verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена до свој јунак на денот!

on 12 - 08 - 2016       

 

cetiri dena vo kal

 

Напис: Мајка и ќерка пронајдени живи среде остатоците од поплавата

Мајка и ќерка беа пронајдени вчера во поплавено поле во близина на обиколницата во Скопје. Бесим Весели од Хасанбег е човекот што им пружил помош. Тој раскажува за „Алсат М“ дека застанал на автопатот за да ги види штетите од поплавата, кога забележал во калта една човечка рака како бара помош. Тој објаснува дека кога се доближил, видел рака на жена од четириесетина години со нејзината мала ќерка покриени со кал. Откако ги извадил од калта, ги качил во неговиот автомобил и ги предал на Брза помош, која ја сретнал во населбата Маџари. Не ги прашал за нивните имиња, бидејќи, како што вели тој, тие биле многу уморни.“

 

[Рецензија: Мајка и ќерка пронајдени живи среде остатоците од поплавата]

Ако деновиве некого интересира кое е местото каде секое утро се упатуваат најмногу новинарски екипи, тоа е, секако, делот од Скопската Котлина каде имаше поплава на 6 август вечерта. Тоа е разбирливо бидејќи вестите од тоа настрадано подрачје, со многу, можеби и недоброени жртви, ја зајакнуваат солидарноста кон тие што преживеаја и на кои им треба помош. Но, потребата да се биде издвоен со веста или репортажата ја носи и опасноста да се пренесуваат или да се репродуцираат и непроверени вести. Ова е една од нив – известувачот можел со актерите на сторијата да влезе во Гинис, ама и да биде изложен на одмавнување со раката, по првиот шок.

 

FireShot Capture 23 - Alsat-M I Nënë e bijë gjenden të gjallЛинк до оригиналниот напис  Мајка и ќерка пронајдени живи среде остатоците од поплавата

Датум и време на објавување: 10.08.2016 15:40

Датум на рецензирање: 11.08.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ФЕНОМЕН?

Сторијата за преживувањето на две лица, потонати во кал, без вода и храна и без можност нивното тело да ги извршува своите вообичаени функции, е просто неверојатно бидејќи открива феномен за каков што не се знае во медицината. Во рудници или по земјотреси имало, секако, случаи на долготрајно преживување, но таму дишењето било нормално, а движењето на телото олеснето, како приоритетни услови некој да може да издржи без вода и храна.

Оваа приказна со неверојатни елементи ја постави „Алсат М“ на своите вести, а потоа – во тие рамки – одеше и интервју со лицето кое се претстави како спасител. Беше чудно за таков настан потенцијалниот јунак на денот да има „дупки во сеќавањето“, да не поставувал прашања кон странците кои секој би ги поставил (особено што спасените се од Албанија и го говорат истиот мајчин јазик на спасителот), да ги предаде, наводно, на дежурна екипа на брзата помош и потоа да не праша за понатамошната судбина на изнемоштените!

 

НЕМА ТАКВИ

Ниту известувачот не се интересирал за заокружување на сторијата, за истрага за идентитетот и за третманот на спасените, што, нели, е ептен непрофесионално, па следниот ден стигна ладен туш од полицијата. За читателите, истиот е лесно достапен.

„Припадници на Министерството за внатрешни работи ги проверија сите болници во скопскиот регион, а разговараа и со надлежните од скопската Итна помош и добија информации дека во ниту една болница, ниту пак со возило на итната помош вчера се пренесени и згрижени мајка и ќерка со потекло од Албанија, кои како што тврдеше Бесим Весели од населбата Сингелиќ дека ги нашол живи во кал и успеал да ги спаси“.

Полицијата вели дека за вакви случаи, според процедура, тие мора да бидат известени. Такви лица во ниту една болница не се згрижени, тоа ви гарантираме, велат за „Плусинфо“ од МВР.

И многу други медиуми ја пренесоа таа вест, а, сепак, е необично што ама баш никој не се обиде да ја провери и да ја продолжи со нови сознанија и така да „залепи“ за себе, својот медиум, нови консументи. Ова само кажува дека трката по ексклузива е толку жестока, што критериумите за вистинитост, особено кога во веста има многу работи кои треба да се потврдат, изостанува, а површноста обично значи дека е доволно да се има само – атрактивен наслов.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

Официјалните органи ја негираат веста

не аплиактивно

друга пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Се работи за тв сторија

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести