verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Клеветнички текст против Мето Колоски

on 1 - 02 - 2017       

 

kurir

[Рецензија: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира]

 

Ова е еден од низата текстови (објавени деновиве во повеќе медиуми) во кој  се напаѓа  претседателот на Обединетата македонска дијаспора во САД – Мето Колоски,  дека е „приврзок на СДСМ“, без да се посочи за какви конекции се работи. И без да се почитува основниот демократски постулат дека совпаѓањето на одредени размислувања на некој човек со друг или со група луѓе, па и партија, е дел од суштествувањето на политиката.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_kЛинк до оригиналниот напис: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира

http://kurir.mk/makedonija/vesti/kolovski-od-omd-tsvrsto-po-taktot-na-sdsm-see-magla-i-manipulira/

Датум и време на објавување:  22.01. 2017  – 10:25

Датум на рецензирање: 29.01.2017

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 

ТЕНДЕНЦИОЗЕН НАПАД

„Тој како нејзин претседател практично до вчера се колнеше во лојалноста и блискоста со администрацијата на Обама, нешто што иако далеку од вистината, на Коловски му користеше во она што најдобро го умее лажно преставување и ползување на лични интереси и бенефиции за тоа, а сега по изборот на Трамп,ја смени лентата, и во стилот на домашен миленик мелез, ја напаѓа администрацијата на Обама за недоволна посветеност кон македонското прашање. Слично како и неговата СДСМ чии претставници се фалеа и стискаа лајкови за номинацијата на Хилари, па откако загуби се први поборници на Трамп. Коловски сакајќи да говори за големи теми а на тој начин додавајќи си на значење, во најновата лична беседа испратена до јавноста се фали како луѓе од администрацијата на Трамп дури биле присутни на маскенбалот кој Коловски го правел за Василица“.

Овој текст не се базира на ниту еден извор за своите „факти“, иако пласира нималку наивни обвиненија дека Колоски има невлијателна организација, дека ја комерцијализира својата функција и дека е своевиден фалбаџија кога станува збор за неговото влијание. Најпрвин, основна забелешка на овој текст, инаку еден вид пасквила (навредлив, клеветнички непотпишан текст упатен кон некого), е дека истиот не дава ниту еден линк кон она што му се припишува на посочниот Колоски. Дали се напаѓа мислење изнесено на социјални мрежи, во весник или, пак, за некаква негова дадена изјава. Она што е нешто поконкретно е дека тој протестирал пред македонската амбасада во Вашингтон, без да се каже кога и што бил поводот!?

 

НАМЕНСКА ВРЕДНОСТ

Треба да се истакне дека тој и околу 50 други Македонци кои живеат во Вашингтон протестирале против аболицијата што ја даде претседателот Иванов на 17 април минатата година, како и илјадници Македонци тука во земјава.

Тоа покажува дека и тие изразиле загриженост за некои политички чекори на власта. Зошто тоа ним треба да им го одземеме тоа право? Зарем треба да ги претвориме нив само во роботи кои требаа да гласаат за една политичка партија по дипломатско-конзуларните претставништва, да организираат средби во САД кога ќе им дојде некое официјално лице од Македонија и да бидат некаков бесплатен лобистички сервис?!

Зошто немало напад врз демонстрантите тогаш и кој е поводот за текстот што се анализира? Многу веројатно тоа е резултат на потребата да не се лутат нашите во дијаспората пред закажание избори! Нашата потрага, инаку, нè донесе до текст на Колоски кој е поврзан со негова анализа на американско-македонските односи за време на претседателствувањето на Обама и за неговите предвидувања за тоа што ќе се случува со новиот претседател кој е доста конкретен, ги изложува предизвиците што сме ги имале со претседателот Обама и она што како задачи треба да си ги зададеме во работата во време на Трамп. Притоа нема ниту некаков изнесен доказ дека тој мисли исто како што мисли СДСМ, а ниту се презентира, пак, што навистина мисли СДСМ по тие прашања од македонско-американските односи, за да се бараат евентуални мостови?!

Во текстот на Колоски под наслов „Од нас зависи“ нема никакво самофалење, оценките се реални, а, впрочем, тие се негови оценки, на што тој има право. Ако тој и неговата организација се небитни, како што се вели во текстот што се анализира, од каде тогаш толкава нервоза?

Веројатно мотивот лежи и е во фактот дека во меѓувреме ОМД издаде соопштение и за актуелната постизборна криза во земјава (види), со која може секој од нас да се согласува, да има спротивно мислење, ама таа содржина напишана од ОМД, која до скоро беше главно истомисленик со власта, ќе биде во контраст со чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на приближувањето до потенцијалниот коалиционен партнер. А тоа може да биде за некого непријатно?!

Текстот кој е непотпишан, објавен е во повеќе медиуми со истоветна содржина и наслов. И тоа говори за неговата „наменска вредност“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема прецизни

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести