verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово

on 11 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Медиумите секогаш во новинарскиот напис треба да ги претстават двете страни. Новинарите треба да им отстапат простор на инволвираните страни да ги објаснат своите ставови. Притоа, брзањето за да се објават што е можно побрзо вести кои се преземени од портали на други јазици не го оправдува непочитувањето на ова начело.

download (6)

Линк до оригиналниот напис: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово (Написот е во меѓувреме повлечен. Скратена верзија можете да најдете овде)

Датум и време на објавување: 02.07.2015

Датум на рецензирање: 04.07.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Интересот за веста што ја рецензираме е огромен. По настаните во Куманово, јавноста со право сака да биде информирана за деталите. Но, веста е преземена од портал на македонски јазик и е преставена само едната страна. „Поранешната министерка Гордана Јанкуловска нареди да се употребат хеликоптери опремени со бомби, што е во спротивност  со правилата за употреба на пропорционална сила во населено место, како што е Дива населба, оценил поранешниот директор на Управата за безбедност и к0нтраразузнавање, Горан Митевски, во изјава дадена за порталот Кирилица“.

Ставот на поранешниот директор на Управата за безбедност и к0нтраразузнавање е од посебен интерес, бидејќи како поранешен висок функционер, тој може да има информации што ќе побудат интерес кај јавноста и со право неговите изјави претставуваат вест. Меѓутоа, тие ја претставуваат само едната страна, а на текстот му недостига ставот на Гордана Јанкулоска, сега веќе поранешна министерка за внатрешни работи, или, пак, на самото Министерство за внатрешни работи.

Ваквото известување е еднострано. Без разлика на ставовите и на сомневањата на јавноста, сепак веста која содржи обвинување, треба да го отсликува и ставот на тој што се обвинува.

Ако некого обвинуваме за неодговорност, тогаш новинарскиот кодекс нè учи дека треба да им отстапиме простор и ним за да ги објаснат своите ставови, за веста да биде целосна, да ги содржи сите страни и да биде што појасна за читателот.

Ова треба да се направи и кога првичната информација се презема од некој друг медиум. Не е без професионална одговорност медиумот или новинарот кој пренесува информација од друг медиум, без да провери или да се балансира кога е јасно дека веста има потреба од такво нешто.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести