verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Tри „фелера“ во текст за неверба

on 11 - 07 - 2015       

aaaaa-mircevski sitel-09876-09870-crop-resize

 

[Рецензија: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира]

 

Многу кусо, ова е текст без информативна нишка кој детектираната слабост ја компензира со напаѓачки и со плукачки елементи насочени, пред сè, кон други медиуми. Оттука, конкретниот напис е само нечија продолжена рака во пресметката со неистомислениците.

aaaaaЛинк до оригиналниот напис: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира 

Датум и време на објавување: 06.07.2015, 16:38

Датум на рецензирање: 10.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 Да, се согласувам дека во изминатиот период имаше наплив од разно-разни информации поврзани со продолжувањето на преговорите за надминување на политичката криза. Да, точно е дека дел од тие информации не беа проверени или, пак, точни. Но, клучното прашање е зошто еден медиум ја презема улогата на судија во некаков си замислен процес против други медиуми? Која е потребата да се издигнуваш над другите и да кажуваш дека тие „лажат“ и „пристрасно известуваат“, бидејќи со употребата на такви формулации токму овој напис покажува дека самиот е пристрасен, се разбира, за другата страна во политичкиот процес. Дополнително, намерно се бележат и стигматизираат медиуми како „опозициски“ или „соросови“, иако дел од нив не добиваат пари од таа фондација и иако критичката настроеност кон Владата по автоматизам не ги прави „опозициски орудија“. Но, тоа е подлабок проблем и манифестација на неразбирање на концептот дека ако си против некој, не значи и дека си со некој. Ова е „фелер“ број еден. Назад кон материјалот – има и друг сериозен втор „фелер“, а тоа е отстутвото на какви било јасно прецизирани извори. Се споменуваат некакви си „експерти“ и „медиумски експерти“ , ама не знаеме кои се тие. Аман веќе од ваквите затскривања на, најверојатно, партиски информатори зад фасадата на „експерти и познавачи“ што се поткрепува со фактот дека речиси истоветен напис се појави и на друг медиум со слична уредувачка политика. Ако некој смета дека одредени медиуми лажат и погрешно информираат, тогаш нека излезе и тоа јавно го каже, притоа јасно аргументирајќи ги таквите тврдења. Како во овој случај публиката да поверува дека на некои не треба да им верува:

„Според медиумските експерти, ваквото дезинформирање води до трајно паѓање на довербата кај граѓаните во овие медиуми кои сакајќи да одработат за СДСМ го рушат својот кредибилитет.“

Кредибилитетот тешко се гради и тој зависи од јавноста, а не од анонимни експерти и вакви заклучоци. Затоа, треба на читателите да им се остави сами да си го градат односот кон конкретни медиуми, а не со „мегафон“ да им се труби в уво што и како треба да мислат. Овој аспект, пак, нè води кон третиот „фелер“, а тоа е исклучително коментаторскиот пристап. Да бидеме искрени, в рака имаме коментар, а не информација. Безмалку да нема реченица која не е некаков си осврт, или по грбот на медиумите, или по грбот на опозицијата.

„Постојано објавуваат лажни информации околу преговорите за надминување на политичката криза. Измислуваат дека ќе се случат лидерски средби кои не се предвидени. Соросовите медиуми, според експертите, останаа без кредибилитет поради постојаните лаги и пристрасното известување.“

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ – член 13 од Кодексот на новинари.

 

ЗА ДА ФРЛИШ КАМЕН КОН НЕКОГО, ТРЕБА САМИОТ ДА БИДЕШ БЕЗ ГРЕВ

Понатаму, се инсинуира дека посочените медиуми што „лажат“, за време на акцијата во Куманово намерно известувале за „цивилни жртви и полициска бруталност“. За да бидеме коректни, треба да кажеме дека на 9 мај 2015 година, информациите за настаните во Куманово беа конфузни и дека дел од амбасадите споменуваа жртви, а истите тие соопштенија ги пренесоа и медиуми кои, според овој текст, не се во групата „соросоиди“ и „опозициски“. Значи, имаме јасна тенденциозност и непрецизност во овој материјал, секако и повторно, обоена со партиска боја.

Конечно, медиумите треба да информираат, а оцените за работата на колегите да им ги остават на меродавното еснафско здружение и на публиката, зашто за да „фрлиш камен кон некого, треба самиот да бидеш без грев“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

и да и не

извитоперени

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести