Рецензии

Непочитување на плурализмот на идеи и на ставови

на 28. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Скандалозно интервју на Заев ги открива неговите планови]

  Рецензираме кратка вест која според датумот и времето на објавување е почеток на канонада во провладините медиуми против лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, само затоа што во интервјуто на косовската телевизија слободно го искажал своето мислење околу потребата граѓаните на Македонија да го научат и aлбанскиот јазик. Веста отвoра дилема дали граѓаните кои не се Албанци, а зборуват или учат албански се антимакедонци. Линк до оригиналниот напис: Скандалозното интервју на Заев ги открива неговите планови Датум и време на објавување: 24.05.2015, 16:04 Датум на рецензирање: 26.05.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ФАБРИКА ЗА „НЕПРИЈАТЕЛИ“

Препознатлив по масовно производство на непријатели, медиумот со овој текст му го ускратува на

Вест убиена во поим

на 28. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Физички нападнат кратовчанец пред неговиот стан]

  Овој материјал може да се земе за пример, и тоа за во учебник, за тоа како треба една вест да се „убие“. Информацијата, од црната хроника е „бомба“, ама таа е така „стручно затапена“ преку исклучиво пренесување на полицискиот билтен, што публиката, ако претходно не ја знаела новината, од понудентото никако не би можела да заклучи дека станува збор за физички напад врз новинар. Можеби тоа и било намерата – јавноста да (не) се информира дека е претепан новинар познат по своите антивладини ставови. Линк до оригиналниот напис: Физички нападнат кратовчанец пред неговиот стан Датум и време на објавување: 23.05.2015, 13:05 Датум на рецензирање: 26.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ВЕСТ ЗАТАШКАНА

Неуверлив обид за спинерско манипулирање со „Фејсбук“

на 28. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Шекеринска разочарана од посетеноста на протестот, објавува фотографии кои не се од Скопје]

  Не докрај промислен и прилично неуверлив обид за спинерско манипулирање со фејсбук-профилот на потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска, би била куса дефиниција на писанието што го рецензираме. Објавените фотографии, поточно три меѓусебно контрадикторни скриншот-кадри од наводни фејсбук-статуси на Шекеринска поврзани со големиот антивладин протест што се одржа во Скопје на 17 мај, требаше да го уверат читателот дека таа манипулира со бројот на учесниците на митингот, но тоа е направено на така невешт начин, што крајниот ефект е спротивен – читателот не само што не е убеден дека Шекеринска ги мами своите фејсбук-пријатели, туку може да ги види и фотографиите и статусот

Не одлета Шекеринска, туку одлета новинарската професионалност

на 28. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа]

  Сензационален наслов за сензационален и манипулативен текст. Ексклузивно: СДСМ кампува, Рада одлета! Тука ексклузивно се прашуваме: Па што ако Рада одлетала? Ова е класичен пример за тоа како во недостиг на конкретни и на проверени информации, новинарите манипулираат со фактите и на јавноста ѝ создаваат погрешна слика. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа Датум и време на објавување: 22.05.2015 Датум на рецензирање: 25.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Вечер ексклузивно дознава дека Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштија Македонија преку аеродромот Александар Велики на летот утринава во 5.50 часот за Загреб. Дали нивната крајна дестинација е Загреб, засега немаме информации,

Држење на темата на руска рингла

на 26. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тајна мисија на ОБСЕ престојувала во април во Македонија?]

  Во пошироката новинарска јавност, предизвика изненадување насловот што се појави и кој е предмет на рецензијата. Најнапред, мора да се истакне дека се работи за актуелна тема, која заслужува внимание – тоа е впрочем текст кој претставува поширока презентација на една опсервација на рускиот министер за надворешни работи Лавров за Македонија. Се работи за негов настап во Советот на Руската Федерација на 20 мај. Во говорот Лавров „обзнанува“ некаква тајна мисија на членови на ОБСЕ, кои дошле во земјава во април и вршеле непримерен притисок врз премиерот Груевски, како да ја реши внатрешната криза. Тоа е говор кој се базира на една базична невистина – мисијата не е

Петпарачко четиво за задоволување ниски страсти на политички кругови

на 25. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Најголемиот поддржувач на СДСМ-Фуере, сака во Македонија да има истополови бракови!]

  Имаме медиумско оцрнување на поранешен дипломат, акредитиран во земјава, едноставно само поради неговите ставови кои недвосмислено се спротивни на тие на владејачката партија. Во оваа „мисија“, толку многу се измешани работите, што намерно што од незнаење, што е тешко да се пофаќаат конците на приказната која ѝ се „обелоденува“ на јавноста, а која во основа нема каква било вест, новина за да го оправда своето постоење во серија „информативни“ портали. Она што публиката го добива е чисто и неаргументирано плукање на личност која, ако ништо друго, е и ќе остане позната токму поради своите нескриени симпатии кон Македонија. Линк до оригиналниот напис: Најголемиот поддржувач на СДСМ-Фуере,

„Фали ме усто…“ 

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник]

  Овој текст многу наликува на народното „Фали ме усто…“ Навистина, толку комплименти на едно место, ситуацијата дури те тера да се замислиш да не станува збор за некаков си медиумски автопортрет. Како да имаме работа со совршен, без мани човек, а не со македонски политичар од крв и од месо. Сликата за конкретната личност што ни се нуди е толку убава што чиниш дека е домашна „Мона Лиза“. Линк до оригиналниот напис: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник Датум и време на објавување: 22.05.2015, 14:42 Датум на рецензирање: 24.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Ако се чита само првиот дел од текстот, тогаш проблеми и да нема. Се обработува

ТВ-прилог: Кој и зошто ги заборавил правилата на новинарската професија?

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата]

  Овој текст спинува од почетокот до крајот. Притоа го омаловажува едниот камперски протест на сметка на другиот. Исто така, во ниту една реченица нема доказ за тоа што го тврди. Значи, нема извор, нема објективност, а е објавен на медиум кој себе се декларира како професионален. За тоа да биде, сепак, мора да ги има сите новинарски познати стандарди прифатени од светската новинарска елита. Линк до оригиналниот напис: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата Датум на објавување: 21.05.2015, 5:08 Датум на рецензирање: 22.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОПАГАНДА

„Пред Владата меѓу присутните најбројни се административци од Струмица и Центар. Иако платени од граѓаните

Наместо фотовест – фотоманипулација

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот?]

  Манипулација, тенденциозност, нескриена пристрасност, обид за медиумска саботажа. Зошто? Затоа што станува збор за текст што третира собир организиран од опозицијата. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот? Датум и време на објавување: 17.05.2015  15:10 Датум на рецензирање: 21.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ФОТОВЕСТ? НЕ! ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА! Наместо фотовест имаме фотоманипулација. Поточно, ова е обид за медиумско спинување на протестот што го организираше опозицијата со тоа што во пресрет на собирот цела низа портали и весници пласираа вест дека СДСМ сака со „посебни технички мерки“ да создаде впечаток дека ќе има повеќе народ отколку што навистина ќе бидат присутни. Значи, омеѓувањето на просторот каде ќе се одржи протестот,

Телевизиски прилог ли е, судска пресуда ли е?

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои ја тепаа полицијата]

  Рецензираме прилог со кој се најавува почетокот на судскиот процес против девет лица, кои беа приведени во протестите што се одржаа пред Владата на 5 мај, но тоа се прави на непрофесионален начин. Иако судењето допрва треба да почне, овој необјективен материјал си дава за право да „суди“ дека токму тие се личностите што „ја тепаа полицијата“. Притоа, ги квалификува како „насилници“ и, макар што нема докази дека се членови на најголемата опозициска партија, ги етикетира дека се од СДСМ. Тенденциозноста е особено видлива во некоректниот наслов, во кој непотврдени обвинувања се пласираат како стопроцентна вистина. Линк до оригиналниот напис: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои