verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тајни информации добиени којзнае како, a употребени како „артилерија“

on 18 - 01 - 2017       

Republika za plati vo FOOM

[Рецензија: Месечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати]

Текстот презентира информации за приходи на лица кои не земаат плата од државниот буџет, што ја прави презентацијата на вакви податоци неоправдана во поглед на јавниот интерес. Ненаведените извори на информации создаваат сомнежи околу тоа дали презентираните податоци се добиени по легален пат.

Месечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати Република OnlineЛинк до оригиналниот написМесечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати

Датум и време на објавување: 17.01.2017 – 18:32

Датум на рецензирање: 17.01.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

 

НАВОДИТЕ НЕПОТКРЕПЕНИ

Најпроблематичниот елемент на објавата е веродостојноста на наодите, која не може да се провери. Податоците за личните примања на посочени лица се објавени под иницијали, што не го маскира јасниот обид за лична дискредитација под водство на тенденциозниот и на сензационалниот наслов.

„Бруто платата на Ф.К. од Фондацијата СОРОС Македонија за 2014 година износува над 2.000.000 денари, по основ на плати и дополнителни надоместоци. Пресметано по месечни примања, излегува дека приходите по основ на плата изнесуваат околу 170.000 денари“.

Обидот за дискредитација се гледа во тоа што првин се зборува за примањата на посоченото лице, претставено со иницијали, а потоа се наведува функцијата, односно Ф.К. е посочена како актуелен прв човек на фондацијата.

„Ако оваа сума се спореди со просечната македонска плата, актуелниот прв човек на фондацијата за еден месец од СОРОС добива колку што просечен македонски граѓанин му е потребно да работи 10 месеци“.

Спинот насочен кон лична дискредитација е евидентен, бидејќи личните примања на раководителот на Фондацијата „Отворено општество“ во земјава неосновано се ставаат во контекст на просечната плата во земјава. Ваквите споредби држат вода единствено во случај кога се говори за личен приход на вршител на јавна функција или кој било вработен што платата ја зема од народната каса која ја полнат сите граѓани. Во случајов, прозваната фондација ги исплаќа своите вработени врз основа на сопствени критериуми и имајќи предвид дека не се финансира од буџетот на Република Македонија, не постои јавен интерес за ваквата информација, чија веродостојност, да повториме, не може да се провери.

Спинот се шири и кон претходниот раководител на македонското претставништво на Фондацијата, и неговото претставување со иницијали повторно е бесцелно, имајќи предвид дека субјектот е лоциран со откривањето на неговата веќе поранешна функција.

„Довчерашниот прв човек на фондацијата СОРОС во Македонија, В.М. во 2014 година по основ на лични примања уредени со договор, бруто примил без малку 2.700.000 денари или близу 44.000 евра и тоа за само една година. Месечно таа сума изнесува 3.600 евра“.

А ОД КАДЕ СЕ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ?

Освен основното прашање „Па што? Овие лица не се платени од народни пари“, се поставува и дополнително прашање: Од каде се обезбедени информации за лични примања? Дали изворот е официјален или неофицијален? Се создава сомнеж дека имаме откривање на деловна тајна со презентација на информации кои не се од јавен интерес. Од правен аспект, објавата е проблематична и во поглед на заштитата на презумцијата на невиност:

„На платниот список на „Сорос” е и С.Л. сопруга на петтоосомничениот во случајот „Пуч”, Ѓ.Л. Таа во 2014 година од СОРОС добила бруто приходи во висина без малку од 2.500.000 денари. Следната година, тој износ е поголем и е над 2.600.000 денари. Поточно, за само две години заработила околу 82.500 евра“.

Каква врска има финансиската состојба на сопруга на првоосомничен во активен судски случај? Веројатното откривање на деловни тајни проследено со индиректна повреда на презумцијата на невиност се резимира со јасни коментаторски елементи:

„СОРОС во меѓувреме функционира како параполитичка организација, наплатувајќи големи средства на луѓе од нејзиниот платниот список, која дејствуваат како политички субјекти. Меѓу другите кои се јавно изложени на политичката сцена, е и сопругата на еден од осомничените во најголемата афера во последниве 25 години, со која насилно се руши легитимно избрана влада на државата“.

Станува збор за јасен коментар кој создава сомнеж за политичка пристрасност ако се имаат предвид ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а спорни се следниве елемнти:

  • По кој критериум е утврдено дека Фондацијата „Отворено општество“ (правилното име на посочената организација а не „СОРОС“) функционира како политичка организација?;
  • Каде се доказите за исплатите и кој е изворот на информации?;
  • Дали презентираните информации се добиени по легален пат?;
  • Каква врска има вработувањето на посочената сопруга со посочениот обвинет;
  • Како е утврдено дека постои насилно уривање на легитимно избрана влада?

Сè на сè, имаме непрофесионална објава со информации од сомнително потекло, но исто така, освен неоправданата објава на лични податоци кои не ја почитуваат приватноста на посочените личности, индиректно се повредуваат презумцијата на невиност со елементи на политичко навивање и на едностраност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

објавено е логото на ФООМ

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести