verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Клеветите се недозволени во новинарството

on 14 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Disa media “shqiptare” me pronar maqedonas-final-crop-resize

[Рецензија: Некои „албански“ медиуми со македонски газди]

 

Анализираниот текст содржи клевети, предрасуди и претпоставки. Веродостојноста на овој текст се намалува уште повеќе со тоа што не се знае името на авторот. Потоа, во текстот нема изјави од сите инволвирани страни и, како таков, тој е едностран, тенденциозен и субјективен.

Анализата ќе ја почнеме од насловот. Тој дезориентира и дезинформира, бидејќи понатаму целиот текст се заснова врз претпоставката на авторот дека постојат такви медиуми, без да се понудат релевантни факти за овој навод.

Disa media “shqiptare” me pronar maqedonas-finalЛинк до оригиналниот наслов: Журнал: Некои „албански„ медиуми со македонски газди

Датум и време на објавување: 10.07.2015

Датум на рецензија: 11.07.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Пред да го напише текстот, авторот требало да го има предвид член 1 од Новинарскиот кодекс на Македонија – ЗНМ, кој вели:

Проверката на информациите и нивната точност се морален императив на новинарството, затоа новинарот е должен точноста на информацијата да ја провери од колку што е тоа можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.

Изборот на факти задолжително треба да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се обработува.

Потоа, авторот во првиот пасус шпекулира дека, наводно, Албанците се информираат од портали кои се контролирани преку уредувачката политика на македонските газди. Ова измама и овие клевети на авторот се базираат на фактот дека наведените веб-страници се регистрирани од еден Македонец. Секој професионален новинар, пред да дојде до некој заклучок и тоа да го претстави како вест, треба да се обезбеди дека изворите од кои ги добил информациите се релевантни, дека добро ги разбрал, треба да земе изјави и од инволвираните страни – во овој случај од наведените портали и од Mарнет. Значи, доколку новинарот ја извршил својата работа професионално и без тенденции за етикетирање, ќе дошол до следните информации: техничкото лице што врши регистрација на домените во Maрнет не е секогаш сопственик на порталите. Во овој случај на наведените портали, тој е навистина само техничко лице и никако сопственик. Потоа, од импресумот би дознал дека раководителот на проектите, главните уредници и новинарите, сите се Албанци. Исто така, би дознал дека организацијата што ги спроведува овие проекти се раководи и е основана од Албанец.

Во продолжение, авторот зема изјава од поранешниот директор на Македонската радио-телевизија, кој заклучува дека „кај овие портали само буквите се албански, а мислата им е македонска“. Оваа негова способност да знае како и на кој јазик „мислат порталите“, спаѓа во доменот на паранормалното и нема да го анализираме. Меѓутоа, истиот понатаму шпекулира дeка порталите вршат дестаблизација на општеството со странска агенда. Згора на тоа, тој изјавува дека, наводно, овие портали вршат политичка асимилација на народот. Заклучоци кои во ниту еден дел од текстот не се потврдуваат од релевантни и од стручни извори или анализи. Како такви, овие изјави се користат од авторот на текстот за да ги зацврстат клеветите и измамничките тенденции на написот.

Во продолжение на текстот, преку изјава од истиот соговорник, се апелира „ЕУ да не ги злоупотреби своите фондови за медиуми каде што газдите се Македонци, а вработените Албанци…“ Оваа изјава се користи за да го дезориентира и да го дезинформира уште повеќе читателот дека, наводно, ЕУ ги финансирала наведените портали и повторно дека овие медиуми не се албански медиуми. Овие податоци се невистинити и доколку авторот се информирал во Канцеларијата на ЕУ во Скопје или во Брисел, дури и во самите тие портали, би дознал дека тие не се финансирани од нив.

Текстот завршува со претпоставки и со предрасуди на соговорникот на авторот, но и со повик за цензура дека наводно „недозволиво е на албанските портали да се обработуваат македонски теми“. Во Македонија цензурата е забранета со закон и медиумите се слободни да ги обработат сите теми, секако доколку ова го прават етички и во согласност со професионалните стандарди на новинарството. На пример, една од темите што ја обработува „Сервис за проверка на факти…“ е непрофесионалното новинарство (кое не познава етникуми) и на тој начин придонесува читателот да ги разликува квалитетните информации базирани врз факти и од авторитетни извори.

 

Од „Сервис за проверка на факти во медиумите“ на албански јазик.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести