verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Наменски врамен текст по мерка на власта

on 14 - 07 - 2015       

http___sitel.com_.mk_zaev-na-popraven-kaj-han-i-nuland-crop-resize

 

[Рецензија: Заев на поправен кај Хан и Нуланд]

 

Станува збор за целосно необјективен, едностран прилог пласиран „во очи“ на посетите на помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, (13 јули 2015 година) и на комесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан, (14 јули 2015 година). Овој материјал го става во негативен контекст претседателот на СДСМ, Зоран Заев, креирајќи перцепција дека високата американска претставничка и еврокомесарот ќе ја насочат „острицата“ на критиките само кон шефот на опозицијата.

http___sitel.com.mk_zaev-na-popraven-kaj-han-i-nulandЛинк до оригиналниот напис: Заев на поправен кај Хан и Нуланд

Датум и време на објавување: 12.07.2015, 16:25

Датум на рецензирање: 13.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

КРИТИКИ САМО ЗА ЗАЕВ!

Тенденциозноста на овој политички пристрасен текст е видлива во самиот наслов: „Заев на поправен кај Хан и Нуланд“. И не само насловот, туку целиот прилог остава впечаток дека на лидерот на СДСМ ќе му бидат „истегнати ушите“.

Всушност, најавата за доаѓањето на двајцата дипломати (Нуланд и Хан) е искористена за уште еден од серијата напади на Заев. Материјалот се повикува на нивните изјави – пораки, но паушално ги толкува и наменски ги врамува по мерка на власта. Така, на пример, повикот на Нуланд од Форумот во Дубровник, во написот се толкува дека е адресиран само до опозицискиот лидер. Притоа како „параван“ се користат анонимни експерти.

А, еве што порача помошничката на државниот секретар на САД:

„Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и за просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност!“

На идентичен  начин – како повик упатен до опозицијата, се третира и изјавата на еврокомесарот Хан:

„Сите партиски лидери треба да запрат да губат време во интерес на земјата, што е на прво место“

 

ПРЕМИЕРОТ НИ Е СУПЕР!

И додека во прилогот се редат критики на сметка на Заев,  премиерот, пак, се претставува во позитивно светло – како конструктивен во преговарачкиот порцес и како исполнителен во однос на барањата на Европската комисија:

„…Груевски, на последната средба го претстави владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеењето на правото што е потребно да се спроведат согласно точката шест од договорот на 2 јуни.“

Сепак, дали на средбите со Нуланд и со Хан ќе бидат испорачани и некакви барања до лидерот на владејачката партија, кој веќе девет години е на чело на македонската Влада? Дотолку повеќе, што извештајот  на  експертскиот тим  на Европската комисија, предводен од поранешниот директор на Директоратот за Западен Балкан, Рајнхард Прибе, на 20 страници идентификува недостатоци во пет сфери, и тоа: следење на комуникациите (прислушувањето), судството и обвинтелството, контролата – надворешен надзор од независни органи, изборите и медиумите.

Но, написот, воопшто не поставува ваква дилема, едноставно не се занимава со „небитни“ прашања!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести