verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непочитување на плурализмот на идеи и на ставови

on 28 - 05 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-098-Скандалозното-интервју-на-Заев-ги-от-crop-resize

 

[Рецензија: Скандалозно интервју на Заев ги открива неговите планови]

 

Рецензираме кратка вест која според датумот и времето на објавување е почеток на канонада во провладините медиуми против лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, само затоа што во интервјуто на косовската телевизија слободно го искажал своето мислење околу потребата граѓаните на Македонија да го научат и aлбанскиот јазик. Веста отвoра дилема дали граѓаните кои не се Албанци, а зборуват или учат албански се антимакедонци.

FireShot Screen Capture #098 - 'Скандалозното интервју на Заев ги отЛинк до оригиналниот напис: Скандалозното интервју на Заев ги открива неговите планови

Датум и време на објавување: 24.05.2015, 16:04

Датум на рецензирање: 26.05.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ФАБРИКА ЗА „НЕПРИЈАТЕЛИ“

Препознатлив по масовно производство на непријатели, медиумот со овој текст му го ускратува на Зоран Заев основното со Устав гарантираното право на слободата на говорот, јавниот настап, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата (Член 16 на Уставот).

За авторот што се потпишал под текстот е скандалозно и самото размислување на Заев дека би било корисно за мултиетничка средина каква што е Македонија децата низ образовниот процес да го научат и албанскиот јазик, јазик на втората по големина ентичка заедница во Македонија. Идејата која на социјалните мрежи доби широка поддршка од граѓаните.

„Срамни скандалозни и антимакедонски се изјавите на Зоран Заев во интервјуто за косовската телевизија, коментираат експертите.“

 

ДОЛЕВАЊЕ МАСЛО НА ОГНОТ

Тезите дека Заев со ова интервју ги поткопува темелите на македонската држава и дека е тоа негово сценарио и план за разнебитување на Македонија ниту се издржани, ниту се поткрепени со факти, туку се измислена конструкција во полза на владејачката партија за сатанизација и за дискредитација на политичкиот противник.

Секој напишан збор во овој текст заслужува широка опсервација и елаборација и врз основа на тоа може да се каже дека не изјавата на Заев, туку овој текст, подготвен во машинерија за призводство на непријатели, е скандалозен. Затоа што една сосема легитимна и корисна идеја од лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, искажана како размислување во интервју на косовската телевизија, се сатанизира и се долева масло на огнот во многу чувствителен миг во кој живее државата. Текстот е директно во функција на создавање меѓуетнички тензии.

„Според нив, обидот за додворување во албанскиот политички блок за сметка на македонскиот национален интерес е копање под дното на македонската политика.“

 

ЧИТАЊЕ МИСЛИ

Авторот, за докрај да го дисквалификува политичкиот противник на опцијата што ја подржува, понатаму ги „чита мислите и ги открива плановите“ на Заев и ја пронаоѓа точката на која Македонците се најчувствителни. Му импутира дека мултикултурализмот за кој лидерот на опозицијата зборува како за важен елемент за релаксирање на меѓуетничките односи, е комплетно негирање на македонскиот идентитет во преговорите за името и федерализација на државата. Теза која нема никаква врска со она што Заев го зборувал во интервјуто на косовската телевизија.

Медиумот јавно истапува и се противи на идејата која може само да оди во прилог на смирување на состојбата во државата, развој на демократијата и унапредување на меѓунационалните односи и на развојот на мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално македонско општество. Го сатанизира учесникот во интервјуто и не му го почитува правото слободно да го каже она што го мисли.

Не е испочитуван основниот принцип на однесување на Кодексот на новинарите на Македонија кој вели :

Следејќи ја својата улога во градење на демократското и цивилното општество новинарот ќе го почитува плурализмот на идеите и ставовите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести