веста
Објавено во Рецензии
on 9 - 06 - 2016 Автор: Љубомир Костовски
[Само Заев може да биде аболиран и никој друг]
Се работи за соопштение од СДСМ кое е коректно пренесено, но е врамено со сосема погрешен наслов. Имено, насловнатата конструкција целосно виси, воопшто ја нема во веста. Тенденциозност и политиканство при пренесување на најобично соопштение!
Линк до оригиналниот напис: СДСМ: Само Заев може да биде аболиран и никој друг
Датум и време на објавување: 06.06.2016,20:52
Датум на рецензирање: 08.06.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
НАСЛОВОТ ЈА УПРОПАСТИЛ ВЕСТА
„Зборот е збор. Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи. Рековме, има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот. И тоа се случи. Рековме дека нема да има криминални избори на 5ти јуни. И тоа се докажа. Ако досега на некого не му беше јасно од денеска ќе им стане јасно на сите: pравдата ќе се врати, законите ќе важат за сите подеднакаво. Секој што го прекршил законот ќе одговара, стои во реакцијата на СДСМ“.
Ова е целата таа вест која претставува цитат од партиско соопштение. Но, проблемот е со насловната конструкција, односно насловот и наднасловот на текстот, кои немаат никаква врска со содржината на соопштението, односно со самата вест.
„КРИМИНАЛНИТЕ ПАРИ ОД ГЛОБАЛ НЕ ГИ ДАВААТ
СДСМ: Само Заев може да биде аболиран и никој друг“
Со ваквата насловна комбинација, фактички е упропастена веста која, сепак, ги содржи сите елементи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови