verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Недвосмислено поттикнување насилство

on 11 - 07 - 2016       

 

Infomax povikuva na nasilstvo

 

[Рецензија: ЈАВНОСТА ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО: амбасадата еднаш гореше, амбасадорот спаси глава – овој пат нема!]

Ако објавите текст кој со насловот, коментарот во него и со додатно мислење, како наводна поддршка од јавноста, поттикнува некаква реприза на опожарувањето на Амбасадата на САД пролетта 1999 година, секако дека треба да го привлечете вниманието на органите кои се грижат за спроведување на правото и за одржување на јавниот ред и мир. Во случајот на статијата што ја рецензираме официјална реакција нема, освен лути коментари на „Фејсбук“ (оние кои ги видовме) зашто ОЈО молчи… Инаку, се работи за едно јасно и недвосмислено подбуцнување на јавноста на чинење насилство и тоа кон амбасада на првата странска сила, што, во принцип, е голем политички проблем, згора и капитален проблем на земјата која во мигот во својот главен град е домаќин на висок службеник на Белата куќа!

 

 

FireShot Capture 204 - ЈАВНОСТА ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО_ АмбасадатЛинк до оригиналниот написЈАВНОСТА ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО: амбасадата еднаш гореше, амбасадорот спаси глава – овој пат нема!

Датум и време на објавување: 09.07.2016

Датум на рецензирање: 11.07.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 

„МЕРЕЊЕ“ НА НЕРВОЗАТА НА ГРАЃАНИТЕ!

„Тортурата и диктатот која ја врши амбасадата на чело со амбасадорот на САД врз Македонија и народот веќе почна да ја прелива чашата и да го преминува прагот на толеранција, особено по последните информации и докази кои ги објавивме во врска со директното вршење на притисок врз судот и контролата која Бејли ја врши врз СЈО со цел спроведување на политички хајки. Изјавите на Бејли во јавноста веќе почнаа на големо да предизвикуваат гнев кај граѓаните, кои пак ги користат социјалните мрежи да го искажат своето несогласување но и предупредување.“

Оваа статија како поткрепа на белким добро „измерениот“ став на јавноста кон работата на еден странски амбасадор има само еден повод и да речеме – доказ. Тоа е реакцијата на својот профил на лице кое често се нарекува наш колега, чие мислење често било предмет на приватни тужби и кое од едно приватно катче (секако, прашањето на приватноста на социјалните мрежи е малку посложен случај) преку портал, станува дел од недвосмислен за дефиниција – јавен простор.

Во релативно кусиот текст на Неделковски, кој во прилогот добива само своја трамбулина, стои потсетување дека Амбасадата на САД еднаш горела и дека оние кои биле внатре „се спасиле“, ама сега „ќе заминеле во вечни ловишта“. Текстот кој е дегутантен за да го цитирате буквално (особено во јавен простор), инаку е придружен со „анексот“ на Неделковски во форма на линк до песната „Земјо македонска“, со што на идното насилство му се дава патриотска аура.

И фотографијата која е поставена во прилогот не е технички многу јасна, секако треба да го засили впечатокот, односно има свои заканувачки валери (како горела амбасадата на САД), што некој може да го сфати како патоказ за идните евентуални свои пиромански пориви. Јасно, поставеноста на сликата треба да се гледа во однос на содржината што се пренесува. Но, тука немаме само порака што се пренесува од трето лице. Прилогот почнува со коментар (непотпишаниот текст станува редакциски), па жанровски е измешан и станува некаква парапатриотска пасквила. Но, јасен е од првите редови – се користат зборовите „диктат и тортура на странска амбасада“,  се користи името на амбасадорот, како „виниовник“ за споменатите дејства. Постои закана дека нема да се „извлече“. Насловот кој е доволно „сугестибилен“ и насочувачки, дава заокружувачка слика за целта која сака да се постигне со ваквиот „мобилизирачки“ текст.

 

UNUS TESTIS, NULUS TESTIS

Јасно, притоа нема докази дека јавноста реагирала, освен што се користи пораката од споменатиот Неделковски. Како редакцијата ја проценува релевантноста на токму тоа мислење за истото да стане релевантно?! Треба ли да потсетуваме на латинската „Unus testis, nulus testis“, односно „Еден сведок не е воопшто сведок“! Одговор на таа дилема не е понуден, освен што индиректно треба да сфатиме дека се работи за најнеспорен авторитет во земјава во однос на заштита на јавниот интерес!

Неодамна сличен повик на насилство од типот „што би им правел“, споменатиот Неделковски упати кон дузина именувани новинари, кое заврши со барање до Обвинителството за поведување кривична постапка, но тој од страна на Вишото јавно обвинителство беше „аболиран“! Откако нивните колеги од Основното обвинителство претходно го ослободија од вина и потврдија дека е надвор од рацете на правдата. Тој повик на упокојување на припадници на новинарскиот кор беше проценет – да упростиме – како некакво приватно и безначајно мислење. Ама, ако го прочита текстот што го рецензираме, во кој има и меѓународни консеквенци, дали истиот орган, надлежен за поведување соодветни кривични постапки, ќе го промени мислењето?

Добрата страна на оваа статија која се рецензира е дека обвинителите не можат сега да се прават дека не го гледаат поттикнувањето насилство!

 

(Оваа рецензија е преведена на англиски јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

пост на водител кој честопати добивал тужби за слични дела.

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Прилогот едно „мислење“ претвора во општа вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести