Драмска дилема за аматерска појава
Објавено во Рецензии
on 8 - 06 - 2016 Автор: Љубомир Костовски
[Чоревски се посрамоти со тотално измислена приказна за Груевски]
Шекспир е автор на комедијата „Многу врева за ништо“, која е добро позната на театарската и на филмската публика. Во неа има многу ликови, настани, тензии и – среќен крај. За волја на вистината, во текстот кој е предмет на рецензијава има голем дефицит на сето тоа, иако се работи за нешто што се најавува како истражувачка сторија и тоа околу театарските денови на експремиерот Груевски. Од аспект на македонските стории за драмскиот бекстејџ и она што било на „штиците што живот значат“, појавата на Груевски како статист во една навистина култна претстава не значи ама баш ништо. Па, и нема елементарен повод да се прави од сето тоа амбицирано „претурање на меморијата“ на одделни крупни фигури во оваа уметност, што просто е нецелисходно и – арчење време. А поводот е фактот што долгогодишниот директор на Драмски – Чоревски – во едно сеќавање вели дека вујкото на Груевски, покојниот министер Јордан Мијалков, го молел да му даде некоја ролја на идниот премиер. Истрагата што ја имаме како предмет на рецензирање пред нас, треба да докаже дека тоа не е точно. Вредело ли и како тоа е направено?
Линк до оригиналниот напис: Чоревски се посрамоти со тотално измислена приказна за Груевски
Датум и време на објавување: 05.06.2016, 18:36
Датум на рецензирање: 07.06.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
„УНИВЕРЗИТЕТИТЕ“ НА ГРОЗДАНОВ
„Ненавлегувајќи во неговите побуди (на Чоревски – н.з.) а кои лесно може да се заклучат какви се, особено во контекстот во кој што се кажани и периодот кога се кажани, се испоставува дека станува збор за целосно измислена приказна. Вистината е дека Никола Груевски тогаш како млад човек кој се занимавал со спорт, и со изразена љубов кон уметноста, на препорака на неговите пријатели влегува во аматерската театарска дружина на актерот и режисер Мите Грозданов. Грозданов е познат по тоа што подолг период во деведесетите, но и потоа организира аматерски дружини подготвувајќи престави кои потоа се изведуваат ширум државата“.
Најпрвин треба да се каже дека Груевски има толку мала ролја во „Грев или Шприцер“ каде дури – ако не нѐ лаже сеќавањето – дури и нема текст за изговарање, (впрочем види ја сцената во која настапува, поместена малку подолу), што е целосно нерелевантно дали настапувал во неа или не.
Ова колку за „историјата“, а тоа е факт кој го нема во „истражувачката сторија“, што, пак, на целата работа би ѝ ја дал вистинската димензија. Имено, за неколку движења на сцената во стил на млад боксер кој се чатали, како дел од улична банда, добиваме интересна ситуација што би ја опишале како – ниту помала ролја, ниту поголем текст. Ова, колку за релеватноста.
Кај една истражувачка сторија секако е неопходно да имаме линк кон оспоруваниот прилог на друг медиум, барем да знаеме како таму се изнесени фактите кои се тука под лупа. Тоа и не би било толку значајно ако од страна на истражувачката екипа бил посетен или прашан директно споменатиот Чоревски за оваа тема, но тоа тука го нема. Нема ниту еден од бројната екипа на „Грев или Шприцер“ кои се, главно, живи и здрави и се тука, што значи дека за да се најдат, ќе требало само една прошетка до Драмски!
„ИНТЕРВЈУА“ СО САМО ЕДЕН СОГОВОРНИК
Всушност, истражувачката сторија во која се споменуваат разговори со многу сведоци се сведува на разговор само со еден човек – актерот Мите Грозданов, кој своевремено имал аматерска дружина под свое. Така, овој текст би можел да се нарече и – интервју или разговор со Мите Грозданов!
Тоа и не мора да е спорно, но спорно е преметнувањето што е направено во текстот – од театарот во политиката и тоа кон „Шарената револуција“. Демек, нападот врз премиерот и неговите драмски денови бил политички мотивиран од оние кои годишно трошат 6 милиони евра за револуција и уште неколку констатации во таа насока. Дали клучна цел на оваа истражувачка сторија не бил само премиерот (и неговата чест и углед), туку барањето форумули за „очешување“ од секојдневието? Каде постои и грев и шприцер, ама не на понудената изветвена сцена.
Насловот е набедувачки и со ништо неоправдан, особено што никако да дознаеме што точно рекол Чоревски (не се сметаат прераскажувањата)…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни
повеќе извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
Чоревски се става во политички контекст со погрдни зборови, без да се знае вистинската причина зашто ја направил махиналната грешка.
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови