verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Поменот на самопрогласениот српски генерал не е вест

on 18 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

Pomenot na Arkan

 

[Рецензија: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)]

 

Веста со која треба да се потсетиме дека во Белград му бил даден помен на познатиот криминалец и воен злосторник Аркан, укажува дека дел од медиумите кај нас кон овој темен лик од поблиската историја на Балканот сè уште негуваат емотивни врски. Преносот на таквата вест, најверојатно од српските медиуми, нема никакво оправдување за третман во тукашната средина.

 

FireShot Capture 39 - СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИo_regionЛинк до оригиналниот напис: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)

Датум и време на објавување:  15.1.2017 – 16:14

Датум на рецензирање: 16.01.2017

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПРИВАТЕН ПОМЕН, ЈАВЕН ИНТЕРЕС?

„Познатата српска пејачка Цеца и двете деца која таа ги има од бракот со  Жељко Ражњатовиќ – Аркан, денеска организираа помен на гробот на генералот кој беше убиен на денешен ден точно пред  17 години.
Убиството врз Акан беше извршено на 15 јануари 2000 година во хотелот ’Интерконтинентал’ во Белград“.

Од овој извадок се гледа дека нема никакво објаснување зошто еден приватен помен би претставувал јавен интерес. Имено, се работи за 17 години од убиството на овој криминалец од прв ранг, што значи не е некоја „тркалезна“ годишнина, а нема ниту некој нов повод (да речеме некое интересно сознание за убиениот или убиецот или нарачателите).

Особено е впечатливо дека авторот на веста се држи до титулата „генерал“ при споменувањето на името на покојникот, иако ниту малку не е јасно зошто е тој носител на највисок армиски чин, ако се знае дека тој раководеше со паравоена единица (!) и самиот си одредил какви еполети ќе си стави! Во вакви случаи, обично во веста се додава дека се работи за самонаречен генерал.

Да се спомене и дека со веста има и видеоприлог од поменот, што дополнително збунува. Трае околу 20 секунди и ни предава само почеток на шематската молитва на попот, па не открива никаков повод зошто е воопшто поставена?

Барем да се кажеше некој збор за тоа кој навистина беше Аркан.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

Написот го сокрива вистинскиот лик на покојникот

Нема релевантни информации за покојникот

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Користењето на зборот генерал ги навредува сите вистински генерали

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести