verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сеење страв со „Големиот брат“

on 27 - 07 - 2016       

 

republika 1

[Рецензија: Со колку „црни“ пари се финансира СДСМ?]

 

Во 2011 година одредени медиуми пуштија приказна дека Комерцијална банка го финансира СДСМ. Таа приказна не беше воопшто наивна и кај обичниот читател или гледач може да создаде многу погрешни слики за тоа како функционира банкарскиот систем во земјата, а особено да влијае на угледот на една од најголемите комерцијални банки кај нас. Денес 90 отсто од објавените стари текстови на таа тема се избришани или не можат да се отворат (најдат), што  говори дека некој, можеби, се плашел да не одговара за изнесените невистини.

Истата приказна беше демантирана уште тогаш, но се чини дека по пет години и во пресрет на најавени избори таа може да му направи штети на политичкиот противник во иста, а можеби и во поголема мера оттогаш, бидејќи, би покажала дека некој не внимавал на имотот на најголемата опозициска партија (тогаш Црвенковски, сега Заев), независно што како колатерална штета треба да страда и угледот на една банка. Но, оваа приказна со мали промени се видеоизменуваше во наредните денови и на крајот направи ротација на темата – од опасноста СДСМ да го изгуби имотот и да оди во банкрот, на што асоцира насловната страница на печатениот неделник и поврзаноста на таа ситуација со обнова на револвинг-кредитот на Комерцијална, добивме нова тема – како воопшто се финансира СДСМ?

Со колку „црни“ пари се финансира СДСМ_ I Репуб_ - http___republika.mk_630288Линк до оригиналниот написСо колку „црни“ пари се финансира СДСМ?

Датум и време на објавување: 24.07.2016 13:05

Датум на рецензирање: 26.07.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 ПОВТОРНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НЕ Е БАНКРОТ

„Во соопштението кое завчера го испрати СДСМ воопшто не се демантираат информациите објавени во текстот на Република во кој се вели дека партијата за да избегне банкрот морала да го обнови револвинг кредитот со што повторно се задолжила во Комерцијална банка за 1.6 милиони евра.
– Текстот во Република, пренесуван од медиумите под контрола на Никола Груевски, само потврдува дека СДСМ како партија на граѓаните, како и сите други граѓани во Р.Македонија, се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации и преку кредити, се вели во соопштението на СДСМ“
.

Овој цитат секако треба да покаже дека на оваа тема имаме текстови во низа, нешто во печатениот дел на неделникот, нешто на порталот, бидејќи демантот стигнал на веќе објавен текст (!) во кој, како што напоменавме, се разгледува кредитот што го доби СДСМ од споменатата банка и се потврдува со одлука на Централниот одбор за условите под кои ќе се користи истиот.

Најпрвин, мора да се забележи дека за потребите на прилогот не е побаран став од банката (или тоа не го акцентирал), а тоа значи дека не биле интересни ниту условите, ниту интересот на банката да дава вакви кредити, кои, тоа е општо познато, се даваат само на солвентни (!) муштерии. Ако клиентот не го враќа револвингот, секако би следувале санкции. Ако, пак, се мислело на „пристрасност“ на банката требало да се понудат докази! Во текстот, на пример, се изразува чудење зошто според завршната сметка на партијата за лани таа вратила на банката само 40.000 евра. Ако таа сума е точна (да претпоставиме), тогаш треба да се знае дека кај овој тип на кредити камата (а таа изнесува 40.000 евра) се плаќа само на искористена сума во тој период, а СДСМ имал дури и неискористен дел од кредитот што би му пропаднал ако истиот не го продолжел.

Написот или не ги познава поимите револвинг-кредит или има очевиден кусок на информации за своите тврдења – на пример, извештајот на Државната ревизија токму по ова прашање, потоа финансиските контроли врз имотот на Заеви (кои обично бучно се најавуваат, ама не гледаме ниту една пријава сите овие години!) не ја потврдуваат констатацијата на текстот дадена уште во насловот („црни пари“).

 

ПОВРШЕН ПРИСТАП

Значи, написот нема еден обврзувачки извор на сознанија зад себе (Комерцијална банка) и многу други, супсидијарни, бидејќи во однос на обвиненијата кон финансиското работење на опозиционерите ова не е прв ни последен таков текст, ама треба малку да се следи и она што го покажале контролите досега. Такви контроли имало, а ниту еден вработен или активист на оваа партија, колку што е познато, не одговарал за вакво нешто и тоа е секако важно да се истакне, особено кај вакви амбициозни анализи.

Но, во прилог кој се занимава со тоа кој и како го финансира СДСМ, секако би требало да се каже дека за оваа партија очевидно се знае сè (тоа на некој начин и го покажува текстот) додека за најголемата партија што изгради огромна палата и има свои недвижности во импозантен број низ земјата, на пример, тоа не е можно да се дознае. Ниту, пак, барем дневниот ред од која било седница на нејзините органи! А тука ги имаме заклучоците на партијата во оригинално „пакување“.

 

НАБЕДУВАЧКИ ТЕКСТ

Во прилогот не се гледаат никакви јасни мотиви да се објават изворите на добиениот и објавен примерок за договорот за кредит меѓу банката и клиентот! Она што е јавен интерес и кој секој може да го добие се податоците во Катастарот, ама тие не содржат сознанија во форма на конкретен договор „од А до Ш“!? Во Катастарот може да се добие сознание дали одреден имот (оној на СДСМ) е под хипотека, под кои услови и за колкав период, за да не биде доведено во заблуда трето лице.

Конечно, што покажуваат тие објавени факсимили? Ниту текстот не дава никакво сомнение дека тие од правна гледна точка не се основани. Тогаш зошто се објавуваат? За да се каже дека „Големиот брат“ држи сè под контрола? Тоа, е се чини, целта на вака спакувани прилози – да се сее страв во јавноста.

Во тој контекст, секако треба да се каже дека се работи за набедувачки текст како и дека никаде не е докажано дека се работи за „црни пари“ како во насловот. Во такви не спаѓаат ниту кредитите, ниту донациите, ниту процентите од платата на пратениците како дел од приходите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести