verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест не се гради од гласини

on 12 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #247 - 'Kush krisi mbrëmë me kallashnikov në Tetovë_ - Shqipmedia' - www_shqipmedia_com_kush-krisi-mbreme-kallashnikov-ne-tetov

 

Напис: Кој пукаше синоќа со „калашников “ во Тетово?

Пукотници од „калашников“ во Тетово синоќа ги вознемирија граѓаните. Пукотниците се слушнаа околу 20.50 часот и доаѓаа од Мала Речица. Според гласините, од еден автомобил БМВ со скопска регистрација е пукано близу еден локал во оваа населба. Се вели дека станува збор за израмнување сметки меѓу банди. Од полицијата нема ништо официјално до овие моменти./ Шќипмедиа.

 

[Рецензија: „Кој пукаше синоќа со „калашников“  во Тетово?”]

Сериозноста на веста зависи од изворите врз кои таа почива. Доколку веста има цел да биде сериозна и во рамките на професиоалните стандарди, таа не може да се заснова на гласини.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Кој пукаше синоќа со калашников  во Тетово?

Датум и време на објавување: 03.08.2016

Датум на рецензирање: 06.08.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме како главен извор има гласини. Известува за пукотници во градот Тетово, кажува дека пукотниците ги вознемириле граѓаните, но во ниеден момент не се обидува да ги потврди гласините што сака да ги „продаде“ како вест. Наместо да ја аргументира информацијата со некој дополнителен факт, текстот продолжува со, „се вели дека станува збор…“, не давајќи ниеден официјален податок и без да демонстрира макар некаква тенденција да се стигне до нив.

„Пукотници од „калашников“ во Тетово синоќа ги вознемирија граѓаните. Пукотниците се слушнаа околу 20.50 часот и доаѓаа од Мала Речица. Според гласините, од еден автомобил БМВ со скопска регистрација е пукано близу еден локал во оваа населба. Се вели дека станува збор за израмнување сметки меѓу банди. Од полицијата нема ништо официјално до овие моменти.“

Новинарот со право може да постави разни прашања што се во интерес на јавноста, но треба да им најде одговор. Во текстот што го рецензираме се поставува прашањето во насловот, но одговорот не се наоѓа во текстот. Јавноста ја интересираат објективни, точни вести, а не прашања чиј одговор се обидува да им се сервира со гласини. Медиумите треба да бидат извор на вистината, а не извор на гласините.

Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија и Прирачникот, нè учат дека точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе.

„Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е должен да ја докаже информацијата од што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести