verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

All posts by Љубомир Костовски

Од шампиони по хуманост до бранители на Европа

на 2. 06. 2016 | |
A boy plays with a Spiderman doll next to the razor wire around the fence between Greece and Macedonia at the northern Greek border station of Idomeni, Monday, March 7, 2016.  Greek police officials say Macedonian authorities have imposed further restrictions on refugees trying to cross the border, saying only those from cities they consider to be at war can enter as up to 14,000 people are trapped in Idomeni, while another 6,000-7,000 are being housed in refugee camps around the region.(AP Photo/Vadim Ghirda)
Бегалче од Сирија на македонско-грчката граница. Фото: Vadim Ghirda/flickr, 7 март 2016  

Пропагандното клише секогаш става акцент на она „нај“, дури и ако констатациите на стратезите за односи со јавноста како повод за китење со ловорови венци се контрадикторни. Така, едно време бевме за углед како тоа ние се справуваме со бегалците, а потоа станавме супермени во однос на тоа како ја чуваме Европа од истата таа бегалска толпа.

Повторувањето како мајка на шпекулативното новинарство

на 31. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош]

  Прашањето за тоа колку стари и нови министри и воопшто политичари на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши се влече низ страниците на нашите весници, како и темите за НЛО или непознатото водно чудовиште во заливот кај црквата Свети Наум на Охридското Езеро. Ако денеска нема тема или  вест со која ќе се предизвика внимание кај читателите, се вади од фиока нешто што е веќе објавувано, што сигурно предивикува реакција, ама мора да се смета на кусата меморија на консументите. Ова е таква вест. Линк до оригиналниот напис: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош Датум и време

Денот на сесловенските просветители секогаш се прославувал

на 26. 05. 2016 | |

[Рецензија: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и Методиј да биде државен празник]

  Текстот за прославата на Денот на сесловенските просветители преку едно архивски заведено писмо на Димитар Влахов, потпретседател на Прездиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ, секако е интересен „подарок“ за читателот. Писмото и околностите во кои тоа е пишувано е обработено фељтонски, има многу факти и тие се предадени „питко“. Проблемот со овој напис, сепак, потои и тој се гледа уште во насловот, кој се врзува за нечија недадена дозвола, иако оние кои се во зрели години секако се сеќаваат дека на тој ден не одеа на училиште или одеа на приредбите организирани по тој повод. Линк до оригиналниот напис: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и

Нема украинско, туку балканско сценарио пишувано од корумпирани лидери

на 19. 05. 2016 | | en
Балканска корупција - балканско „сценарио“. Фото: flickr/mirror
  Украина – Западен Балкан: Балканска корупција – балканско „сценарио“. Фото: flickr/mirror  

Нема многу западни лидери кои имаат можност долго да останат на власт, лесно да крадат гласови, да немаат средени избирачки списоци… Секако, и во развиените демократски општества има корупција, ама таа се бележи и се казнува. Кај нас и во уште неколку земји околу нас медиумите многу лесно посегнуваат по украинското сценарио како извор на неволји за

Хаотична монтажа на „атракции“

на 18. 05. 2016 | |

[Рецензија: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција!]

  Врзувањето на одредени личности за „Шарената револуција“ се чини e мода во некои наши пишувани и снимени прилози. Во случајот се работи за архитектот Мирослав Грчев, кој, наводно, е фатен како купува боја, која потоа им служи на демонстрантите во Скопје да бојосуваат сегменти од проектот „Скопје 2014“. Еминентен архитект и „уништувачки акции“ врз градби! Каков спој! Линк до оригиналниот напис: ГРЧЕВ ВО ШОПИНГ АКЦИЈА: Човекот кој ја негира Македонската нација, купува креч и бои за молеро-фарбарската револуција Датум и време на објавување: 10.05.2016 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ВЕСТА ДА ЈА БАРАШ СО „БОРИНА“

„Таканаречената молеро-фарбарска „револуција“

Наднасловот го упропастил извештајот

на 10. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Богов: најлошото сценарио е најреално – БДП ќе порасне само 1,6 отсто]

  Прес-конференцијата што неодамна ја одржа гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на која ги изнесе прогнозите за порастот на домашниот бруто-производ, ја пренесоа сите медиуми. Разликите се, секако, присутни кај известувачите, но главно во акцентирањето на одредени моменти од излагањето или во опремата. Написот што е предмет на рецензија се обидел да ја политизира изјавата на Богов повеќе, отколку што таа сама по себеси дозволува. Тоа, пак, на некој начин, е јасен „фаул“ – изложување на јавен функционер од прв ранг, се користи  за спинување на опсерверите во насока на оправдување на лошата економска политика на Владата со други, неспоменати фактори! Линк до оригиналниот напис: Богов:

Подметнување „велигденско јајце“ во „Шарената револуција“

на 4. 05. 2016 | |

[Рецензија: Вранишковски ја поддржува „шарената револуција“ за да ја превреднува „комунистичката МПЦ“]

Доколку се бараат некакви непријатели на некоја идеја, опција, политичка група или елита, со пропагандистички мотиви, најдобро се наоѓаат меѓу „архинепријателите“, реални или лажни, но, во секој случај, такви кои постојат подолго време. Такви секогаш е лесно да се најдат ако истите се бараат во групација која е шаренолика и која тоа не го крие, туку тоа го смета за сопствена доблест. Во овој новинарски прилог се прави токму тоа – се одбира „конкурентска“ црква на Македонската православна црква и таа се става во масата на граѓаните што протестираат, за преку нејзиното претпоставено големо значење по заканата за трајните македонски вредности, се создаде уште поголем замислен анимозитет врз

Враќање на жолтите комбиња на скопските улици

на 2. 05. 2016 | |
Позадинска фотографија: Целофан параноја. Автор: paolo barzam, 2014
Позадинска фотографија: Целофан параноја. Автор: paolo barzam, 2014  

Тезата за надворешната опасност треба да го разбуди инстинктот за спасување на земјата и да ги аболира виновниците за длабоката криза на Македонија. Се бара поdдршка за длабоко омразениот шеф на државата, кој направи своја аболиција за веќе обвинетите и потенцијално посочените од СЈО. Има имиња, организации, конспиратори, ама текстот нема ништо заедничко со истражувачкото новинарство – тоа е евидентен штапски

Индиректни извори за настан „пред носот“

на 28. 04. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Се скараа Сорос и СДСМ: Свирежи против Заев, СДСМ го повлече членството од протестите]

  Дека медиумите кои се жолто обоени меѓусебно се поттикнуваат во градењето афери, покажува и овој текст. Место од вообичаено обезбедени извори за сознание кое се пласира на „драматичен начин“, за наводно скараните Заев и невладините организации, текстот се потпира на друг таков напис, кој се засновува на – така да речеме – личен впечаток. Фактот што во овој случај „изворот“, наводно, припаѓа на друга политичка опција, секако не е гаранција. При вакви преземања, позначајно е тоа што и едниот (наводниот извор) и другиот (пренесувачот), наместо да се загрижени за вистинитоста на веста, тие ги бројат на екраните на компјутерите бројот на „лајковите“.

Белград не им верува на солзите на „контрашите“!

на 26. 04. 2016 | |

[Рецензија: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија]

  Дали негативниот ореол што го добива власта во западните медиуми претпоставува дека тие што ги организираат контрапротестите треба да се надеваат барем на внимание од соседните земји? Текстот кој е предмет на опсервација, жали што белградските медиуми не обрнале внимание на големиот контрапротест што во четвртокот (21 април) се одржа на неколку места во Скопје. Се бара „виновникот“ за таквиот однос и тој не се наоѓа ниту во „контрашките“ аргументи, кои можеби не привлекуваат внимание, ниту во фактот дека опсервираните српски медиуми можеби имале поинтересни теми, туку виновникот е најден во Зоран Заев, кој имал можност да ги „штелува вестите“ во соседството преку соодветна агенција! Линк до
СТРАНА 4 of 35« ПРВА...23456...102030...ПОСЛЕДНА »