verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обид за оцрнување налик на шопска салата

on 8 - 07 - 2016       

 Republika za Katica vo Grcija

[Рецензија: Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја троши по плажи: Политичката криза во Македонија ја одржува од Грција]

 

 

Јавна анкета која еден медиум ја беше нарачал од институтот ИРИ и која просто се сокри од јавноста бидејќи очигледно, според нарачателот, не беше многу за покажување, односно не ги задоволила очекувањата, покажа дека специјалната обвинителка Катица Јанева е практично најпопуларна личност во земјата! Со неа, според тие резултати, не можеше да се мери ниту еден актуелен политичар. Очевидно дека тоа некаде е примено како факт кој треба да се промени! Истиот „извор на сознанија“ за (не)популарноста на Јанева и на нејзината екипа, за краток период потоа понуди многу поинакви „други“ резултати, што не само што ги девалвираат анкетите и нивните изведувачи, туку очебијно создаваат проблеми на нивниот нарачател.

Во овој рецензиран прилог „промената на расположението“ се комбинира со други, во основа тривијални „показатели“, иако не и безопасни напади на Јанева, во насока на тоа дали таа треба да оди на одмор, каде треба да го користи истиот, дали е „доволно богата“ за да се одмора на море… Подоцна ќе се види дека се работи за прв од низата нови ангажирани текстови кои се посветени на одморот на Јанева во Грција.

 

 

FireShot Capture 203 - Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја троши по плажи: Политичката криза во Македонија ја одржува од Грција

Датум и време на објавување: 06.07.2016 17:12

Датум на рецензирање: 07.07.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ДАЛИ Е ЗИМАТА ПЕРИОД ЗА СОНЧАЊЕ?

„Периодов, додека шарените се сончаат, а СЈО ја одржува кризата, Катица Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а исто така го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавна обвинителка која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлев ангел“ заслужено има недоверба од над 60 проценти од граѓаните, зад чијашто одбрана треба да застане. Освен Катица Јанева, подолг период надвор од земјава е и нејзината соработничка Ленче Ристовска, која, случајно или не (изгледа не) токму во овој период се наоѓа на обука во САД на сметка на американските власти“.

Од овој цитат се гледа дека стилскиот и концептуален приод на текстот е сведен на „шопска салата“ – сѐ што мислите дека е негативно за некоја личност, надробете во една чинија, па консументите нека „сркаат“! Па, нешто можеби и ќе биде „сварено“ – можеби тоа дека тие во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „се филмски ѕвезди кои предизвикуваат презир кај колегите“, дека „не се занимаваат професионално со професијата“, дека „Катица Јанева отишла да се капе на некоја грчка плажа (небаре во зима треба да оди на капење и на сончање), а дека нејзината заменичка Ристевска се наоѓа на обука во САД, значи одат кај нашите „архинепријатели“, Грците и Америте“. Граматички, секако, тоа си има свои реперкусии – сето тоа е „надробено“ во само три реченици, а се употребуваат десетици различни епитети, се говори за состојби и се користат многу метафори. Се разбира, нема некакви факти, туку само повикување на стари текстови од истиот редакциски ареал. Но, да појдеме од она што сепак може да се најде како бројка.

Во овој текст особено е акцентирано дека обвинителите од СЈО се неомилени кај јавноста.

Работата на СЈО за решавање на скандалот со прислушувањето целосно ја поддржуваат 42 отсто од анкетираните, 21 отсто до некаде ја поддржуваат, 17 отсто целосно не ја поддржуваат, 12 отсто одговориле „не знам“, а 9 отсто до некаде не го поддржуваат“ – се вели во последниот извештај на ИРИ (види тука) за состојбите во земјава, каде има и прашање за подршката на Катица Јанева и тимот.

 

ЕДЕН ИЗВРШИТЕЛ, ЕДЕН НАРАЧАТЕЛ – А РЕЗУЛТАТИТЕ РАЗЛИЧНИ?

Факт е дека анкетите направени од уште една агенција за испитување на јавното мислење („Павел Шатев“), и тоа по нарачка од истиот медиум чиј текст го рецензираме (а ги има речиси една месечно), покажуваат дијаметрално спротивни резултати во однос на рејтингот и на довербата што Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева ја имаат кај граѓаните. Но, токму оваа нарачка од ИРИ за која станува збор погоре, беше објавена на почетокот на јуни, кога според претходните уверувања, требаше да се одржат вонредни парламентарни избори.

Анкетата на која се повикува текстот во однос на (не)популарноста на СЈО е од претходно, од 12 мај (види тука). Но, стандард во новинарството е да се повикуваш на последната анкета, а не на претпоследната, и згора на тоа, баш на онаа што е направен од изведувач со понизок, во случајот интернационален рејтинг, наместо на истражувањето од изведувач со повисок рејтинг од таа категорија! Тоа тука не е почитувано, ама затоа е измиксано заедно со бројки за нејзината плата, за која се користи сумиран износ (иако и тука нема повикување на ниту еден релевантен извор, бидејќи така ќе се открие дека се работи за извор кој не смеел да ги кажува платите!), но и други форми кои говорат за крајно расипана математика. Имено од насловот читаме дека се работи за годишна плата, ама Јанева работи нешто малку повеќе од половина од тоа време!

 

ОБИД ЗА СОЗДАВАЊЕ И ЗА НАДУВУВАЊЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ ЧУВСТВА

Кон специјалната обвинителка со овој прилог се сака да се изгради некаков социјален анимозитет, велејќи дека таа „се луксузира“, а народот е сиромав… Ама не се кажува зошто е народот сиромав, за да не се случи некој да се запраша зошто е тоа така… Притоа се „надробуваат“ елементи како одмор во Грција (од кога летувањето во таа земја е луксуз, а не релативно евтино летување?), скап автомобил, висока плата, односно се прави обид да се изгради некаков политички анимозитет – „неомилена во браншата, раководена од Американците, државата ѝ плаќа кирија за станот во кој престојува“. Целта, секако, е да се симне, по можност, нејзината аура. За тоа нема многу материјал, ама се тргнало од изработената шема – ќе се креира фантазмагорична зграда од само една или неколку цигли!

Насловот на прилогот е „километарски“, за да има во него што повеќе елементи од „обвинението“, со што е дури и граматички е неисправен – се ставаат две реченици кои никако не можат да се поврзат со знак за цитирање. Фотографиите се аматерски и не докрај ја поткрепуваат основната премиса на статијата…. На едната, на пример, е автомобилот на Јанева. Легендата под неа кажува дека Јанева вози автомобил кој претходно бил на нејзиниот татко… А тој автомобил, ако погледнете во каталог за користени возила, е навистина стар, односно „ровер 400“! А тоа е класичен автогол за текст кој сака да кажува приказни за „филмски ѕвезди“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Се користат објавени факти на истиот медиум од постар датум без можност за проверка

неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

може да поттикне

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести