verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензии: Ги демнат ли нашите деца секти?

на 20. 11. 2014 | |
Прилогот почнува со констатација дека никој од надлежните не може да потврди дека секти постојат, ниту дека некои лица кај нас извршиле самоубиство или кренале рака на себе заради тоа што биле дел од некаква секта? Но, се вели во прилогот, родителите сепак треба да внимаваат – тие постојат во другите делови од земјината топка, особено во Европа(!) Во основа, имаме обработка на тема која нема јасен мотив или оправдување, а особено повод за користење наслов кој навистина – во вакви околности – служи за заплашување, кое е извлечено во сферата на хипотетичкото „ако“, а не на реални факти од животот. Линк до оригиналниот напис: Ги демнат ли нашите деца секти? Датум и време на објавување: 16.11.2014 16:09 Датум на

Рецензија: Гори зградата на Влада

на 13. 11. 2014 | | sq
Утринските вести на почетокот на неделава беа поврзани со пожарот што се случи во зградата на Владата на РМ. Сигурно дека веста имаше и додатна публика поради фактот што неодамна истиот објект беше цел на напад со рачен фрлач, па фантазијата кај консументите на вести беше разгорена. Можеби и затоа, меѓу останатите, добивме и извори на редуцирани информации – оние кои процениле дека стварноста треба да се преобликува, за таа од „сензација“ што побргу да стане – „оладена супа“. Заборавена е, секако, основната потреба на веста, особено агенциската, каде прецизноста треба да е основниот двигател. Линк до оригиналниот напис: Гори зградата на Владата Датум и време на објавување: 11.11.2014 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Утрово на платото пред

Рецензија: Јеховини сведоци проповедаат во куќата на Ацо Шопов

на 6. 11. 2014 | |
Деновиве се отвори една тема која се допира до уставното (и законско) право на нашите граѓани за нивна припадност кон доброволно избрана религиска заедница. Иако директно не се напаѓа една од тие, уредно регистрирани заедници (Јеховини сведоци), во дописот од Штип се алудира на токму тој факт, кога се поврзува нејзиното адресирање со некогашниот роден дом на поетот Ацо Шопов. Написот ја нема втората страна, иако за неговото објавување нема толкава итност да морало да се објави без „обвинетата“ страна. Дали штипјани или барем соседите би се побуниле ако во куќата живееле припадници на друга вереисповед или зошто не се јавил отпор кога семејството Шопови ја продало куќата, туку повикот за пренамена се јавува по една деценија или повеќе од

Рецензија: Зошто поефтини лимонот за 40 отсто во однос на септември?!

на 5. 11. 2014 | |
  „Неверојатно е со која брзина се шират лудите работи, а колку вистината и здравиот разум секогаш делуваат неубедливо“. Ова го напишала истражувачката од порталот „Мушема“(Moosshema) по истрагата за приказната која со молневита брзина се шири на Балканот и гласи – не јадете лимони, отровни се! Гледате дека се евтини? Тоа е затоа што корката на цитрусот е намачкана со посебна хемикалија… Многу веб-страници ја презедоа по системот „копи-пејст“ оваа вест и никој не се обиде да ја провери. сите се повикуваат на еден извор (supermarket.info), кој, меѓу другото, не е српска, туку хрватска веб-страница и е информатор за синџир на супермаркети. Линк до оригиналниот напис: Зошто поефтини лимонот за 40 отсто во однос на септември?! Датум и

Рецензија: Не може Жерновски да остане градоначалник, а ние да бидеме на улица

на 30. 10. 2014 | |
Како што се приближува 10 ноември, датум кога е закажана седница на Собранието која битно ќе се одрази врз политичката клима во земјата, се забележуваат сè позачестени обиди кај дел од медиумите да му ја олеснат работата на парламентарниот спикер. Имено, првиот меѓу пратениците треба одлучи до тој датум дали ќе покрене постапка за одземање на мандатите на пратениците на опозицијата што ја бојкотираат работата на Собранието, не признавајќи ја регуларноста на изборите. Има секако голема општествена тежина тој чин, кој хипотетички би бил олеснет ако опозицијата не ја совлада, евентуално, ерозијата на отпорот – една пратеничка од ЛДП и две од СДСМ си седнаа во пратеничките клупи, а кога нив би им се придружиле други нивни сопартијци, или барем

Рецензија: Рекорден број возачи казнети во Истанбул

на 27. 10. 2014 | |
Оваа вест, која е пренесена и во најголем број медиуми, зачудува со големиот интерес за сообраќајните неприлики во најголемиот турски град. Можеби кусата вест има практични пораки за нашите граѓани кои ќе патуваат во Станбол? Или, можеби, ги чувствуваме толку блиски нивните проблеми, што е неопходно да се соживееме преку веста за преголемото ангажирање на турските полицајци? Постои ли нешто трето во пласманот на токму таква вест од илјадници вести од странство, кои изгледаат атрактивни или неопходни за читателите? Линк до оригиналниот напис: Рекорден број возачи казнети во Истанбул Датум и време на објавување: 24.10.2014 16:39 Датум на рецензирање: 27.10.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Рекорден број возачи се казнети заради неправилности при управување возила во Истанбул во овој месец, објави турскиот

Новинарите под лупата на деветтата Божја заповед

на 23. 10. 2014 | | sq
 

Ако се провери, прашањето на добриот глас, особено кај правниците како бранша, има посилно лоби за она „крило“ што се залага – така да речеме – весниците да го бранат јавниот интерес, штитејќи го од криминал, неморал, недемократски постапки… Судиите често го стеснуваат моментот на јавниот интерес и така дури и најзакоравените злосторници можат да „ќарат“ од новинарскиот џеб

 

Пишува: Љубомир Костовски

  Деновиве во регионот е доста

Рецензија: Кавадарчани веќе не прифаќаат работа под 10.000 денари

на 20. 10. 2014 | |
  Влезот на „Дрекселмаер“ во Кавадарци во нашата јавност стана предмет на сериозни опсервации и оценки, главно од аспект на целосно симнување на какви било критериуми и издржаности во однос на цената на трудот. За тоа се интересираа и германски пратеници, а една француска професорка напиша и труд – таа го нарече ова што се случува во фабриката во Кавадарци огледало на модерната експлоатација (види овде). Не може да се одбегне фактот дека во таа фабрика имаше и штрајкови што медиумите ги одбележаа (на пример овде). Но, другата страна одбегнува да одговара на овие „провокации“, ама затоа се користат други форми за да се претстави влезот на „Дрекселмаер“ во земјава како голем успех на владината инвестициска политика. Така и се

Рецензија: Пуштете ја, таа и така нема да работи на струката, туку ќе се мажи

на 14. 10. 2014 | | sq
Нема професор кој нема да ви признае дека на еден или друг начин постоел притисок некој негов студент/студентка да помине на испит, иако тоа не го заслужува. Студирањето како животен влог за студентите, ама и за нивните семејства, е преголем за да не се бараат и начини некои од нив да ја прескокнат точката каде ќе „зарибаат“. Во овој текст кој е предмет на рецензија, од една таква епизода, веројатно од стотината што ги има еден професор на Факултетот за социологија при УКИМ, се гради целата стратегија врз основа на која треба да се брани масовно напаѓаната мерка во јавноста за воведување на „контролни механизми“ од страна на властите врз високошколските институции. Од една, две или пет епизоди се прави

Рецензија: Србија драстично го зголеми извозот кон Русија, а Македонија?

на 13. 10. 2014 | |
Иако темата за нашата извозна шанса, која ја дава ембаргото на извоз на храна во Русија од страна на САД, ЕУ и нивните сојузници не е нова, дури се чинеше дека е и апсолвирана, во овој весник зазеде неодамна виден простор. Навидум, поводот е сознанието дека српското стопанство достигнува ѕвездени мигови, користејќи ја дупката на пазарите во Русија, а нас, ете, нѐ нема никаде да се „омрсиме“ од ненадејно создадената шанса. Не е даден одговор што се сменило од пред два месеци на овој план – имаме ненадеен вишок на стока, на руските увозници одеднаш сме им станале омилени, или, пак, постои некое трето објаснување за таквиот „напор“ да се направи скок во нашиот увоз кај велесилата. Но, текстот со

Претплатете се за најнови вести